Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 26.01.2017, Thursday, 15:34:26

Title: Дали некој од вас има остварено радиоаматерска врска со астронаутите од ISS ?
Post by: DX-er on 26.01.2017, Thursday, 15:34:26
Title: Одг: Дали некој од вас има остварено радиоаматерска врска со астронаутите од ISS ?
Post by: nsu on 26.01.2017, Thursday, 15:54:33
Владимир Ковачевски мислам дека имаше дур постоеше Емитер ќе пишеше и некоја добра статија  8)
Title: Одг: Дали некој од вас има остварено радиоаматерска врска со астронаутите од ISS ?
Post by: TeslaBt on 26.01.2017, Thursday, 16:14:08
Тешко тоа. Бидејќи 99% од врските се само со училишта . Можиш APRS врска со ISS оти тоа му оди автоматизирано.
Title: Одг: Дали некој од вас има остварено радиоаматерска врска со астронаутите од ISS ?
Post by: nsu on 27.01.2017, Friday, 02:05:01
Добро да така е но за Владимир Ковачевски и доста други јаки аматери кои имаат опрема ене ги само им завидувам на Водно кога ќе отидат кога ќе ги сретнам антената жица горе на ранецот и шета ли шета пешакот тука штрака телеграфија како луд е тие се луѓе за респект или пребацил кабелот на дрво огромен легнал на тревата убава или сега и на снегот некој слушалките на уши батеријата тука скапиот уред и штрака ли штрака телеграфија.Има луѓе кој сеуште се трудат многу имаат огромно искуство постари се а уште во оваа работа влегуваат со ентузијазам и премногу радиоврски имаат остварено и добри телеграфисти се но се работат со ведрина ништо не им е тешко и се радуваат на се како прв пат да го работат е полека тие луѓе стануваат ендемски вид  8) 8)
Title: Одг: Дали некој од вас има остварено радиоаматерска врска со астронаутите од ISS ?
Post by: Z3nesto on 27.01.2017, Friday, 23:01:36
Колку што мене ми е познато никој од кај нас нема работено со ISS. Може да се начекаат за обично QSO, да не е договорено  меѓутоа мора да се погоди терминот кога немаа  обврски. Еден период јас ги чекав и според некој си распоред термини без обврски им беа саат време после станување и саат време пред легнување. Обврските им беа од 08 до 22 часот по GMT
Title: Одг: Дали некој од вас има остварено радиоаматерска врска со астронаутите од ISS ?
Post by: nsu on 28.01.2017, Saturday, 11:50:44
Е во право сте прашував по пријатели радиоаматери и никој не ми потврди дека остварил врска со ISS.Воглавном од причините што ги кажавте