Author Topic: Предзасилувач за woofer и сателити  (Read 5852 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Често поставувано прашање од оние кои сакаат да си направат некое 2.1 домашно студио.Значи имаме лев и десен влез и од нив земаме преку 22К отпорници сигнал во една точка за вуферот.Оваа намотка од 220 мН се мота на тело 3 мм ферит директно со 0,3 мм бакарна лак жица и има околу 60 намотки  во должина од 2,5 см во неколку реда.Помеѓу редовите ставајте селотејп ,а секој ред фиксирајте го со брз лепак (само капка на крајот!)Значи сигналот за вуферот се појачува со транзистор ВС 547.....и се регулира со посебен потенциометар исто како и сигналите за L / R на сателитите.За домашна употреба направете си некој стерео засилувач 2 х 10-15-20W за сателитите и барем 60-100W за вуферот.Еве ја шемата

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Оваа намотка од 220 мН се мота на тело 3 мм ферит..
3mm ферит? Ќе може ли подетално бидејќки сакам да ја изработам..
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предзасилувач за woofer и сателити
« Reply #2 on 13.12.2013, Friday, 17:12:35 (Edited 13.12.2013, Friday, 17:35:59) »
Не знам колку подетално- најди феритно стапче 3 мм дијаметар и во неколку реда намотај 60 намотки ,0,3 мм лак жица.Должина на стапчето 2-3 см.

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Batka колега од оваа шема не бидува ништо  :-\ ја направив но ништо не свири само басот ептен малку се слуша (скоро ич)  :-\
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 62
  • Gender: Male
ПРЕД-ЗАСИЛУВАЧ!!!!!!  ;D

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Па што сакаш ти предзасилувач самото име кажува дека на влез му се носат мали сигнали кои неможат да се однесат директно на засилувач,не се прилагодени.Предзасилувачот ќе ги засили малку ама многу е битно да не направи изобличувања.Тоест сигналот така малку засилен скоро и без изобличувања да се однесе на влез на засилувач.И тој потоа многу повеќе ќе го засили.Не смее да има изобличувања за нели нормално да не ги засили и нив засилувачот.Незнам ти што очекуваше од предзасилувачот. 8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предзасилувач за woofer и сателити
« Reply #6 on 25.12.2013, Wednesday, 21:16:07 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 21:29:21) »
Батка,на шемата е едноставен,најпрост разделник на фреквенции или како се вика - свртница.Значи,ако сакаш да направиш цел систем треба да предвидиш три излезни појачувачи со потребно влезно ниво.Значи ,ако врзуваш некој сигнал од ЦД уред,сигналот мине низ левиот и десниот потенциометар и оди  на  појачувач,нормално со соодветен предпојачувач за левиот и десен сателит.Оној дел од кој излегува сигналот за вуферот се носи на соодветен појачувач со предпојачувач,наменет да репродукцира  само  бас фреквенции.Односот на јачината на сателитите и басот треба да биде 1:3 или 1:5 во корист на бас појачувачот.Или просто кажано- бас појачувачот ( моно) треба да биде 3 до 5 пати посилен од појачувачот на сателитите!! Значи - ако имаш сателити со појачувач 2х 20 W ,појачувачот за вуферот треба да биде 60-100W во зависност од  осетливоста,големината и типот на бас кутијата која ке биде приклучена.

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Одг: Предзасилувач за woofer и сателити
« Reply #7 on 25.12.2013, Wednesday, 21:32:26 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 21:35:09) »
Значи ПРЕДЗАСИЛУВАЧ не сум до толку (горе наведените коментари) секако дека го поврзав на два засилувачи еден 2х30 вати и за басот 200 вати ама нема никаков звук т.е шемата не е точна... сакав да кажам дека не работи т.е не е исправна....
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предзасилувач за woofer и сателити
« Reply #8 on 25.12.2013, Wednesday, 21:42:25 (Edited 25.12.2013, Wednesday, 21:51:11) »
Шемата е проверена и работи,ти  имаш некоја грешка или на бас излезот не ти е поврзан пп со доволна осетливост или пак нешто не е добро поврзано.Значи моно појачувач со предпојачувач  кој ке даде доволно засилување во бас подрачјето.( пробај со некој активен вуфер!)

Споено мислење: 25.12.2013, Wednesday, 21:51:11
Ако е мало појачувањето покушај зголеми го отпорникот 1,8 М во делот на база /колектор .Пробај со некоја вредност  од 2,2 до 4,7 М  ,можеби тоа ке ти го реши  проблемот.Провери и кое е појачувањето на транзисторот,да не е  до него.

Offline Gavro

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 62
  • Gender: Male
Јас се извинувам до колегата Кико  ::) , напиша дека скоро ич не се слушало, па прво што ми падна на памет е дека не си прочитал добро.  Дека се работи за предзасилувач. Но штом така, моја грешка, СЕ ИЗВИНУВАМ уште еднаш  :)   :)

Ама батка не е само до басот нема звук на ништо ни на сателитите ни на басот  ???

Јас се извинувам до колегата Кико  ::) , напиша дека скоро ич не се слушало, па прво што ми падна на памет е дека не си прочитал добро.  Дека се работи за предзасилувач. Но штом така, моја грешка, СЕ ИЗВИНУВАМ уште еднаш  :)   :)
Нема проблем, но сум го изработил предзасилувачот и сега ти ви викаш “предзасилувач“ како јас да не знам што правам или како се поврзува  ;D   ;) сакав да кажам дека шемата ја направив и предзасилувачот не вади никакви звуци..  8)
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тогаш добро прегледај  каде ти е грешката.Не може да немаш сигнал никаде ,ако е се во ред поврзано.Намали ги оние 22К отпорници на влезот,можеби е сигналот преслап уште на влезот.Не кажа ни што поврзуваш на влез ни што имаш на излез.На сателитите мора да имаш звук,ако ти е исправно поврзан тој дел со потенциометрите ,мора да помине сигналот.Донеси некој сигнал - од слушалки пример,па после потенциометрите мора да добиеш сигнал!Неманикаква филозофија.Оној дел за вуферот е филтер за басови и освен транзисторот нема некој активен дел кој би бил критичен.Значи намали ги оние 22 К отпорници и зголеми гоотпорот во базата 1,8М. Имаат ли појачувачите пп или се само излази?

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
На влезовите и излезите треба да имаш по еден бафер за секое. 2 за влез Л и Р и за излез 2 Л + Р и 1вуфер. Фино би било и на влезот да наместиш бафери со 6дб појачување. Овака шемата не може.

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Тогаш добро прегледај  каде ти е грешката.Не може да немаш сигнал никаде ,ако е се во ред поврзано.Намали ги оние 22К отпорници на влезот,можеби е сигналот преслап уште на влезот.Не кажа ни што поврзуваш на влез ни што имаш на излез.На сателитите мора да имаш звук,ако ти е исправно поврзан тој дел со потенциометрите ,мора да помине сигналот.Донеси некој сигнал - од слушалки пример,па после потенциометрите мора да добиеш сигнал!Неманикаква филозофија.Оној дел за вуферот е филтер за басови и освен транзисторот нема некој активен дел кој би бил критичен.Значи намали ги оние 22 К отпорници и зголеми гоотпорот во базата 1,8М. Имаат ли појачувачите пп или се само излази?
Го поврзав на компијутер, а појачувачите немаат пп, едното е за во кола 200+200 вати а другото е 30+30 вати со тда 2030...
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Стави слика и монтажна шема да видиме,веројатно имаш некоја грешка!Освен тоа внимателно со звучната,ако немаш пракса може лесно да го изгориш излезот !