Author Topic: Радиоаматерски новости  (Read 68780 times)

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
За време на изминатиов викенд на Водно беше поставен нов репетитор R5 UHF.
Code: [Select]
RU-5 Водно
фрекфенции TX/RX : 434.725/433.125
output : 10W
опрема: -Моторола
        -antenna 5db Gain
QTH locator : KN01QX
Првичните тестови покажаа повеќе од задоволителни резултати и беа остварени врски помеѓу радиоаматери од Скопје, а беа користени рачни примо-предавателни станици со многу ниска моќност од само 50mW. Исто така беше направена и радио врска и со радиоаматер од Куманово, кој исто така користеше рачна примо-предавателна станица овој пат со 4W. Ова се одлични резултати доколку се земе во предвид дека е работено со мали снаги и rubber duck (пендрек) антени, во UHF браново подрачје.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Честито нека е! Ова е за пофалба! Браво и нека се множат репетиторите низ државава!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Го поздравувам поставувањето на UHF репетиторот. Искрено досега не ми беше интересно ова подрачје бидејќи само мал број радиоаматери го работат ова подрачје, а и од Битола до Скопје на симплекс....тешко. Тука спаѓа и фактот дека на 432 Mhz на FM без репетитор практично беше невозможно од Битола да се направи врска со Скопје, Куманово, Тетово итн. (Тоа е според мене, доколку грешам поправете ме) Меѓутоа во последно време почнав теоретски да го проучувам ова подрачје и верувам дека во иднина ќе треба малку повеќе да поработам и да набавам опрема за UHF. 432 Mhz е интересно подрачје и поставувањето на овој репетитор на секој радиоаматер треба да му даде инспирација да работи и на таа фреквенција. Во секој случај одлична работа, и се надевам дека во иднина ќе има и повеќе вакви репетитори.
Hams do it! With Frequency

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Така е UHF не може никогаш да поминува како VHF.VHF има поголем домет но и UHF за во рурална средина поминува добро а VHF бранот поминува поубаво на отворено за разлика од градска средина.Секоја чест и браво што и во Македонија се постави UHF интересно подрачје за работа си има и тоа свои предности помали антени.Секоја чест за поставувањето сега и Македонија има UHF репетитор. :D :D :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да, дефинитивно на понискит фрекфенции има поголем домет во рурални подрачја. Не за џабе мобилните оператори поставуваат базни стници на 800 MHz за LTE  и 900 MHz за UMTS во рурални подрачја и 1800 MHz за  LTE и 2100 MHz за UMTS во урбани подрачја.
Иначе има и LTE на 2600 MHz ама тоа е изгледа за ептен густо населени подрачја какви што немаме видено :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Така е затоа и го кажав тоа драго ми е што DX-er се сложи.Затоа и таксистите кој се локални низ градот работат во UHF подрачјето само.И некои други служби си работат во UHF подрачјето.Но тука е и PMR и LPD кој исто работат во UHF за кратки цели мислам некој службени муабети меѓу работницине во зградине на пример.А затоа пак АЕК за работата на некои служби одредила VHF како шумската полиција на пример и ред други служби.Секако радиаматерите како најзаслужни си имаат секаде фреквенции за работа. ;D ;D :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Поставен репетитор RU-5 на Водно
« Reply #21 on 26.12.2014, Friday, 20:19:06 (Edited 26.12.2014, Friday, 20:20:44) »
Убаво е што се поставуваав нови репетитори, но проблемот е што во оваа држава единствена во свет каде не може да се купи радио станица. Нема од каде, никој не увозува...... едно време во една фирмичка имаше само еден модел на рачна станица која поддржуваше работа на 144МХз и беше изгор скапа, мислиш дупло поскапа, тоа ти е исто и како да ја нема во продажба. Сега ке мора специјално да идам во Солун по радио станица. Да ама сам? Па како кога ке излезам од продавница ке ја пробам дали е во ред? Нели сепак друга држава е тоа, треба да се провери на време а не кога ке се стигне дома. Значи треба да идам со некој радиоаматер. После радиоаматеризмот умирал, епа како кога нема од кај да се купат станици??? Често ке ми речат, има на оглас... побарај. Само ФАЛА може да им речам на советот, стара станица НЕ КУПУВАМ со дотраена батерија и дотраен излезен степен, може е користена при висок SWR. Башка што нашиве луѓе често пати се нелуѓе, бидејки продаваат нешто само ако е со некоја маана (особено скриена ако е) или ако е стар модел или ако не им се допаѓа, и тоа по цена онаква каква што ја купиле во продавница.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@DX-er
Може да се купи радиостаница од Македонија. Во Битола има некој локален претставник за моторола, имаат и сервис, а може да се нарача и од кај нив. Ако тоа го има во Битола, во Скопје мора да има. Мислам дека генерални претставници за Моторола се „Гиза„, имаат и веб страна. Секако тие се нови станици, но се изгор скапи. Моторола не се радиоаматерски станици иако ги имаат радиоаматерските бандови, ние таквите станици ги нарекуваме „Комерцијани„ но ок се и немаат мана.
Што се однесува до половните рачни радиостаници, според мене и тие во најголем дел се во ред. Јас купив две половни Мотоорола GP300 од еден радиоаматер од Скопје, изгледаа како нови, сепак дотраени батерии и купив нови. Јас во секој случај ако купувам половна радиостаница, купувам само од радиоаматер, а не од таксист. Радиоаматерот според ХАМ СПИРИТ не смее да те измами и да ти продаде нешто што не чини. Јас од тие две радиостаници сум презадоволен.

еве ти од гиза страна, ново ама скапо, сепак вреди.

Code: [Select]
http://www.giza.com.mk/
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Епа за таа фирма се однесуваше тоа што го пишав, башка немаат радиоаматерски станици, не сакам моторола, сакам Yaesu, I-com или Kenwood.
Чим може во грција да се најде dual band станица од некој од овие производители за 100-150 евра, тогаш нереално е кај нас истата да се наплаќа дупло повеќе.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Пред некој ден дојдов до инфо дека во Македонија има околу 400 издадени валидни радиоаматерски дозволи. Инфото е од податоци ажурирани во последниве 6 месеци.Така да радиоаматеризмот и не е дека баш изумира. Незначи тоа што нема многу радиоаматери на репетиторската мрежа, дека радиоаматеризмот изумира. Радиоаматерите не се само на UHF и VHF или баш само на репетитори. Има и такви кои сакаат КТ, па конструкторсво ... Ова хоби има многу дисциплини. Земете го пример Z31GH. Го има во многу области, што репетитори, што натпреаври во КТ, АРГ, па антени прави, дури и приемник си направи за арг ...
Факт е дека моменталната состојба на активни радиоаматери на репетиторите е негде 20-30. Сите тие имаат вакви или онакви радиостаници. Значи побарувачката е исклучително слаба и нормално на тоа и понудата е таква. Е сеа со оглед на тоа дека било кој/која фирма да нарачува станица, дали Кенвуд или Језу, ќе треба да носи само една (ако донесе две втората ќе им остане) и нормално ќе чини повеќе. Си има давачки царини, чуда... Не е ова ЛЕД тв па ќе донесат еден шлепер што го купиле за пониска цена на големо и ќе го продадат на брзина. Немој да се чудите ако ви побараат и капар или да ја платите пред време, па дури после да ви ја нарачаат. Во Сектрон например го имаше истиот моделот Кенвуд кој јас го имам и цената му беше за една третина и кусур повисока од тој во Солун.
Чисто за инфо и продавницата во Солун не е она што беше порано. Мислам на Меимарис. Ај најдете една рачна станица Језу. Ја не видов ниту една. А порано имаше повеќе модели. Сега има некој Алинко, Кенвуд "постар" модел што не мрднал со цената од пред 5-6 години (кој гарантира дека не е од пред 5-6години донесен во дуќанот и батеријата дека не му е оштетена од стоење?) Има и од поновите Кенвуди со ГПС ама цената им е машалааа... А инаку се останато е Кина. Исто така, за инфо, доста од радиоаматерите почнаа да ги купуваат кинескиве станички и во оптег (на репетитор) моментално има некои 5-6 што Баофенг што Воксун што Тит. Дури има и такви што имаат и гпс па дури и диги мод (ДМР, ФДМА).
Се на се луѓето за своите потреби се снаоѓаат кој како може. Еве и јас предходно веќе имам пишано дека имам набавено една кинеска рачна станичка монобандер која ја користам на RU-5/Водно и никој не ми се пожалил дека лошо поминувам. Немојте да ме разберете погрешно, не ги преферирам кинеските радио станици и во нормални услови користам Кенвуд, ама да се разбереме кинеска евтина стока станува се поголема реалност. Намерно ја спомнав Меимарис како репер бидејќи јас кога го купив Кенвудот, имаше вистински избор и ми требаше време да решам која ќе ја земам. Сега? Па и нема некој ептен посебен избор на квалитетна роба, нели ?! Мојата претпоставка е дека тоа се должи на тоа дека радиоаматерите не се некои големи потрошувачи како широките народни маси, а трговијата ја прави побарувачката.
Дали јас би купил станица на старо? Да. Во план ми е првиот уред за КТ да го земам половен. Освен ако во меѓувреме не најдам некој попритстапен кит за СДР примо-предавател.
 
И со оглед на тоа дека темава малку отиде офф, би ја вратил со ново инфо за RU-5/Водно.
Во моментов, RU-5/Водно е поврзан на Echolink.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@xandox
Во право си за ова што го напиша, што се однесува за продавници за радиоаматерска опрема. Единствено нешто што треба да те исптавам е дека фактот 400 радиоаматери им во Македонија. De Jure ima 438 регистрирани радиоаматери со важечки знаци и лиценци, од кој околу 250 радиоаматери се De Facto радиоаматери и на некој начин незаконски стекнале дозвола. 250 кандидати во само еден ден положиле за радиоаматери. Тоа се параглајдеристи, ловци, моторџии и така натаму, кој ги злоупотребуваат репетитирите за нивните намени. Забрането е репетитор да се користи за лов, или за параглајдеризам, за тоа си имаат посеби фреквенции. Се разгледува можност да се укинат тие знаци на таквите де факто радиоаматери
Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Вчера ми се јаве Тодор Z31RM и ми рече дека од центарот за справување со кризи ќе биде донирана опрема за радиоклубовите. Бевме поканети да одиме со нив на нивниот веќе напуштен пункт на Галичица. Колегите од центарот за справување со кризи дојдоа од Скопје по нас и заедно отидовме до нивниот пункт. Кога веќе и џипот не одеше повеќе нагоре, имавме околу час и половина пешачење. Планината е доста сурова, природата е најголемата сила која и со неа не може никој да се спротистави. Прв впечаток е тоа што ни теренско возило не може да се искачи. Но не е тоа се.







Вакво нешто немам видено, далноводот е усукан па свиткан.  

По час и половина пешачење стигнавме.


Еден колега стигна пред нас 10 минути и ни кажа дека се е обиено. Сликата што ја видовме беше грозна.


Електрониката за соларните панели (тоа што остана од неа) Панелите ги нема








Репетиторите што требаше да бидат донирани за клубовите, некој ги трескал од земја, онака како за забава....срамота



И другите објекти не беа поштедени






Го оставиле и нивниот знак



Што им сметала оваа антена?



Уништени и столбовите



Крадци украле се што може да се понесе, а она што не можело да се понесе го искршија. Ова е слика на тоа што остана таму.
Радиоаматерскиот сојуз во соработка со центарот за справување со кризи имаше во план да создаде мрежа за кризни ситуации. Вишокот опрема, центарот за справување со кризи имаше во план од овој пункт да ја донира опремата на радиоклубовите низ државата, со цел како што кажав да се воспостави мрежа за кризни ситуации каде овие репетитори би биле идеални за таа намена.

Кој и да бил ова, тој некој му нанесе штета на државата. Тој некој не е свесен дека со оваа опрема се спасуваат животи.
Во пунктот до пред неколку недели се беше во ред, се чекаше да заврши процедурата за примопредавање. Искршените репетитори ги слеговме до возилата и истите беа однесени во центарот за справување со кризи во Скопје, за да не ги снема и нив. Репетиторите не може повеќе да се поправат.

Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да сум власт и да сум ги фател на дело тие хулигански копилиња има да ги тепам и газам додека не се преморам од тепање. Потоа има да земат кредити од банка и се да вратат како што било!
Друг пропуст наоѓам кај луѓето што го оставиле така објектот, знам дека секаде има шанса да обијат, поготово на ваква пустелија како што е тој реон на Галичица. Требало да се постави аларм кој ке прати сигнал преку GSM/GPRS мрежата доколку некој влезе неовластено преку оградата.
Ова е загуба за сите радиоаматери и општо за државава.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Причините ни јас не ги знам зошто се затворил пунктот, но колку што дознав дебели катанци биле поставени на вратите, некои дури беа и заварени. Но ете тој што се решил најде начин да влезе.
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Немилата случка ме потцети на една иста таква случка. На планината Скопска Црна Гора во близина на местото Калеш Мара, на еден рид имаше поставено контејнер, првиот пат кога бев (2007ма) на местото Калеш Мара баш со видео камера со голем зум го снимав контејнерот и на него се гледаше сончеви панели, сателитска антена кој претпоставувам беше и за емитување кон сателит, имаше една антена прачка нагоре и три прачки надоле, и уште 3 стап антени кои беа доста високи, може 4 метри. Друштвото не сакаше да се качиме на ридот за да го видам објектот од блиску. При второто доаѓање во 2011та на истата планина, специјално се искачив до врвот и кога што да видам, за жал некои хулигани,  кратци, со апарат за швајцување направиле отвор во контејнерот и буквално се извадиле. Да не заборавам имаше и клима уред, но и тој го дигнале со се другото. Така да тој ден многу се разочарав. На самиот контејнер пишуваше ОБСЕ и 2003 година.
Од друштвото планинари дознав дека и на други планини биле поставувани такви контејнери од американската армија, но никојаш не дознав за што им служеле истите и зошто се тие огромни стап антени по неколку метри? Две такви стап антени има на врвот на водно.

П.С. На фотките од галичица на едниот столб гледам нешто налик на дипол антени, дали тие се за некои ФМ радиа ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.