Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: batka on 03.12.2010, Friday, 09:22:02

Title: Гитарски предпојачувач
Post by: batka on 03.12.2010, Friday, 09:22:02
Малку експерименти и еве шема за гитарски пп. која во себе содржи и дисторзија(фуз) за гитара.Сигналот  на влезот е во редот на 3-10 мили волти,а на излез е добри 1,6В колку е потребното ниво на влезот на појачувачот.Некој ке рече- нема боја на тонот-.Спрема мене не треба ни да има,доволен е оригиналниот,чист тон кој гитарата природно го дава ,а останатото го одработуваат процесорите,педалите и сите оние силни електроники кои го обработуваат сигналот до излезниот степен.
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: batka on 13.12.2010, Monday, 08:36:16
Малецко ми бараше предпојачувач за гитара со дисторзија.Еве една комплетна шема која е веке правена во Велес и работи  во комбо појачувач од 60 вати со 12 инчен Еминенс.
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: Bojan on 13.12.2010, Monday, 18:15:23
другарче ми имаше дадено една педала дека не му се свиѓала, па ми викаше прави и што сакаш па ај си викам друга некоја плочка ке направам (и оваа беше правена од некој друг, плочката е ОДВРАТНА или грда) на папучата има 5 потенциометри Level(volume претпоставувам) Distortion (дисторзија) и   attack, punch, edge, што стварно незнам за што се, па ке може ли некој да ми преведе на електроничарски јазик што значат тие...дали се како bass middle treble или нешто сосема друго...
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: GigaWatt on 13.12.2010, Monday, 18:50:45
другарче ми имаше дадено една педала дека не му се свиѓала, па ми викаше прави и што сакаш па ај си викам друга некоја плочка ке направам (и оваа беше правена од некој друг, плочката е ОДВРАТНА или грда) на папучата има 5 потенциометри Level(volume претпоставувам) Distortion (дисторзија) и   attack, punch, edge, што стварно незнам за што се, па ке може ли некој да ми преведе на електроничарски јазик што значат тие...дали се како bass middle treble или нешто сосема друго...

Сосема друго се тие, ама не може баш да се објасни на електроничарски јазик, :S, треба малку барем да имаш познавање од принципот на кој се створува звукот кај обичните (аналогните) музички инструменти и како се еквивалентираат тие појави кај synth-овите.

Attack сигурно знам што е, малку е тешко да се објасни... ќе дадам пример, кога некој свири на виолина и кога со гудалото многу полека и без притисок поминува преку жиците, тивко се слуша, нели... ако почне повеќе да стиска и побрзо да го мрда гудалото преку жиците, звукот се слуша се погласно и погласно... епа attack е „синтисајзерски“ еквивалент на тој ефект, од тивко и нечујно да дојде до погласно и погласно. Најпросто кажано, со attack всушност се дефинира времето кое е потребно да се зголеми volume-от од минимум до максимум и потоа определено време останува на максимум, или се додека се трза жицата или се држи дирката (кај клавијатурите на пример). Иако и ова не е баш најточна дефиницја, најпросто објаснето би бизгледало некако вака ;).

Останатите два параметри изгледа се карактеристични за гитарски процесори (punch и edge) или така ги викаат кај гитарските процесори, а бидејќи повеќе се разбирам во клавијатури, ќе треба да испробаш што се, ама најверојатно повторно се некои параметри со кои се штелува анвелопата на јачината на излезниот сигнал ;).
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: batka on 13.12.2010, Monday, 19:03:08
Знаеш што- дисторзија си е дисторзија! Ако се работи за дисторзија што и да ставиш- какви имиња да одштампаш се се сведува на следното: дисторзијата го изобличува звукот,го продолжува траењето на звукот,го менува соодносот на хармониците на звукот и висината на тоновите.Во основата е тоа.Имињата често не кажуваат ништо! Секоја фирма за да биде ,што знам - трендовска, измислува некои цаки кои ,врти-сучи, се исти-само на друг начин кажани ! Затоа да ти објаснувам електронски неможам - треба да се слушне звукот!!

Еве ти неколку шеми за фузз -дисторзии
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: GigaWatt on 13.12.2010, Monday, 20:33:57
Знаеш што- дисторзија си е дисторзија! Ако се работи за дисторзија што и да ставиш- какви имиња да одштампаш се се сведува на следното: дисторзијата го изобличува звукот,го продолжува траењето на звукот,го менува соодносот на хармониците на звукот и висината на тоновите.Во основата е тоа.Имињата често не кажуваат ништо! Секоја фирма за да биде ,што знам - трендовска, измислува некои цаки кои ,врти-сучи, се исти-само на друг начин кажани ! Затоа да ти објаснувам електронски неможам - треба да се слушне звукот!!

Па конкретно за тие работи за кои праша Bojan, тоа конкретно (најверојатно) се контрли за анвелопата на volume-от при „удар“ на жицата, тоа се само додатни функции, кај обичните дисторзии најчесто овие работи се preset, епа кај оваа може да се менуваат преку „папуча“ ;).
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: Bojan on 14.12.2010, Tuesday, 00:39:30
гига ти тоа што опиша, супер сватив, ама ова е ептен просто, со еден операциски засилувач е и други пасивни делчиња, се обидов шема да му нацртам, ама после тоа нешто друго се зачепкав и така сега седи во кесичка една...па затоа прашав, ако може да се направи такво нешто ок, ако не ке ја склопам и најпоштено ке ја вратам :D
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: GigaWatt on 14.12.2010, Tuesday, 00:50:37
гига ти тоа што опиша, супер сватив, ама ова е ептен просто, со еден операциски засилувач е и други пасивни делчиња, се обидов шема да му нацртам, ама после тоа нешто друго се зачепкав и така сега седи во кесичка една...па затоа прашав, ако може да се направи такво нешто ок, ако не ке ја склопам и најпоштено ке ја вратам :D

Тоа е само контролата, вистинската компонента, уредот што го прави тоа се наоѓа во процеосорот на гитарскиот процесор ;) (не знам дали ме свати некој ;D).
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: Bojan on 14.12.2010, Tuesday, 01:08:06
немам видено гитарски процесор (имам видено, ама го немам онака асално разгледувано) ама ова има само влез и излез, ништо повеќе....
Title: Одг: Гитарски предпојачувач
Post by: GigaWatt on 14.12.2010, Tuesday, 03:13:45
немам видено гитарски процесор (имам видено, ама го немам онака асално разгледувано) ама ова има само влез и излез, ништо повеќе....

Епа затоа викам, контроли како delay, attack, punch, итн. не се изведуваат со еден операциски засилувач и некои околни компоненти ;).