А зошто ти се A/D и D/A конвертори кога имаш многу добри кодеци, кој во себе имаат се, кои покрај потребните конвертори имаат и програмабилни засилувачи влезни и излезни, а дигиталниот интерфејс им е стандард аудио. За драјвери може да се напишат за било што, но секако да има компатибилност на стандардните драјвери за веке познатите софтвери за аудио продикција. Тука голем чекор направи и NI со LabView, за кој имаат доста добри алгоритми направено и цела развојна околина, имаат драјвери за многу хардвери па дури и за дигитализиранине аналогни миксети на SSL, на кои произведените примероци се бројат на прсти.
Не би користел кодек, прво бидејќи излезните D/A конвертори им се скоро на сите катастрофа, ем не звучат добро, ем чиповите се "all-in-one", а не ми беше тоа поентата, сакав да можам да си бирам излезен D/A конвертор врз база на квалитет на излезниот сигнал (јас сакам да направам многу квалитетна екстерна аудио картица, не ми е поентата само да го преместам интерниот аудио чип надвор од PC-то, иако од досегашната анализа што сум ја правел на евтините екстерни аудио картици, што коштаат до кај 300 евра, баш тоа го имаат направено, со некои додатни компоненти се разбира). Башка, повеќето од кодеците немаат ASIO поддршка (или е многу оскудна, јас не го сметам ASIO4ALL или ASIO2KS за ASIO поддршка, сите тие се емулации), а поентата ми беше да може да има хардверски имплементирана ASIO поддршка
, да може да се користи како влезно/излезен интерфејс на некој DAW (или за почеток, само излезен е доволно).
За драверот поентата ми беше да не морам да пишуавм сам, не заради друго, бидејќи ќе мора да правам нови верзии за секоја нова модификација на уредот која ќе ја направам (додавање/одземање на влезни канали, излезни канали итн.). Дечките од Ploytec веќе си го развиваат драјверот и се многу добри во тоа, не верувам дека за краток временски период ќе успеам да напишам драјвер како нивниот, па поради тоа решив така да го дизајнирам уредот, да го јавува како некој друг веќе произведен фабрички уред, некоја друга картица, само што нема да биде таа картица, туку барем делот од firmware-от што го проверува драјверот за да определи која картица ја контролира ќе биде копија од оргиналната фабричката
. Така нема да мора да се замарам да правам updates на драјвери, Ploytec ќе ја прават таа работа за мене
. Или може и да модифицирам дел од кодот на драјверот, да се „фаќа“ драјверот и на мојата картица, ама проблемот со тоа е што со секоја нова верзија што ќе излезе од Ploytec ќе треба да го модифицирам драјверот, што не ми одговара. Драјверот веќе си има Windows и Mac верзии, а Linux оперативните системи не ги сметам за некоја конкуренција на пазарот на DAW софтвери, така да, не планирам да се замарам да пишувам посебен драјвер за Lunux, ако некој тип/дечки (third party) се нафатат сами да пишуваат, ОК, ако не, ќе нема и готово, тоа е тоа, se la vi.