Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: blizzard on 31.08.2019, Saturday, 12:01:50
-
Дечки ми треба помош.
Ми изгоре трагфото на фрижидерот.
влез 220-240В, излез 13.5 и 16.5В.
Кај може да набавам вакво или некој да ми го поправи старото?
Ве молам пишете, без фрижидер сум на горештиниве :(
фала!
-
Кисела вода, Гига ват го знаеше, до цвеќарата е мислам, бај кај Y раскрсницата, како по скали под земја е.
-
Китан, во Кисела Вода. Ако одиш по Јужен Булевар накај Кисела Вода, тераш право. Пред да заврши булеварот, кај триаголникот кај рампа, од левата страна има дуќанчиња за гуми, црева, има и некое хемиско чистење... епа таму е и Китан ;).
-
Дали тој винклува трафоа, или е само мајстор за фрижидери? Јас мајстор имам, кој утврди дека трафото е прегорено и треба ново/да се поправи и сега барам чаре :)
-
Што улога има тоа трафо во фрижидер, многу ме интересира?
-
Новите фрижидери имаат контрола со микроконтролери, потребно е за напојувањето на микроконтролерот и останатата „фина“ електроника ;). Без неа, фрижидерот е практично мртов... исто како и кај програматорите за новите машини за перење и сушење. Ако не може да го оправиш програматорот или не можеш да најдеш адекватен заменски, практично тоа значи фрли ја машината за перење или сушење во отпад :-\.
-
Аха, мислев дека станува збор за обичен фрижидер, сепак станувало збор за напреден фрижидер.
Замисли на овие новиве смарт фрижидери со вградено вифи блутут и инсталиран андроид да почне да оди во некој бутлуп оперативниот, за брзо време се` ќе се расипе во фрижидерот додека му најдеш решение. :)
(http://www.mediafire.com/convkey/3071/9656ndcyw80uk3azg.jpg)
-
Затоа не ги сакам smart уредите... бидејќи ако микро-електрониката не работи, практично ништо не работи и може слободно да го фрлиш во ѓубре уредот ::)... си купил цел „разладен плакар“ кој не може да работи заради едно глупо „сантим на сантим“ чипче... е*ати технологијата ::).
-
Нема како на друг начин да се земат повеќе пари од уреди за домакинството, затоа се бута се во нив, опции кои голем дел корисниците нема ни да знаат дека постојат но ќе ја дигаат цената. Но затоа пак луѓе како креаторите на Mirai botnet (https://www.cloudflare.com/learning/ddos/glossary/mirai-botnet/) се радуваат на нив.
Доколку влезе во некој bootloop или некој друг нездрав мод фрижидерот, надевај се дека комшијата има место во неговиот и е добродушен :) .
-
Трафото е пред електрониката. Среќа оно изгорела а не цела плоча.
Некој квази мајстор од ЕВН дирал нешто кај сатовите во зградата и кога дојдов кај меене начекав дупли напон, на сите штекери ми беше 380-400 волти. Фрижидерот ( трафо ) и кафематот изгореа, среќа друго спасив, не знам ни јас како, све искучив, дојде мајстор и стави една контра фаза или како и да се вика и се врати на 220-240.
Сега трафотото да го сменам, дел е од 1000-2000 денари, не ми се купува цел фрижидер ради едно трафо :(
Кој оправа пишете уште некој и утре ќе вртам телефони...
фала дечки.
-
Најверојатно ја прекинал нулата чим добило меѓуфазен напон на штекерите... :P
Како и да е, ако се решиш за винклување и јас би ти го препорачал Китан. Е сега, не кажа колкава моќност е трафото, ако е само за електрониката не верувам дека е многу големо, можда е и за на плочка од тие залиените во пластика, во тој случај не верувам дека ќе се нафати да го премотува.
Би било добро ако можеш да го сликаш и да пишеш димензии, исто и плочката, да видиме како е решено напојувањето. Ако добил на примар дупло повисок напон, и на секундар исто ќе даде дупло повисок, можда и на плочката има нешто настрадано поради тоа.
Во краен случај тоа трафо може да се замени со две други што ќе дават 13,5V и 16,5V секое, при што ќе треба механички да се упасуваат.
-
Единаесет реплики до сега, а сеуште не знаеме за каков трансформатор се работи!!!
Освен 13,5V и 16,5V не знаеме колкава е вкупната моќност на самиот трансформатор, не знаеме дали тие 13,5V и 16,5V се засебни
(галвански разделени меѓу себе) или се во некоја засебна врска (пример напонот меѓу првиот и вториот е 13,5V, меѓу првиот и третиот е 16,5V) или било каква друга комбинација! Не знаеме колку е струјата што треба да ја даде (напонот меѓу првиот и вториот 13,5V) и соодветно (напонот меѓу првиот и вториот 16,5V) или било каква друга комбинација, и сега се поставува прашањето на основа на што се пишува во овој случај!
И сега пак сум “оној„ кој сака да му се реплицира дали сум во право или не!!
Благодарам на Не истомислениците!!!
-
Некој квази мајстор од ЕВН дирал нешто кај сатовите во зградата и кога дојдов кај меене начекав дупли напон, на сите штекери ми беше 380-400 волти.
Тоа е меѓуфазен напон на трофазен систем. Ги измешал жиците, некоја од фазите ја врзал наместо нула... со среќа ::).
Фрижидерот ( трафо ) и кафематот изгореа, среќа друго спасив, не знам ни јас како, све искучив, дојде мајстор и стави една контра фаза или како и да се вика и се врати на 220-240.
Вратил назад како што требало да биде, т.е. дознал која е нулата, ја откачил фазата која била врзана наместо нулата, ја ставил нулата на место и онаа фаза која ја откачил, ја вратил назад каде што треба.
Единаесет реплики до сега, а сеуште не знаеме за каков трансформатор се работи!!!
Апсолутно си во право. Ни слика, ништо... без адекватни информации, не може да се добие адекватен одговор.
-
извинете, не се разбирам до толку..
еве да не ставам слика, ке пратам линк слика од трафото: DA26-00009N
(http://www.mediafire.com/convkey/021f/7bcbnjqxjfqefqdzg.jpg)
и еве што имам од податоци
TRANS POWER;-,CORE,-,-,230V,16.5V, 13.5V
тој што го продава на ибеј пишува дека аутпут е 16.5волти.
околу 5-6см е трафото...
-
Можеби подобро ке биде тој што го проверувал фрижидерот да набави соодветно трафо, или најде мајстор за старото кое според сликите не верувам дека некој ке сака да го прави, не вреди.
-
ОК, излегуваат четири жици на секундар, што значи најверојатно намотките за двата напони се одвоени. На сликите не пишува која моќност е, но вака одокативно би рекол не повеќе од 50-на вати, тешко дека некој ќе се нафати да премотува волку мало трафо. Како што пишав претходно, може да се замени со две други, на пр. некои од овде:
http://www.logingel.com/mk/den/1176/BrowseProducts
Треба да се види како е изведено напојувањето на плочката, можда ќе може да се искористат и други напони на трафото, некој волт горе-доле...
-
Немора да се 2 посебни трансформатори може еден од 16.5/17в со додатна регулација за 13.5в
Како ги доби тие вредности 16.5в и 13.5в? не сум сретнал досега на некоја плоча да пишува 13,5 или 16,5 обично се цели вредности 9в 12в 15в, исто и вредностите ми изгледаат нестандардни посебно за уред во масовна продажба.
Јас би препорачал да провериш пофторно какво трафо ти треба пред да порачаш, купиш или го моташ старото.
-
Од мене идеја!
Можеби трансформаторот има термо осигурувач па ако имаш некого што работи слични работи, можда ќе помогне!
(http://www.mediafire.com/convkey/c3e9/ma8gi4qcisub68fzg.jpg)
-
во трафото има осигурач, не е филозофија и сам да го замениш/краткоспоиш
-
Околу премотување на трафото... како што пиша dr-mr, не верувам дека некој ќе сака да го премота. Тоа се лепени лимови со лак, ако некој го расклопи, ќе треба да ги исчисти лимовите, пак да ги прелакира и да ги спои заедно... тоа никој нема да сака да го прави.
Имаш неколку опции.
Прво, да нарачаш адекватно заменско online и да чекаш да ти стигне (летно време, тоа не е добра опција).
Второ, да нарачаш адекватно заменско и да платиш express shipping за да ти стигне за максимум недела дена (ќе чини колку и самото трафо, но подобро тоа отколку да чекаш еден месец сред лето за да ти стигне).
Трето, да направиш комбинација од напони на различни мали трансформаторчиња за да ги добиеш адекватните излезни напони од ова трафо. Идентични напони нема да добиеш, но ќе добиеш некои кои се приближни на фабричките и најверојатно фрижидерот ќе работи со нив.
Но, се разбира, прво треба да се провери дали навистина е исправна остатокот од електрониката за контрола, па ако е, тек тогаш да се работи на проблемот за изнаоѓање на напојување за електрониката. За да се провери дали е исправна електрониката, ќе ти треба стабилизиран извор за напојување (или сервисерот да има таков на располагање) и тоа двоен, бидејќи има два напони (очигледно засебни, според конекторот од секундарот) за напојување за електрониката за контрола.
И мислам дека се ова треба да се подели во посебна тема бидејќи проблемот најверојатно не е само „премотај трафо“. Се разбира blizzard ќе треба да пише модел на фрижидерот, како и да post-ира слики од се што е релевантно (електрониката за контрола, изгореното трафо, евентуално и самиот мотор на фрижидерот, итн.).
во трафото има осигурач, не е филозофија и сам да го замениш/краткоспоиш
Треба прво да го расклопи и да провери дали има, не сите вакви трафоа имаат осигурувачи во нив, некои немаат.
И тоа што го покажува на сликата е термо-осигурувач. Тој реагира на термичко преоптоварување и потоа пак се враќа назад во позиција, но при превисок напон на влез, нема време да се крене температурата на трафото за да изреагира истото, така да, дури и ако е неисправен само термо-осигурувачот, не верувам дека ќе испадне дека е само тоа проблемот.
-
фала на сите. Се разбирате во овие работи, а јас не и навистина не знам што да правам.
Дали може да се направи и колку ке чини. Не ми се купува нов фрижидер ако знам дека кварот е 1000-2000 денари....ама па од друга страна, не знам ни како да утврдам. Мајсторот кој дојде рече дека трафото на влез има струја ан излез нема, прегорено е поради висок напон и толку. Моторот не го провери дали е ок...а во КУ нема толку способни мајстори.
Не знам ни дали да чекам ново вакво трафо или термо осигурувач, ново вакво испорака 15 дена од Сервис Македонија, цена 2.000 мкд. Може да излезе дека не е само тоа кварот и џабе ке сум чекал.
Да викнам мајстор да го провери моторот? Овој што дојде ја виде електрониката што е после трафото и рече дека не гледа дека има нешто изгорено...
-
термо осигурачот да го премости за да видси дали ќе проработи фрижидерот, да не дава пари за ново џабе. ако има - има, ако не здравје :)
Моторот не е филозофија да се провери... Нај „обичен“ мајстор треба да знае да го провери. Крај краева, може да намести и обилен термостат и така да работи фришидерот. Се разбира нема да имаш дисплеи и такви работи.
Инаку не сум баш сигурен дека се враќа назад термо осигурачот, сум виден многу што се еднократни, па точно за ков осигурач станува збор не знам, ама знам дека може и да не се врати. Е сега дали има пост регулација, дали има и други заштити, вака не зннам , оти немаме никакво инфо.
@blizzard ако си во можност сликни ја плочата (направи повеќе слики)
-
Прашај го Владо Цопа, можеби ќе може да ти помогне околу трансформаторот да види дали има термо осигурувач.
Ако не се лажам овие треба да се броевите и фирмата.
Unitehna
Vlado
Mobile 070 526 576
Phone number 031 420 808
-
@blizzard: Ај вака... прво, однеси ја плочката за контрола на фрижидерот (електрониката) кај некој сервисер за телевизори, компјутери, лаптопи (се што не спаѓа во бела техника), кажи му кои се напоните за напојување и кажи му да провери дали електрониката е исправна. На неа сигурно има buzzer, LED диоди или нешто трето, така да, ако фали сензор за температура (што сигурно е монтиран во самиот фрижидер и не е на самата плочка), ќе почне да пишти, трепка или нешто трето, што значи дека електрониката е исправна (ако се бунам дека нешто ми фали, значи дека работам ;)).
Во меѓувреме, кажи му на сервисеров за бела техника (оној кој претходно ти го поправал фрижидерот) да провери дали моторот е исправен.
Доколку и двете се исправни (електрониката за контрола и моторот), барај заменско трафо или комбинација на трафоа... или дај му го на сервисерот за телевизори, компјутери, лаптопи да проба да го направи (ако навистина е проблематичен само термо- осигурувачот, тоа е лесно за правење и би требало да знае го елиминира од колото ;)... со тоа што потоа ќе останеш без термо-осигурувач во трафото, но тоа е тоа, подобро така отколку никако ;)).
Ако е моторот неисправен, не вреди да се поправа било што од електрониката. Новиве фрижидери користат фреони кои, да, се многу ефикасни, но за жал се запалливи и ретко кој се нафаќа да менува мотор на нов фрижидер.
Ако електрониката е неисправна (установил сервисерот за телевизори, компјутери, лаптопи), сликај ја од двете страни (и од долната и од горната, гледај сликите да не се матни и да се добро осветлени), па ќе разгледаме во меѓувреме што може да се прави (дали да се бара нова или да те водиме тебе или некоја друг сервисер како да ја оправи... ако може да се оправи). Доколку е ситуацијата ваква, во меѓувреме, за да не си без фрижидер, кажи му на сервисерот за бела техника да ти го врзе моторот директно за мрежниот приклучок (до него директно да оди кабел со штекер), а од некој маркет за уредување на дом и градинa (Хубо, Бриколаж, итн.), купи си тајмер од оние дигиталните (оние кои може да ги програмираш колку да седи пуштен определен уред и во кој ден од неделата) и испрограмирај го да го држи моторот пуштен половина час, па потоа половина час да седи исклучен, па пак половина час пуштен, па пак исклучен. Можно е да треба да ја кориегираш оваа вредноста врз база на твојот фрижидер, за да држи доволно ладно, но барем нема да има потреба привремено да се буши и да се додава рачно термостат, а сепак на крајот ќе имаш гратис тајмер кој може да го искористиш за нешто друго ;).
Во случај и двете да се неисправни, не се мачи со ништо од ова. Фрли го фрижидерот, купи си нов и тоа е тоа :-\.
-
Исцрни одговори, фала многу на сите, стварно ми помагате!
Среќен сум што го најдов форумов!
Ќе апдејтирам ситуација деновиве.
позз до сите :)
-
„Ако е моторот неисправен, не вреди да се поправа било што од електрониката. Новиве фрижидери користат фреони кои, да, се многу ефикасни, но за жал се запалливи и ретко кој се нафаќа да менува мотор на нов фрижидер.“ Ова не сум го знаел, порано ладилниците работеа на арсен, па од безбедносни причини се префрлијана фреон, сега еве пак имаш опасен гас.
Ако го врзи дирекс фрижидерот да работи 24/7 освен што ќе лади повеќе, друга мака нема да има... ни тајмер не треба. Секако ова епривремено решење...
-
Ова не сум го знаел, порано ладилниците работеа на арсен, па од безбедносни причини се префрлијана фреон, сега еве пак имаш опасен гас.
Се определува според ознаките на моторот дали фреонот кој го користи е запаллив или не. Можно е некои и да не се, не викам не, но од она што сум видел, оние јас кои сум ги разгледал, сите биле.
Ако го врзи дирекс фрижидерот да работи 24/7 освен што ќе лади повеќе, друга мака нема да има... ни тајмер не треба. Секако ова епривремено решење...
Можно е да изгори моторот ако го оставиш така да работи многу долго време. За старите мотори, доволно беше ден или два, за новиве... не верувам дека е подолго од 6, 7 часа. Тие не се наменети да работат нон-стоп, наменети се за пали-гаси (работи некое време, одмарај некое време). Затоа и го предложив тајмерот ;).
-
Сандак горење, поради дефект на термостатот 3_4саат неделно одмараше :)
За новиве јбг...
-
Дечки, што мислите за ова решение - најдов трафо, влез ист, излез 18 волти...дали ке може да помине, знаејќи дека овој расипан е 16.5 13.5 волти
Еден мајстор ми кажа дека 1,5 волт е многу за електроника, ама барам и ваше мислење, нашиве мајстори се у-жас...
-
Не мора да значи, зависи каква е електрониката - неколку слики од плочката ќе ја решат оваа дилема.
Иначе ако дава само 18V нема да ти брка работа, ти требаат два напони на излез од трафото.
-
еве две слики од плочата, ако треба повеќе пишете.
(http://www.mediafire.com/convkey/c80a/pr8uede9zsydbl1zg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/424a/swfhdn824018hntzg.jpg)
-
Може да ги upload-ираш истите директно од телефон, не од FB, бидејќи така им се намалува резолуцијата?
-
Јас би ти препорачал да си најдеш мајстор, некој што ке провери што му е и ке најде соодветни делови за замена.
Барајки поефтино решение на погодување ке те кошта нов фрижидер.
-
Вели дека е преголем фајлот...
(http://www.mediafire.com/convkey/1edf/i41syd7953cneq3zg.jpg)
-
Овде и нема што да се поправа.. тоа големото интегрално најверојатно е микроконтролер, така да ако е тоа прегорено, џабе. Еднино види што ознаки имаат елементите означени со црвен квадрат, да се надеваме дека се стабилизатори, па ако избило некаде, тука избило, ефтини се тија
(http://www.mediafire.com/convkey/1431/92bu7c51vycos0zzg.jpg)
-
Трафото е извадено, тоа прво отишло, и мајсторот ја гледаше плочата и кажа дека е ок, не е прегорено ништо. Ама трафото на излез не дава сигнал...
-
ако е сигурен ок :)
-
Да, три мајстори го гледаа, нема ништо на излез, велат прво тоа изгорело за да ја заштити плочата.
-
Вели дека е преголем фајлот...
Ќе ја зголемам максималната големина за фајлови привремено за да може да ги upload-ираш ;).
EDIT: Зголемена е ;).
-
клај ја на имгур, имг бб...
-
Трафото е извадено, тоа прво отишло, и мајсторот ја гледаше плочата и кажа дека е ок, не е прегорено ништо. Ама трафото на излез не дава сигнал...
Најверојатно е во право, но не може да се каже со сигурност без да се провери плочата со стабилизиран извор за напојување... бидејќи, како што претходно пишав, можно е да се случи да купиш трафо и пак ништо да не работи :-\.
Да, три мајстори го гледаа, нема ништо на излез, велат прво тоа изгорело за да ја заштити плочата.
Не верувам дека баш таква била ситуацијата... т.е. не верувам дека оно „намерно“ изгорело за да ја заштити плочата ::). Тоа е првата логична работа која ќе се случи, ќе изгори трафото поради превисокиот напон на примарот, што по автоматизам не значи дека се е ОК на плочата со контролната електроника... иако, да бидам искрен, да, не изгледа како нешто да е изгорено на main board (плочата со контролната електроника).
Патем, ознаката на главната плоча (main board) е DA41-00352A VER 1.0. Шема на успеав да најдам, но има dump од неа на remont-aud.net.
https://remont-aud.net/dump/audio/prochie/samsung_no_srost_shassi_main_board_shassi_da41_00352a_ver1_0/471-1-0-30905
-
Фрижидерот беше исклучен кога дојдовме од одмор, се зачудивме зошто.
Пробавме да го вклучиме не сакаше, па на друг штекер мислејќи дека е до штекерот, оно сите штекери биле со јак напон...
на друг проработа, се вклучи, работеше 15тина минути и одеднаш пак престана, тогаш ваљда трафото има отидено...
се надевам само оно, за плочата сум скоро сигурен дека е ок, ама за моторот...мора да провери мајстор.
-
Јас мислам дека трансформатор 2х15в со регулатор на едниот излез за 12в ке работи како што треба.
Кои се ознаките на компонентите обележани со црвено на сликата.
Од тројца мајстори што ја гледале плочата ниеден не успеа да најде трафо?
-
се надевам само оно, за плочата сум скоро сигурен дека е ок, ама за моторот...мора да провери мајстор.
И јас така мислам, но сепак, прво би ја пробал пред да барам заменско трафо.
Патем, ако можеш сликај ги ознаките на обележаните компоненти.
(http://www.mediafire.com/convkey/407d/oz9uwdgwpw99aiazg.jpg)
-
Еве
(http://www.mediafire.com/convkey/23d5/wduiekot5u9tjxczg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/5424/l9sn7cov63sioxgzg.jpg)
-
Претпоставка ми е дека повисокиот напон (18.5V) се користи за релињата и дека оди кои TIP42C (PNP транзистор) кој има максимален напон меѓу колектор-емитер и колектор-база од 100V, што, по некоја логика, дури и ако за кратко време трансформаторот му дал дупло поголем напон пред да изгори (околу 50V), не би требало да е изгорен. Може и да се одлеми и да се испита, ако сервисерот знае како ;).
Од друга страна, претпоставувам дека понискиот напон (13.8V) се користи за стабилизаторите 7812 и 7805. Нивниот максимален влезен напон им е 35V. 13.5V~ исправен е околу 17.6V, а дупло повисок напон од 13.5V (27V) исправен е околу 36.6V, што е практично малку над максимално дозволената граница на 7805 и 7812. Дури и ако само овие два стабилизатори се проблематични, евтини се и лесно се менуваат ;). Освен тоа, имаат заштита од превисок напон на влез, температурна заштита (се гасат ако температурата надмине определена вредност), како и заштита влез-излез (ако се зезне, кога горат, не пропуштаат ништо на излез, го краткоспојуваат излезот со маса и се натаму само не работи, ништо не гори ;)).
Така да, генерално, да, може да се земе дека плочата е целосно исправна ;).
Јас би пробал со два посебни трансформатори. Едниот нека има излезен напон од 15V~ (15VAC), што исправен има вредност од околу 19.7V. Ова е за малку повисок напон од оној кој треба да се донесе на влез на 7812 и 7805, но е далеку од нивниот максимален влезен напон ;). Другиот нека има излезен напон од 20V~ (20VAC) или било која вредност меѓу 18V~ и 20V~. Тој ќе биде сосема доволен за работа на релињата, како и за правилна работа на TIP42C.
Моќноста на трансформаторите треба да биде меѓу 20 и 30W (VA). Може да се искористат и помоќни (40, 50W), но не би ставил послаби од 20W.
-
Giga, оди направи го, ќе частам ручек у кафана :))) проблем се трафоата, ја неможам еден да најдам а не па два вакви како што ги пиша...
Најдов еден со излез 18 волти. ама само еден излез. Дали мислите дека некој мајстор може да го прилагоди тој, некако? Не сум ич по овие работи, дипл. економист сум хахаха xD
-
Giga, оди направи го, ќе частам ручек у кафана :))) проблем се трафоата, ја неможам еден да најдам а не па два вакви како што ги пиша...
Донеси ми го трафото и плочката, најверојатно ќе ја оправам ;D... а можно е и трафото да може да се оправи, ако навистина е само термо осигурувач во прашање ;).
Пиши ми ПП ако си заинтересиран, од Скопје сум ;).
За моторот, ќе мораш да консултираш сервисер за бела техника... не дека не знам, знам како да проверам, ама ќе треба од Скопје да ме земеш :P :D.
Најдов еден со излез 18 волти. ама само еден излез. Дали мислите дека некој мајстор може да го прилагоди тој, некако? Не сум ич по овие работи, дипл. економист сум хахаха xD
Зависи колку е моќно, но сигурно има причина зошто оригиналното трафо има засебни секундари (галвански одвоени намотки, две засебни намотки). Само со едно, дури и ако може да се преправи да работи само со еден секундарен напон од 18V од кој се вадат сите останати напони (од него да се вади и понискиот напон од 13.5V~), најверојатно ова не е добра идеја. Релињата најверојатно прекинуваат високонапонски уреди (колку што разгледав online, плочката за контрола е од No Frost фрижидер, така да, значи сигурно има вентилатор за циркулација на воздухот, кој сигурно се пушта и прекинува од работа со помош на релињата, па затоа е ставена засебна секундарна намотка само за контрола на релињата, ако случајно нешто се зезне, да не отиде висок напон накај нисконапонската електроника), така да, јас барем лично, не би ги ставал на иста напојувачка линија со нисконапонската електроника.
-
Се слагам со GW дека не би требало да има сериозен дефект, има кола за регулација, и да с еизгорени по 30-40 денари се.
-
апдејт - најдов дел - ново трафо од Сервис Македонија, ке го чекам 15 дена...се надевам само тоа е расипано и дека кога ке го сменам ке проработи.
фала на сите за помошта.
поздрав,
-
Чекаме резултати овде, со среќа. :)
-
Ајде, со среќа нека е :).
-
Дечки, денеска стигна трафото, го наместив, диспејот проработи, фрижидерот се вклучи почна да работи...
НО...
После пола саат работа приметив дека само замрзнувачот работи ( долен дел ), а фрижидерот не лади. Замрзнувачот си ги постигна своите -18 степени, а фрижидерот воопшто не лади, на дисплејот покажува 30 степени и внатре не е ладно ( точен е дисплејот ).
Што би можело да биде, ајде хелп плс...што да правам сега?
-
Фрижидерот има само еден мотор или два? Ако има само еден, провери дали има перка во внатрешноста на фрижидерот (мислам на мотор со перка), би требало да биде под некое пласично куќиште и да биде испакнато, можно е да има лого No Frost на капачето. Извади го капачето и види дали врти перката. Ако не врти, најверојатно изгорен е моторот.
No Forst фрижидерите функционираат на ист принцип како климите. Разладните тела не се во внатрешноста на фрижидерот туку се надвор од него, а мотор со перка го внесува ладниот воздух во фружидерот, т.е. внесуваат ладен воздух од разладниот систем за фризот во него. Затоа не фаќаат мраз ;) (барем не во внатрешноста на фрижидерот и фризот, но ова е друга приказна, каде всушност фаќаат мраз и каде се празни/топи тој мраз ;)). Поголемиот дел од ладниот воздух оди во фризот за да постигне пониска температура. Помал дел од ладниот воздух оди во фрижидерот за да постигне повисока температура (во однос на онаа во фризот).
Ова е многу упростен приказ, но генерално земено, вака функционираат No Frost фрижидерите ;).
Ако има втор мотор... најверојатно е изгорен вториот мотор :-\.
Ај прво провери ова што пишав, па пиши каква е ситуацијата ;).
-
како да видам колку мотори има? Има на средина на фрижидерот едно такво пластично, по цела вертикала, ама не знам како се вади...
ај ке сликам да видите
-
Пиши модел....
-
Samsung RL41WCSW
-
Хммм, не то најдов ама мислљм дека има некој вентил и 1 мотор
-
http://www.manualsdir.com/models/samsung/rl41wcsw.html
-
Ова е user manual, треба service manial, али ако е расклопен сликнин го.
-
RL41WCSW би требало да е сличен со RL41WGPS, за него вади повеќе информации и слики. W-то на крај од RL41WCSW означува дека е White (бела боја), а S-от на крај од RL41WGPS означува дека е Silver (сребрена боја). И двата би требало да се многу слични (мотор, принцип на работа), со некои мали разлики (боја, серија, година на производство, итн.).
И твојот би требало да има нешто вакво, види дали може да ја расклопиш таа пластика.
(http://www.mediafire.com/convkey/677f/loi4dxrktttsjwpzg.jpg)
-
Пробав и успеав скоро цело да го извадам ама проблем ми прави горе кај што е светлото, фасонката не можам да ја извадам никако и ми е страв да не скршам нешто ако запнам...
а во user manual пишува дека ако сакаш да смениш светло да викнеш мајстор, нема објаснето како сам да смениш..
Инаку да, фрижидерот е ист таков само бел :)
-
Дечки, дојде мајстор, го отвори долниот дел од фрижидерот ( каде што е комората ). Оно уствари комората што работи си работи, ама има моторче - со вентилатор кој го носи ладниот воздух во фрижидерот.
Тоа моторче има на него трафо кое истотака од јакиот напон прегорело. И сега практично џабе што го сменив едното трафо, кога ке мора и ова да се смени.
Еве слика од тоа моторче, на него е закачен вентилатор кој врти...
(http://www.mediafire.com/convkey/280f/anz56buui3yz5vyzg.jpg)
ако некој може да иам вакво, пишете.
Мајсторот го зема за да и он провери кај може да најде...ако не, ке порачам пак до Сервис МК.
-
Моторчето е прегорено?
Toa не е трафо, намотката од мотот е...
Јави од кај што го набави трафото, ако е до кај 700 ден, земи такво, ако е по скапо, имам скично, значи не е исто, малце е поголемо и има пократка осовина. на дребонг може да му настават осовина, не знам како стоело тоа предходно, но може да се напасира, ако не може крај краева со жица ќе го стегниш, и да не бучи ќе ставиш внатрешна гума измеѓу. Јас ќе ти го дадам така моторчето, секако така ми стои, а пат и дребонгна твоја сметка. деновиве ќе ти прата и слики, не сум дома моментално
-
тоа е, намотката од моторот изгорела од јакиот напон, ќе видам ако не најдам ке пробам со твојата
фала!
позз
-
а во user manual пишува дека ако сакаш да смениш светло да викнеш мајстор, нема објаснето како сам да смениш..
Је*оте ;D ;D ;D... ц ц ц ц ц... до кај стигна работава, да викаме мајстор за да смениме сијалица ;D ;D ;D.
Еве слика од тоа моторче, на него е закачен вентилатор кој врти...
[...]
ако некој може да иам вакво, пишете.
Ова е класично синхроно моторче... има ист принцип на работа како и повеќето вентилатори ;). Ако не најдеш заменско, пиши, имам цел куп вакви, ќе ти дадам колку сакаш :D.
-
Фала, да видам деновиве мајсторот дали ке најде и ке ти пишам. Ова стои во еднс пластична како кутија, пиши ми димензии за да знам дали ќе се фати...
ја не го измерив, ај ке му кажам на мајсторот да ми пише димензии.
-
@blizzard: Во кутија ми стојат некаде во работилница, не знам точно каде (мислам дека знам... од прилика... ама не сум сигурен ;D). Во секој случај, ниеден од оние моторчиња кои ги имам нема толкава оска, така да, во секој случај, ако не успееш да најдеш заменско, ќе мораш да се продолжува оската и (можеби) да се преправа пластиката во која се монтира моторчето (во случај да не е со адекватни димензии).
-
Дечки, ме немаше полно време, мислев сум пишал ама некако сајтот не го сочувал коментарот. Да ви се пофалам дека го бидна фрижидерот, моторчето го направија, мајсторот нашол винклер кој го премотал и сега си работи супер. Ме чинеше 1000 денари.
Претходно 2000 денари за трафото, значи вкупно 3.000 ама секако боље од нов фрижидер мин. 25.000 денари :)
фала на сите за помошта!
поздрав,
-
Ова 1000-че изгледа им е стартна тарифа на винклериве :)
-
Според мене не скапо.
Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој месец.
Според мене има изггубено време трошок за жица амортизација на алати и да не набројувам...
-
Мислам дека мајсторот за фрижидерот ги лапна сите пари, а го замолил винклерот кој му е пријател да му го навинклува моторчето :) можда ке го почасти нешто, ама мене не ми е битно, т.е. му кажав кога му давав пари дека сигурно и винклерот ке сака нешто. Не дека мајсторот нешто многу направи, го отвори долниот дел од фрижидерот и го извади моторчето, ама тоа што знае винклер што ке го поправи е битен момент. Да не беше мајсторот ке морав да дадам уште 2.000 за ново моторче од сервис македонија :)
нека им се алал парите, а мене фрижидерот да ме служи уште години :)
се на се, од утката на ЕВН со дупла фаза, курбан отиде кафематор 3.000 денари и 3.000 за поправка на фрижидерот. Мислам дека имам среќа што уште нешто не прегоре...
позз
-
Според мене не скапо.
Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој месец.
Според мене има изггубено време трошок за жица амортизација на алати и да не набројувам...
последно мотав мотор од косилица за трева, 1kw, има повеќе расход, а за иста цена ја премота ... :)
Blizzard, бувни варистори , следен пат и да ги греши фазите ќе смениш само осигурачи и варистори, кои се далеку поефтини од 6000 денари :)
Консултирај се со електричар за монтажа, едноставен зафат е....
-
Бицикле секој го цени трудот и извршената работа според негови сопствени калкулации .
Цената за иста работа може да биде различна од многу причини, ај да наброиме некој
Во Скопје и во Пехчево, различен стандард различна цена. Мајстор, плаќа данок и кирија другиот работи дома и на црно... да не набројувам има и повеќе други фактори кои влијаат на цената на услугат или на производот, така да за мене тоа е се релативно и од случај до случај.
-
Битни да си задоволен како муштерија, уредот да работи варем 2-3 години и да имаш есап да го поправиш, па што праел мајсторот најдобро е да не се замараш. Сам пиша дека некад е подобро да ставиш стар дел негонов кинески. И за коли е така, не само за бела техника\електроника. Други се стандардите за резервни делови, други за тие што се вградуваат.
-
Мислам дека мајсторот за фрижидерот ги лапна сите пари, а го замолил винклерот кој му е пријател да му го навинклува моторчето :) можда ке го почасти нешто, ама мене не ми е битно, т.е. му кажав кога му давав пари дека сигурно и винклерот ке сака нешто. Не дека мајсторот нешто многу направи, го отвори долниот дел од фрижидерот и го извади моторчето, )
Мајсторот изгубил време можеби и друг муштерија, знаел каде и што да бара и провери, тоа се се наплаќа.
Секаде во светот тоа е нормално да се наплати освен во Македониа, затоа мајсторот рекол 1000 за винклерот.
Ако каже 500 за винклерот 500 за мене, реакциите кај народот се од типот, за 2 штрафа бараш 500 ден ти луд ли си?
Не сугерирам дека ти си таков, незнам каков си.
Со здравје да го користиш фрижидерот.
@bicikle Зошто би биле други стандардите за резервни делови? Имаш резервни делови со полош, исти и подобар квалитет од оригиналните.
-
абе ја и 2000 да ми побараше ке му дадев. Да знаете само како е 2 недели на горештиниве како е без фрижидер :) а човекот за 2 дена го направи.
Мајсторот и ништо да не направи пак ке заслужеше 1000че, бидејќи најде човек кој ке го направи моторот. Дали ке му даде пари на винклерот не ме интересира, тоа си е меѓу нив. Во денешно време конекциите се битни за успешна работа.
Дај објаснете што е тоа варистори? колку пари би чинело за во стан? Чудно имам осигурачи комплет, зашто немаат избиено при двојна фаза од цца. 400 волти во штекер...?
-
Ако мајсторот е професионален и даночен обврзник треба да чивее и тој и неговото семејство и да ги плаќа сите останати давачки што пристигаат во сандачето секој месец.
Чисто се сомневам дека е даночен обврзник, но без разлика, не поминал скапо ;). Нека му се алал парите ;).
абе ја и 2000 да ми побараше ке му дадев. Да знаете само како е 2 недели на горештиниве како е без фрижидер :) а човекот за 2 дена го направи.
Браво :). Пак ќе пишам, алал нека му се парите :).
Мајсторот и ништо да не направи пак ке заслужеше 1000че, бидејќи најде човек кој ке го направи моторот.
Токму така ;). Ова е многу често поважно од тоа што си направил за тие пари - да ги знаеш правилните луѓе и контакти ;). Он се бафта со фрижидери, нормално е дека ќе знае луѓе кои винклуваат мотори ;). Ти не си во таа бранша, нормално е да не знаеш винклери ;)... но, ако сакаш итно да се среди проблемот, епа да, ќе си платиш за таа „информација“ (т.е. он ќе го однесе, за да не дознаеш кај кого го носи, за не одиш сам друг пат, добра финта и често ја прават мајсторите ;), но сепак, не си поминал скапо ;)).
Дај објаснете што е тоа варистори? колку пари би чинело за во стан? Чудно имам осигурачи комплет, зашто немаат избиено при двојна фаза од цца. 400 волти во штекер...?
Варистори се едни малечки делчиња, личат на осигурувачи, и се активираат (одат во краток спој) ако напонот меѓу нивните краеви надмине определена вредност (на пример 250V~). За разлика од осигурвачите, се поставуваат паралелно меѓу фаза и нула или меѓу две фази. Може да се монтираат во штекер или во продолжен кабел... практично, било каде, мали се :). Се поставуваат по осигурувачите, бидејќи, поентата е, ако напонот надмине определена вредност, они да изреагираат, да направат краток спој во колото (меѓу фаза и нула) и осигурвачите да изгорат (или да се стават во OFF позиција ако се електромагнетни, од новите). Се разбира, пред да ги смениш осигурувачите, ќе треба да ги смениш варисторите бидејќи, ако ги смениш осигурувачите, пак ќе изгорат бидејќи варисторите прават краток спој во колото (или евентуално да ги извадиш... ако си сигурен дека се е ОК во електричната мрежа и дека нема опасност до уредите ;)). Но, откако ќе ги извадиш или смениш, се ќе си биде ОК :).
Се продаваат и продолжни кабли со варистори во нив, побарај ;)... ако не сакаш да викаш електричар да додава варистори во електричната инсталација ;). Не е голем зафат, но одезема време и пари... ти си знаеш, како сакаш :).
-
Варистор е исто како осигурач само што нсместо на струја реагира на напон, до 250вац има многу голем отпор ( исто како да не е ставен) но над 250 вац отпорот паѓа рапидно и прави краток спој, со што ги турка осигурачите.
Трафото и моторот би повлекле т.е. повлекле скоро дупло струја, но тоа е далеку од 10А за да реагира осигурачот, но сепак многу за ними.
"@bicikle Зошто би биле други стандардите за резервни делови? Имаш резервни делови со полош, исти и подобар квалитет од оригиналните"
За бела техника стриктно не сум сигурен, но во автоо индуструјата е така. Зошто? Појма немам, ама е така, таква им е политиката и тоа е тоа.
Не реков дека е скапо или ефтино, него некако дојде стартна тарифа. А баш моторот од косилица го премптував ск, кај што е поскапо.
И па ќе потенцирам дека не е скапо да дојде дома кај тебез да го извади моторот, да бара винклер, да го однесе, да го земи и да го намести за 1000-че... Можел да ти речи барљј си сам или земи нов ќе го монтирам...
-
Едит: Гига, колку би одзело монтирање на 6 варистори, и колку би чинело? Варисторите се ефтини, монтажата не бара нимпраекопувања ни ништо, на главните осигурачи ќе ги монтира за 15 минс испраксан мајстор , колку би зел? Или на продолжен нека е, или штекер...
-
Едит: Гига, колку би одзело монтирање на 6 варистори, и колку би чинело? Варисторите се ефтини, монтажата не бара нимпраекопувања ни ништо, на главните осигурачи ќе ги монтира за 15 минс испраксан мајстор , колку би зел? Или на продолжен нека е, или штекер...
Не знам, искрено не сум монтирал (ниту пак имам монтирано дома за да знам), затоа и го пишав тоа што го пишав, дека има и други опции (продолжен кабел со варистор во него), во случај да е скапа опцијата за монтирање на варистори директно во инсталацијата ;).
-
Колку да е скапо 4 жици да врзиш :) Баш тие каблите со варистор се ужас скапи... 2000+ ден. доуша се со ауто ресет, ама ваљда нема 10 пати во годината да ги мешаат фазите xD