Author Topic: Петканален пасивен еквилајзер  (Read 738 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Петканален пасивен еквилајзер
« Opened on 26.03.2011, Saturday, 01:36:05 »
Денес добив на преглед еден уред направен по шемава,која представува еден пасивен еквилајзер.Проблемот беше што по вклучувањето на МП3 плеерот на излез немаше повеке од 100 мВ ,недоволно за побуда на еден посериозен засилувач.Решение???
Прво ,самиот податок дека е пасивен -значи дека нема полупроводнички елементи за појачување на сигналот.Пасивните елементи го намалуваат нивото на сигналот некогаш и за 2/3 од влезот до излезот.Решение - барем еден степен на НФ појачување на излез.И уште нешто -самата шема говори дека сигналот на влезот се зема од звучник штом има приклучено паралелно отпорник со поголема јачина! Ова е се само не хај-фај !! ;) :D

Offline Delija

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 265
  • Gender: Male
  • Господ ја сака Македонија, а и ЈАС!!!
Одг: Петканален пасивен еквилајзер
« Reply #1 on 26.03.2011, Saturday, 06:37:08 (Edited 26.03.2011, Saturday, 06:49:00) »
Здраво Батка! ;)
Батка време е да најдеме решение, демек, на проблемов!? ???
На излезот од оваа пасивна тон контрола изработи го и приклучи го колото дадено на slika1p.
Потенциометарот од 100k/log служи за подесуење на засилувањето. Тој треба да бидет стерео ако изработуеш стерео контрола. Потенциометарот од 10к од пасивната контрола постави го на излезот од ова коло! ???
Напојувањето на ова коло е со стабилизиран и доброфилтриран DC-напон кој может да бидет од +/-(12V до 15V)!! :o
Иначе за моно верзија IC-колото может да бидет NE5534 или ТL071, а за стереo NЕ5532 или ТL072, но притоа внимавај на изводите (види datascheet!)
Ајде позз ((((((    :-\
Секогаш и секаде,...Најповеќе со електрониката!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Фала,Делија на коментарот,ама јас ниту го направив ниту мислам да го направам овој пасивен еквилајзер.Само дадов мислење за оној што ми ја даде шемава.Очигледно е дека ова е изработено со намера да се приклучи на некој појак извор на сигнал(пр.излез на авто-радио) и со пасивна корекција да се приклучи на некое излазно појачалце.Варијантата е евтина и можеби некому и вака ке му се допадне.