Author Topic: Кинески скутери.....вредат ли?  (Read 3372 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Што се однесува до мене никогаш нема да сакам да имам кинески скутер. Тоа не значи дека ги деградирам сопствениците на кинески скутери, не! Апсолутно не. Темата добро кажува дека тука би сакал да размениме мислења околу нив. Тоа што велиш дека ти е интересно што ваква тема отвара некој што немал киунески скутер, не би купил таков бидејќи познавам еден куп луѓе што се навистина разочарани.  Доколку Ти се одлуче за кинески скутер, јас се надевам дека ќе имаш пријатна забава со него. Проблемот со кинеските скутери е тоа што не се тестирани. Несоодветните материјали ги прават далеку неквалитетни. Дури и некои ги нарекуваат „смртоносни стапици„ Кина прави копии од се и сешто, копии од регистрирани патенти. Што се однесува до скутерите, прават копии на познатите марки како Априлија, Хонда, Јахамха и така натаму. Тоа се неодобрени копии или на некој начин „крадат модели„, многу од тие што имаат кинески скутери на некој начин станале самите механичари.
Во ред, има и луѓе кој можеби се задоволни, се надевам дека си и ти задоволен и ти посакувам да го возиш уште многу многу години. Јас го кажав мојот личен став кон нив. Јакоста на материјалите мене ми е струка, затоа верувај ми дека знам што зборувам.
Кинеските скутери се најголема конкуренција на пазарот на скутери и ги уриваат цените. Колку пари, толку музика,  велат старите. Доколку некој се одлучи за кинески мотор од 2000-3000 евра тогаш тој најверојатно ќе биде поквалитетен од тие што се неколку стотина евра

На Youtube има еден куп видеа кој кажуваат за квалитетеот на кинеските скутери. Еве неколку од нив.

Мислења од еден експерт за скутери.

Pride Of Cleveland VONROAD scooter test

Pride Of Cleveland test of Roketa Carpi150

POC report on Wildfire Scooter
Hams do it! With Frequency

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Абе со кинескиве веспи, како и со се друго кинеско, е игра на среќа. Ако имаш среќа ќе ќариш некоја добра, на пример имам едно другарче, купи кинеска веспа, сите му збореа абе ќе ја фрлиш за пола година, ќе ти зариба, ама еве го уште ја вози има веќе 4 години, секако не е како на почеток, послабо влече сега, ама сепаќ вози  :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
@TimElektronik на твоето страв му е да се расипи  :D

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Не знам во кој дел не бев јасен стварно.
Ја веке го имам еве неколку години и кажав што сум му сменил.Може сум имал срека а може и не.Кој ке му знае.Ама едно е сигурно и Бицикле е во право.Скутерот едноставно не смее да се расипе.

Offline stefan1984

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 116
Баш така "многу од тие што имаат кинески скутери на некој начин станале самите механичари" јас земав за превоз и тоа како оние копија на пиџо веспа две беа во СК, кинезите може во иднина ќе имаат најдобри мотори. кинеските се клонови на хонда претежно јас со моето бев до лазарополе, охрид, штип во првата година, го имав 4г и дадов за него исто пари колку што го купив. Сега овие што се како јамаха папаки или хонда каб (SH) иако се кинески гледм луге се фалат, а во грција за 170е. имас цел мотор за нив. мој совет ти е да си земеш таков полуавтоматски.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Најдобрата кинеска марка на мотори и скутери е Quinqui. Единствена фабрика во која што инвестира HONDA. Quinqui за некои модели на Хонда произведува и машини, односно мотори. За нив можам да кажам дека се ок.
Овие што се увезуваат кај нас немаат никакви атести или TÜV, во европската унија мислам и не може да се увезуваат пред се заради безбедносни причини, но кај нас нашле слободен пазар

Еве еден клип од кинески мотор, за кој се чини дека цревата му излегоа
Hams do it! With Frequency