Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: go4o on 11.06.2011, Saturday, 12:35:41
-
Колку би можело да чини една радио станица со сите модови FM, SSB, CW, PL-TON по можност.
Фала ви однапред!
-
Каква радио станица мислиш? Тоа е многу широк поим - исто како :барам да купам бел голем автомобил...
Ако мислиш на КТ станица цените се од 800 - 3500 ЕУ ,а УКТ се поевтини,ама нема репетитори за работа па немаат домет.
За ЦБ - за 100-150ЕУ се наоѓа Албрехт или Моторола...
-
Колку би можело да чини една радио станица со сите модови FM, SSB, CW, PL-TON по можност.
Фала ви однапред!
За што опсег на фрекфенции ?
-
Избришано од администрација - научи се да кодираш линкови!
-
Гоко тоа е УКТтрибандер и чини 600-1000ЕУ( со сите додатоци),само треба дозвола за работа ,одобрение ,положен радио-аматерски испит...... Распрашај се дали има радио-аматерски клуб кај тебе и пријави се

Шо станица тоа ?
Имаш нови УКТ дуо-бандери за по 400++ евра (YAESU серија FT-8900 пример)
Сеа само ти треба едно плаво картонче (таканаречено лиценца) со кое што имаш сѐ, дозвола, знак и одобрение за користење на фрекфенциите.
-
Овој е трибандер + миц.комбинација со тастатура + исправуваш + антена +....= околу 600 ЕУ.За модел како оној што го презентираше тој.А има и страшно поскапи и секако подобри,ама пак велам УКТ кај нас е мислена именка.Ако сакаш работа купи антенски систем од 500 ЕУ,па работи!!

Не ја видов станицата (избришано е како ред други цензурирани работи).
Не би рекол дека УКТ е измислена именка кај нас :) Се повеќе и повеќе репетитори проработуваат во МК, последна вест е дека Р0 во куманово оживеа, во Скопје веќе има неколку локални, Р0, Р4 RV7, на солунска работи Р7 и според некои нови сознанија летово здрави и живи ќе проработи и Р2 на галичица затоа што е сервисиран и операционален
-
Не сум во тек со сето тоа ,не работам ,добро е ако се воспостави мрежа.Ама,колегава очигледно нема што таму да бара ;D
-
јас сега ги учам прашањата и од ко ќе ги научам ќе полагам во скопје за УКТ а ко ќе наполнам 16 год ке положам и за КА-ТЕ

Не постои такво нешто како полагање за одреден банд само, прочитај ги правилата и законот ќе видеш за што станува збор и што нудат двете класи за оператор, А и П класа.

Е добро де, ако си радио аматер објасни му подетално на членот. Нели форумот е за тоа...

Да радио-аматер сум, со положена прва класа и меѓународен CERT сертификат од највисоко ниво. Тоа апсолутно нема никаква врска (и претседател на нешто да сум пак нема никаква врска) кога треба нешто да се земем и да се прочита.
На страната на АЕК има 4 документи за симнување во врска со радио-аматерството во МК, меѓу кои (најголемиот) е со регулативата. Доколку некој сака да положи за радио-аматер, таа регулатива (каде што е објаснето и за класите и ограничувањата на П класата) _МОРА_ да го знае, а тоа укажува дека ќе мора да го прочита :)
-
Јас сакав да полагам за радио аматер пред една година, се откажав кога видов какви се цените на КБ радио станиците. На Македонски стандарт е тотално неисплатливо. Секој човек тие пари би ги потрошил на друго (поважно). За да купиш една таква КБ станица треба да доста богат, иначе сигурно не би издвоил толку многу пари за станица. На старо има и поевтино ама старо е старо...
Ова општо го зборам не е лично.

Да точно, според наш стандард цените на станиците се *WOOOHOOOO*, но тука секогаш имаш можност за ефтини пари ти да си составиш станичка :)
Од друга страна постои можност и за користење на клубска радио станица, пример, се зачленуваш во некој радио-аматерски клуб и си ги користиш нивните станици од нивната локација.
Или уште подобро, отвори клуб доколку нема во твојата област, тоа го сторив јас во старото мое средно училиште (со што стана првото средно училиште со радио-аматерски клуб) и добив уреди и опрема од разни страни (дури и донација на TM-440 од америка). Истото тоа ќе го направам и на факултет :)
-
па најевтино е да се направи, тоа да. Меѓутоа колкава е можноста да се купат засилувачките транзистори до 30MHz (зборам за снажните до 100W) дали може да се најде оригинал транзистори и која им е цената...

Какви се тие „оргинал транзистори“ ?
МРФ транзисторите за овие намени се движат околу 50тина долари.

Па да ти кажам право, не знам какви се тие оригинал, но знам какви се тие фалсификат транзистори :D Питање што е оригинал а што е фалсификат на наш пазар. Купив неколку 2N3773 по 20 ден. парче и натписот веднаш се избриша. Купив 2N3866 неколку, ниту пише производител а натписот е толку лошо напишан ко некој со рака да го пишел, една буква погоре, една подоле, една подебела :D смешно но жално.
-
Еве ги прашањата за П класа што ќе ја полагам јас.

Сори, но, и? :) Ти треба помош за некое од нив (кое од каде доаѓа) или пак онака ги постави, for the sake of argument :)
-
Батка Урахара,момчево е почетник и сака нешто да дознае.Ако не сакаш да одговориш,без сарказми!
-
Еве ги прашањата за П класа што ќе ја полагам јас.
Сори, но, и? :) Ти треба помош за некое од нив (кое од каде доаѓа) или пак онака ги постави, for the sake of argument :)
Што сакаш да кажеш со ова? не разбрав