Го подржувам одговорот на MURO, нема никаква теоретска шанса да се фати радио Белград на FM. За АМ можеме да правиме муабет. Можеби твојот радио тунер има и АМ и FM, па можеби си слушал АМ. Јас во Швајцарија слушав Радио Скопје на AM.
ТeslaBt, јас се наоѓам на околу 800 метри надморска висина (Дихово), многу повисоко од самата Битола, со мојот радио тунер со перфектно изработена самоделска антена не ми се случило да го постигнам тоа што бараш ти. Заборави на тоа, погоре колегите добро ти објаснија и мислам дека не треба да надополнувам тоа што веќе е кажано.
За антена, ок, можеме да правиме муабет да најдеме некоја шема, но дека ќе фатиш радио Белград, заборави. Сум изработил еден куп антени и тој феномен не ми се случил, доколку тоа ми се случеше таа антена ќе ја патентирав
Од Битола до Белград има околу 500 километри и нема теорија на FM