Author Topic: Озвучување на акустична гитара *Овејшн*  (Read 1214 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овејшн гитарите се легенда,бидејки тие за прв пат покажаа гитара со пластичен корпус и дрвена предна плоча која добро свиреше.Иако одсекогаш сум сакал да си купам една,никогаш не собрав толку пари.Значи сепак ,да добиеме представа како е таа озвучена со пиезо кристален микрофон, залепен за внатрешноста на предната плоча,некаде кај кобилицата.(оние што свират гитара знаат за што зборувам!).Значи .овој склоп е *скинат* од вистинскиот *Ovation legend* ,но лесно ке се прилагоди на било која акустична гитара.Иако со еден фет,има доволно појачување да може да се вклучи на било кој микрофонски или гитарски влез на појачувачите.Со малку експериментирање ке го најдете вистинското место каде ке го залепите.Тука нема шема или пресметки,водете се *по уво* ;D
Напомени: првиот потенциометар за боја на тонот е линиски,а за волумен е логаритамски.За R5 ставете 100 оми,а С2 ставете го само ако имате 12 жичена гитара.Место овој транзистор ставете било каков фет пример BF 245...Намотките се мотани на феритни јадра ,а лесно можат да се пресметаат бројот на намотките,ако користите некоја од дадените пресметки ( побарајте ,имаше на Форумов!).Сепак не се многу критични и да ставите некоја намотка повеке или помалку.Напојување батериско ,а за пиезо плочка може да искористите било која од играчка ,до честитка,само металната плочка со кристалот,ама без пластиката.Лепење прво со фластер,селотејп ,а откога ке го најдете вистинското место - со неостик,никако брз лепак!! ;D ;D