Имав неколку барања во последно време,да направам некој уред за да се озвучи најлесно акустична гитара.И најефтино,секако.Е,па сега може и на Форумов некому ке му притреба или досега не се сетил да побара такво нешто.Значи земете што поголема пиезо плочка и преку потенциометар врзете ја по шемата.Потоа за проба врзете ја под кобилицата на гитарата( тоа е оној дел на гитарата позади отворот каде се ставаат жиците!!) со селотејп или самолеплива фолија и пробајте да ја уклучите на некој засилувач.Пиезото има голема импенданса и добро се носи со микрофонскиот влез на миксерот,само внимавајте на гејнот и тонските контроли- извадете малку од високите.Вторите две шеми се предпојачувачи ,скоро се исти ,со еден фет,може и обичен BF245 или сличен .Тој ,со батеријата од 9V ,ставете ги вопосебна кутија на појас, на ременот на гитарата или ако сте мајстор во самото тело на гитарата.
И музицирајте со здравје.