И да и не. Техниката на генерирање на стерео сигнал се вика балансирано модулирање со помош на таканаречен Double sideband suppressed carrier (DSBSC) модулатор. Тоа модулирање математички (и ако се оди по учебник) е боли глава меѓутоа ако ја оставиме математиката настрана е навистина менување на левиот и десниот канал по одредена фрекфенција f. Меѓутоа, во природата се е синусоидално и ние неможеме тукутака да го пуштаме левиот и десниот канал х пати во секунда бидејќи ќе создадеме хармоници и ќе изгубиме квалитет. Идеалниот балансен модулатор го менува по синусоидален закон левиот и десниот канал во еден сигнал кој има спектар составен (sidebands) од левиот канал и десниот канал во спектарот без носителот. Интересното тука е што овој модулатор истовремено е и мешач бидејќи немаме обична модулација (сигнал кој се модулира) туку имаме два сигнали кои се модулираат. Кога се мешаат два сигнали се добива спектар (sidebands) од збирот на сигналите и модулационата фрекфенција и разлика од сигналите и модулационата фрекфенција. Значи теоретски имаме 4 фрекфентни sidebands. Бидејќи физички спектарот може да е само десно (фрекфенција поголема од нула) ние имаме 3 бидејќи едниот (најлевиот е негативен по фрекфенција). Од тие трите, првиот е Лев + Десен канал сигнал кој се наоѓа од 0 до 15КHz (супер, се погоди да моно радијата фаќаат Лев+Денен) и втор+трет е погоре модулираниот сигнал на 38КHz со спектар + и - 15КHz во ширина. Бидејќи рековме дека овој модулатор во оваа конфигурација е и мешач горниот sideband на сигналот е всушност Лев-Десен.
Со ова ги имаме двата сигнали (Лев+Десен и Лев-Десен) со кој може подоцна со операциони засилувачи да се одделат посебно левиот и десниот сигнал. А каде е тука тој пискав тон од 19KHz? Тој е тука бидејќи овој тип на модулација нема носител а за да се демодулира мора да биде во фаза со модулаторот. Што значи тоа, тоа значи дека мора да се знае кога „почнува“ левиот канал а кога „почнува“ десниот канал. Тоа го решиле со сигнал со 2 пати помала фрекфенција од носечката 38KHz (19КHz) и што е во фаза со носечката. Овој сигнал го користи стерео приемникот за да се локува (PLL), да биде во фаза за да може да декодира и плус за да знае ако има 19KHz сигнал да го вклучи стерео декодерот а ако го нема овој сигнал да не го вклучува.
На крајот на спектарот е RDS сигналот на 57KHz но за тоа другпат, се подготвува веќе едноставен RDS кодер. Се надевам е јасно.