Author Topic: Најнова или постара половна радиостаница?  (Read 2324 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Најнова или постара половна радиостаница?
« Opened on 23.02.2017, Thursday, 02:28:47 (Edited 23.02.2017, Thursday, 02:36:37) »
          Радиоаматерот прави избор на радиостаница за која мисли дека ќе ги задоволи неговите потреби. Тука играат улога и финансиите, можностите, искуството и така натаму. Но во оваа тема ќе ги занемарам финансиите. Каква радиостаница би одбрале вие? Најнова технологија или малку постара, 15-20 години стара?
          Новите радиостаници од брендот на Yaesy, Icom, Kenwood стигнаа на ново да бидат евтини како кинеските радиостаници.


1200$ произведена 2016

Пред 20 години за најнов уред се даваа и по 7000$, а сега цената во споредба со тогаш е многу мала. Што ни дава овој нов уред што не ни дава некој постар од средната генерација?


FT-1000mp, произведена во 1995та. На саем во Фридрихсхафен ја видов по цена од 800 evra 22 години стара. Одлична радиостаница која и денес ја користат еден куп DX-ери.

        
       Постарите типови на радиоуреди можат да се сервисираат и поправаат многу полесно и поевтино отколку најновите. Со постарите типови на радиостаници кои имаат излез од 100 вати, ќе стигнете исто толку колку и најновите со иста моќност.
Од поновите типови на радиостаници добри се FT-897D, FT-857, FT-819, FT-450, kenwood 950sdx, kenwood TS-2000, kenwood TS-940 icom IC-718, Icom IC-706....и слични на нив.

Исто мислење имам и за останатите брендови од познатите производители. Значи независно од цената, да претпоставиме дека се иста цена. Каква би одбрале вие?

Ваква?



или ваква?



Сакам да водиме мала дискусија околу избор на радиостаница, независно од цената и независно од нашите можности. :)
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Најнова или постара половна радиостаница?
« Reply #1 on 23.02.2017, Thursday, 06:33:36 (Edited 23.02.2017, Thursday, 06:35:29) »
Ајде, еве вака, бидејќи јас не сум навлезен во овие работи, би сакал да го знам следово.

Планирам само да слушам на... некое подрачје (нели, немам лиценца, автоматски немам право на говор). И сега, не сакам да купувам нешто на ново, арно ама, сакам да дадам определена сума на пари и да купам... нешто квалитетно... нешто што би ми вршело работа и кога би го положил испитот и би добил повикувачки знак. Значи, нешто што би било „универзално“ (за многу опсези и типови на модулација), квалитетно и би ми ги задоволило „апетитите“ барем за наредните 4, 5 години (како што ќе напредуваш, ќе сакаш да си ја надградиш опремата нели ;), значи да е и релативно лесно надградливо до некаде). Не сакам да е нов уредот, би сакал да е нешто на старо, по можност комбирано (дигитална контрола, аналогно се останато)... што да земам? Еве, наведете, брендови, модели, достапност кај нас, итн. ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Доколку сакаш да слушаш само, ти препорачувам краткобранов приемник. Не се сложени за работа, треба само основно познавање колку да можеш да го наштимаш на одредена фреквенција. И jас почнав така со краткобраниви приемници, па влезе чивијата. Која марка е најдобра од приемници? Сите од познатите брендови. Тие три што ги имам се одлични, стари се многу но сепак Solid State.
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Планирам само да слушам на... некое подрачје (нели, немам лиценца, автоматски немам право на говор).
Најдобро е да почнеш да слушаш преку интернет бидејки тоа е ем бесплатно ем ке си видиш дали те влече. Значи се работи за радио приемници лоцирани скоро секаде во светот кои се поврзани на интернет и прават директен аудио стриминг а секако ти од компјутер задаваш фрекфенција и модулација и слушаш. Радиоаматерските подрачја кои можеш да ги слушаш преку овие радио приемници се се во опсеите 1,8MHz (160m); 3,7MHz (80m); 7MHz (40m); 10MHz (25); 14MHz (20m); 21MHz (15m); 28MHz (10m) а модулациите кои ги користат радиоаматерите се LSB, USB, CW (телеграфија) и по некој дигитален мод на работа. За LSB/USB треба да наместиш точно на фрекфенција за да добиеш нај реален глас на тој што го слушаш. Таква листа на приемници се e оваа:
Code: [Select]
http://www.websdr.org/Горе одбираш бандoт па регионот за да ги ги селектира по фрекфенции и региони или одтаваш така како што е за сите приемници да ти ги прикаже.
Иначе нај популарен е овој приемник лоциран во Холандија
Code: [Select]
http://websdr.ewi.utwente.nl:8901/Имам емиувано со радио станица а се имам слушано преку овој приемник.

Друга варијанта за слушање е да набавиш радио скенер, ако си заинтересиран може да објавам во ФБ групата на македпнските радиоаматери (Радиоаматери-Македонија) па ке најдеме нешто.

Ова се што пишав е за радио фрекфенции на кратки бранови, иначе радиоаматерите користат и 144-146MHz и ретко 432-438MHz, во овие опсези најчесто се емитува FM модулација, а со по скапа опрема може да се емитува и LSB/USB каде се остваруваат и подалечни врски а секако може и телеграфија (CW)

Преку ebay има рачни радио станици што поддржуваат 144-146 и 432-438 за некоја мала сума на пари од 1500 или 2000 денари и се одлични. Има хејтери по ваквите радио станици ама сето тоа е од завист, врвните радиоаматери што се во државава, значи правите радиоаматери ги одобруваат и ги прифаќаат евтините радио станици кои се продаваат на секаде во светот вклучувајки и во САД и ЕУ.

И сега, не сакам да купувам нешто на ново, арно ама, сакам да дадам определена сума на пари и да купам... нешто квалитетно... нешто што би ми вршело работа и кога би го положил испитот и би добил повикувачки знак. Значи, нешто што би било „универзално“ (за многу опсези и типови на модулација), квалитетно и би ми ги задоволило „апетитите“

За радио станица на кратки бранови до 100W можеш да најдеш на старо за некој 400-600 евра зависи од моделот и со сите модови на работа и фрекфенции од кратки бранови па се до 144-145 и 432-438MHz. На ново ваквите станици ги има и за 750-1000 евра па и повеке. Купувањето е исклучиво во странство, тука нема каде да купиш краткобранова станица на ново.

За на старо радио станица која ги поддржува
барем за наредните 4, 5 години (како што ќе напредуваш, ќе сакаш да си ја надградиш опремата нели ;), значи да е и релативно лесно надградливо до некаде). Не сакам да е нов уредот, би сакал да е нешто на старо, по можност комбирано (дигитална контрола, аналогно се останато)... што да земам? Еве, наведете, брендови, модели, достапност кај нас, итн. ;).

Кај радиоаматеризмот не се менуваат толку брзо модите :) така да една радио станица со повеке бандови и модови на емотување и доста ти е :) едино после може да набавиш друга опрема како антенски тјунер, WATT SWR метар и сл. додатоци.

Да напоменам дека радиоаматерите работат и на бандовите од 50, 70 и 1296 MHz. Но сепак нај популарни се убедливо кратките бранови а по кратките бранови мал број на радиоаматери кои емитуваат на VHF.

Друго што те интересира слободно прашај :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво- колку пари  – толку музика! Од постираното – самo ICOM 745 /751.Се има на него.Дури ме радува што има аналоген SWR метар со многу функции . Бирањето може да биде со скенирање , значи дигитално, ама и рачно,  од предностите – евe да речем 745 има добри, веќе вградени филтри за CW, RIT, NOCH filtar,можност за вградување  електронски тастер.Можеби 100 вати некому се малку, но верувајте се доволни,ако имате добра антена.
Значи Гига – услов е да имаш простор ( во стан потешко!) во и околу зградата, простор за антена и секако добри комшии.Сега со DVBT приемниците е полесно,но со кабелциве можеш да имаш проблем ,ако влезеш во некој нивни систем.
И никако почеток на интернет! Само директно на банд! Да си наместиш  антена, да пробаш ва му или таму, да чуеш  шум , да разликуваш  dx сигнали, fading , да сватиш како  функционира врската итн.
И не можеш сам! Ти треба помош од поискусен дури влезеш во* штос*. Надградување дури откога ќе сватиш како се функционира.Од надградбите препорачувам помоќна антена, линеарец ,кутија за антенско прилагодување. Прво помини ги 3,5/7/14  Mhz на КТ и тоа претежно SSB/CW. За учење почетници не е UHF/VHF.
Одвои за почеток пари за уред + антена ( 500-1000 ЕУ) и почни да слушаш.Потоа научи како се работи на опсег, положи класа, па тастерот и микрофонот во рака. И биди секогаш џентлмен!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ОК, горе долу, сватив како оди работата ;). Се сложувам со batka, мислам дека најдобро се учи „на терен“... во корелација со добра литература (теорија) ;). И да, се разбира, не ни помислувам да се приклучам на разговор пред да положам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Новите радиостаници ќе ни решат проблеми со кои што нема да се сретнеме никогаш. Што ќе ти е Firmware update? Или тач скрин? Имам читано по интернет дека најновите генерации на радиостаници, како погоре постираните јавуваат и проблеми. Пред се премногу се нежни, а и со фирмверот идат некои проблеми. Еден после инсталирањето на нов фирмвер, имаше проблеми со дисплејот, на друг наместо 100 вати на излез му даваше 60 вати, а на трет звучникот не му работеше, морал само со слушалки да работи. И не само тоа. Ако се расипе, нема поправање, микроелектроника.
Постарите радиостаници даваат одличен сигнал, поотпорни се и лесно се поправаат, секако и поевтино е нивното одржавање.
Се согласувам со @batka, Icom IC-751 е страшна радиостаница, корисник сум на таков модел и можам да речам дека го има све она што на радиоаматерот му треба. Не е сложена за работа, не е наџиџана со непотребни работи, туку само основните функции кои се потребни за секој радиоаматер Нема непотребни функции со кој нема да се сретне радиоаматерот. 100 вати се доволни со добра антена. Кога сме веќе кај 100 вати, порано со FT-101Z ја одработив Јапонија, Аустралија, Саудиска арабија, Казахстан, Израел и така натаму. FT-101Z е лампаш кој има одличен приемник, дури и подобар од најсовремените радиостаници.

По мене, не е потребно да се купува најнова радиостаница, Не верувам дека по 30 години уште ќе бидат во одлична состојба, како постарите модели.
Тоа е мое мислење, но не мора да сум во право, затоа сакам да случнам и други мислења
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Z31GH исто мислење како тебе имам тотално исто браво за темава одлична е  8) :) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш