Планирам само да слушам на... некое подрачје (нели, немам лиценца, автоматски немам право на говор).
Најдобро е да почнеш да слушаш преку интернет бидејки тоа е ем бесплатно ем ке си видиш дали те влече. Значи се работи за радио приемници лоцирани скоро секаде во светот кои се поврзани на интернет и прават директен аудио стриминг а секако ти од компјутер задаваш фрекфенција и модулација и слушаш. Радиоаматерските подрачја кои можеш да ги слушаш преку овие радио приемници се се во опсеите 1,8MHz (160m); 3,7MHz (80m); 7MHz (40m); 10MHz (25); 14MHz (20m); 21MHz (15m); 28MHz (10m) а модулациите кои ги користат радиоаматерите се LSB, USB, CW (телеграфија) и по некој дигитален мод на работа. За LSB/USB треба да наместиш точно на фрекфенција за да добиеш нај реален глас на тој што го слушаш. Таква листа на приемници се e оваа:
http://www.websdr.org/
Горе одбираш бандoт па регионот за да ги ги селектира по фрекфенции и региони или одтаваш така како што е за сите приемници да ти ги прикаже.
Иначе нај популарен е овој приемник лоциран во Холандија
http://websdr.ewi.utwente.nl:8901/
Имам емиувано со радио станица а се имам слушано преку овој приемник.
Друга варијанта за слушање е да набавиш радио скенер, ако си заинтересиран може да објавам во ФБ групата на македпнските радиоаматери (Радиоаматери-Македонија) па ке најдеме нешто.
Ова се што пишав е за радио фрекфенции на кратки бранови, иначе радиоаматерите користат и 144-146MHz и ретко 432-438MHz, во овие опсези најчесто се емитува FM модулација, а со по скапа опрема може да се емитува и LSB/USB каде се остваруваат и подалечни врски а секако може и телеграфија (CW)
Преку ebay има рачни радио станици што поддржуваат 144-146 и 432-438 за некоја мала сума на пари од 1500 или 2000 денари и се одлични. Има хејтери по ваквите радио станици ама сето тоа е од завист, врвните радиоаматери што се во државава, значи правите радиоаматери ги одобруваат и ги прифаќаат евтините радио станици кои се продаваат на секаде во светот вклучувајки и во САД и ЕУ.
И сега, не сакам да купувам нешто на ново, арно ама, сакам да дадам определена сума на пари и да купам... нешто квалитетно... нешто што би ми вршело работа и кога би го положил испитот и би добил повикувачки знак. Значи, нешто што би било „универзално“ (за многу опсези и типови на модулација), квалитетно и би ми ги задоволило „апетитите“
За радио станица на кратки бранови до 100W можеш да најдеш на старо за некој 400-600 евра зависи од моделот и со сите модови на работа и фрекфенции од кратки бранови па се до 144-145 и 432-438MHz. На ново ваквите станици ги има и за 750-1000 евра па и повеке. Купувањето е исклучиво во странство, тука нема каде да купиш краткобранова станица на ново.
За на старо радио станица која ги поддржува
барем за наредните 4, 5 години (како што ќе напредуваш, ќе сакаш да си ја надградиш опремата нели , значи да е и релативно лесно надградливо до некаде). Не сакам да е нов уредот, би сакал да е нешто на старо, по можност комбирано (дигитална контрола, аналогно се останато)... што да земам? Еве, наведете, брендови, модели, достапност кај нас, итн. .
Кај радиоаматеризмот не се менуваат толку брзо модите
така да една радио станица со повеке бандови и модови на емотување и доста ти е
едино после може да набавиш друга опрема како антенски тјунер, WATT SWR метар и сл. додатоци.
Да напоменам дека радиоаматерите работат и на бандовите од 50, 70 и 1296 MHz. Но сепак нај популарни се убедливо кратките бранови а по кратките бранови мал број на радиоаматери кои емитуваат на VHF.
Друго што те интересира слободно прашај