@Toma: Не знаев дека во Југославија се произведувале екрани, неинформираност од моја страна
.
Без разлика, се правеле за Европско подрачје (Југославија и Европа), па не е ни чудно што ознаките се во cm наместо во инчи. Откако се стана NTSC (и да е сигналот interlaces, тоа пак на крај се се декодира и прикажува како една слика, а не две полуслики... PAL и interlaces остана само поради компатибилност, практично секој модерен LCD кој може да декодира PAL, може и NTSC и SECAM сигнали без проблем да декодира), се наметнаа ознаките за големини на екрани во инчи.
Плус, го заборавате фактот дека индустријата за LCD екрани прв пат се прошири во светот на компјутерите, каде што димензиите на мониторите по default се изразуваа во инчи. Не е ни чудно што тоа многу лесно се „прели“ и во светот на телевизорите.
И, како за крај на репликава, што е моментално разлика меѓу LCD телевизор и LCD монитор? Освен тјунерот и нешто плус софтвер во телевизорот, ништо друго. Така да, пак ќе кажам, не е чудно што димензиите почнаа да се мерат во инчи и кај телевизорите, дури и кај нас.
Да да, и не само тоа, имам заприметено В за Волт, Вт за Ват, Фд за Фарад.
Тоа им се ознаки уште од времето, кога ознаките беа кирилични на компоненти произведени во СССР. Па они си имаа и кирилични тастатури и оперативни системи на Руски кога развиваа компјутерска индустрија која (као демек
) требаше да биде конкурентна на западните технологии. Се остана само на пуста желба. Сега се знае кој е стандардот, ANSI и IBM Compatible PC... а и двете се Американски.
Кај Русите, тоа е традиција уште од времето на комунизмот. Во Југославија, се користеле западњачките ознаки, т.е. Грчки и Латинични. А и во средните училишта и факултетите низ Југославија, секаде се учеле латиничните ознаки. Не гледам поента да измислуваме „Македонски ознаки“ или па да ги прифаќам Руските. Да, нема збор дека Русите се закон за многу работи (пиратерија, иновативност, итн.), но со тоа „се да биде на Руски“, дури и на нерви ми идат
. Помирете се со реалноста, изгубивте во студената војна, нема поента да форсирате вашиот стандард да биде супериорен бидејќи западњачките веќе станаа стандард.
Ова ме потсеќа на стандардот за wireless data transfer на ITUT. Додека они се договорат како да го викаат, како да го стандардизираат, како да се произведува, Американцине веќе правеа рутери со Wi-Fi... тоа е тоа, касно палиме за некои работи ние Европјаните, вклучувајќи ги и Русите
. Американцине ги интересира само профит и затоа се за скоро се први
. Е потоа, откако стана популарен Wi-Fi, мораа да го стандардизираат и некако да го одобрат и во ITUT.