Author Topic: Кинески скутери.....вредат ли?  (Read 3371 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Кинески скутери.....вредат ли?
« Opened on 10.03.2014, Monday, 23:51:39 (Edited 10.03.2014, Monday, 23:53:25) »
          Веќе подолго време планирав да слушнам ваше мислење околу евтините кинески скутери.      Можеби и вие поседувате еден таков, а можеби имате некоја светска марка. Оваа тема ја отварам да размениме мислења и искуства околу нив. Сите сме свесни колкава конкуренција тие претставуваат на нашиот пазар и улиците се преплавени со такви скутери.
          Пред две години во Велес на пат кон Велешко езеро за малку ќе прегазевме еден бидејќи кинескиот скутер не му беше исправен. Тој заврше на нашата шофершајбна, а скутерот под автомобилот.
          Познавам еден куп случаеви дека после една година машината на таков кинески скутер е при крај или едноставно ќе рикне, а нема ни 5.000 километри. Има и случаеви кога на сред возење предницата ќе се одглави.



          Според мене тие се скутери за една сезона. Јас како мајстор во машинството сум имал доста работа со сопственици на кинески скутери и полека ми се смачуваат и ги избегавам.
          Кога полагав за А-категорија еден од кандидатите рече дека ќе купува кинески мотор од 1500 евра. Јас го советував наместо да купи нов кинески, да си купи половна Хонда, Јамаха или некоја друга позната марка. Не ме послуша и купе кинески. По една година ми се пожале дека рикна.
Доколку сте љубители на скутери, мој совет е наместо нов кинески скутер, за истите пари да купите половен скутер кој е од познат производител. Во секој случај ќе го возите повеќе од кинескиот.


Доколку имате некакво искуство со нив, позитивно или негативно, ве молам да го споделите тука.
Hams do it! With Frequency

beethoven

  • Guest
Одма кога се знае дека е кинеско тогаш сигурно е неквалитетно

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Не секогаш... Има,(ама МНОГУ ретко) работи што се квалитетни, а производителот е од Кина...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Не значи дека ако е кинеско е неквалитетно, немојте да оцрнувате цела нација затоа што некој негде нешто зафркнал, има кинеско и кинеско, исто како што има турско и турско, германско и германско. Зависи само тоа дали е стандардизирано или не, колку внимание е посветено на она што се прави, каков материјал се користел и слично.

Еве ќе ви кажам нешто за еден човек кој пред некое време беше во Кина и бараше фирма која ќе му изработи одреден продукт, му покажаа 2 прототипи од продуктот еден поскап и еден поефтин на изглед и функција исти, ама едниот како што се произведува воопшто не се внимава како ќе биде на крај, а другиот за секој чекор кој го поминува во фабриката продуктот има човек кој го прегледува и така се сортираат, е сега требало секој чекор на производство засебно да се плаќа (контролата), што е и нормално затоа што за секој чекор да се контролира мора да има човек кој ќе седи и го контролира производот.

Имам другар кој има некој „чопер“ и веќе неколку години го вози, презадоволен е до сега немал никаков дефект со него, има поминато повеќе десетини илјади километри (оти само на него се шета) и не се има пожалено сеуште
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Кинески скутери.....вредат ли?
« Reply #4 on 11.03.2014, Tuesday, 14:54:29 (Edited 11.03.2014, Tuesday, 15:09:43) »
Имам и јас слушнато дека имаш разни квалитети на кинески производи, мислам 15 класи се ако не се лажам. Баш еднаш истражував на интернет што е толку работата со тие скутери. Најдов одговор дека таму во фабриките за скутери добиваат околу 25 долари месечно, а за тие пати мора да ја исполни нормата какво такво само да излези од фабриката. Тој работник има 8 деца на пример а за нормата да ја исполни не внимаваат толку на квалитетот. За увоз во европската унија мораат да ги исполнат сите атести и контроли, а бидејќи не се исполнети во целост само на неколку производители им е дозволен увоз. Останатото доаѓа кај нас.
Јас паметам во времето на ЈУС стандардот кога беше, се велеше дека турската роба е најнеквалитетна. Сега кога повеќе не се оди спрема ЈУС турската роба стана најквалитетна на пазарот. Е сега кинеската роба испадна понеквалитетна од турската.
Девил, не оцрнувам нација јас, ама свесни сме за кинескиот квалитет.
Еден радиоаматер набаве евтин кинески антенски кабел RG-213 кој треба да е 50 омски, а на крај испадна дека е 30 омски, тотално промашен.
Што се однесува за скутерите и нивните делови, на еден другар во возење му пукна гумата, секако кинеска.
Во право си Девил дека има разни квалитети. Јас имам видено кинески дребонг да работи подобро од германски, ама тоа беше во времето кога и кина поветуваше внимание во индустријата, сега се оди на квантитет, а квалитетот е на некој начин занемарен.
Не знам за поголемите мотори, односно чопери, ама овие 50сс скутери се далеку од квалитетни. Најповеќе рикаат оние јујунг или не знам како се викаат.
Запчаниците на тие YUYUNG се толку меки, што со обичен бонсек лесно ќе го пресечиш, како од алва да се направени
Hams do it! With Frequency

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Кога го купував Keeway-от 2008 (1300еура) другарите ми се смееа зашто сум давал толку пари, кога истото ќе ме чинело 500-600 еура. Некој си ју-јинг му-јинг или што знам кој јанг. Мислам дека имаше и еден Гланц ама тој малку поарен беше. После шест сезони кивејот (исто кинез ама од тајван) трошеше само бензин и двотактол и еден акумулатор (а не го рачунам украдениот), а другите евтини кинези трошеа се и сешто и се расипуваа нонстоп. Ова зборам за кинеските скутери од другари и познаници што исто уште ги возат веќе 6-7 па и 8 сезони. Значи и тие уште возат. Само што нивното е турни ме да кинисам.
Колку пари толку музика.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Кинески скутери.....вредат ли?
« Reply #6 on 11.03.2014, Tuesday, 15:12:03 (Edited 11.03.2014, Tuesday, 15:19:52) »
Во Велес постои фирма  која  продава кинески  скутери.Да ви кажам ,можеби не се знае,ама тука се склопуваат !! Значи,ги добива во делови,па сам ги склопува.Бидејќи живеам со човекот ,знам отпрвен се нервираше со набавките бидејќи дури и пластиката беше неквалитетна .Но,сега работи со JONWEY( така мислам се пишува) и тие се вели далеку поквалитетни,особено чоперите.Но,сепак,еве рано сабајлинава 28 годишен Велешанец го загуби животот припад од мотор.Значи,многу верба на две тркала да немате  :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не реков дека ти спомнуваш, овие децата почнаја кинеско не чини, незнам што...
нема врска, и јас викам дека има кинеска роба која е катастрофа, ама кога сакаме поефтино да поминиме, ќе го земиме тоа што го нуди пазарот без оглед на тоа каков е квалитетот, затоа спомнав дека има и кинески квалитет не е се фуш.

За скутерите (или како што ги викаат Веспи, луѓе Веспа е италијански бренд :D), мене ми имаат кажувано луѓе демек се топеле клиповите, појма немам дале е вистина или онака кроз муабет тоа, пошто наводно биле мек материјал и после долго возење и слично можело да настанат штети во моторот
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Можеби и поради недостиг на квалификации. Неквалификувани работници не знаат да работат со толеранции. Исто и при изборот на суровините. Доколку фабриката земи дупло поевтини суровини значи дека ќе произведе двојно.
Доколку овде се склопуваат како што вели Батка, тогаш имаме уште еден проблем со стручна квалификација. Завртките и навртките имаат затегачка јакост и таа ја пише на нив. Според затегачката јакост и дијаметарот знаеш со колку Њутн метри да стегаш глава од мотор, а и не само тоа. Доколку некој тука само така склопува без да ги запази тие параметри, ете ти проблем со машината.
Мојот скутер е една 20 години стара Хонда од 100 сс.  На 68.500 километри го направив ремонт. Тоа е зачудувачки многу за еден стар скутер кој сега вреди едвај 200 евра. Мене ми се смееја дека сум возел олдтајмер и ѓубре, а потоа не им беше до смеење оти по една или две сезони правеа ремонт на машина.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не знам дали сте запознати ,ама Велес е Балкански шампион (и сега и во бивша YU),по број на мотори/скутери по број на жител!!Самата конфигурација на теренот е таква ,за место за паркирање да не зборуваме -( Битола,ти знаеш најдобро како е на Којник ! ;D ;D),па Велешани се уште користат и APN6,Tomos,веспи ( постари модели),но и големи *ламји* по 750,1100 кубици.Не сум голем љубител на мотори,ама знам луѓе кои од потреба ги возат. :D ;) Се на се ,еден Томос поевтино се одржува,работи добро и кога е веке *стар* ,но младиве сакаат да се истакнат,па имам доста барања за ставање аларми,лед светла,штопови со блескање,палења. Кај нас се доста во мода КИТ-овите за појачување,а имаме веројатно и најснабдена продавница за резервни делови во населба Тунел.Според кажувања на пријателчето што работи таму, испраќаат по пошта секојдневно десетици пакети,а барем десетина купци доаѓаат дневно од други градови.Има и други продавници за мотори,ама само неколку добри мајстори. ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Другар мој зеде киви(не знам како се пишува, мислам е кинески) 3 години го возеше и сега уште се вози(7-8години) 150цц. Додуша повеќе на чопер личеше него ан скутер, погабаритен малce. Можда треба да се стегнат одредени штрафови пред употреба. Тоа го имам гледано дури и кај познати брендови на автомобили кои не се произведени во матичната држава и го има истото во упатството.
Кога веќе спомна @батка, поздрави го манче кастомајзерот ако го знаеш и речи му да го напрајт сузукито, веќе 2 години кисни тамо за 2 ауспуси и резервоар хехех (инаку е на брата ми :) )

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,не им се мешам на мајсторите во бизнисот! 8) Го знам човекот,а како и зошто стои две години,вие ке си знаете :D :D Не сум во тој бизнис ,а колегава што возеше мотори веке не е кај мене ,па не сум во тек што е ново на тој план во Велес. ;)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
реков ќе фатам врски ама ништо :D
хехе без разлика кај 2 години ај уште некој месец нека мине па ќе видиме што ќе биде. Зборот ми беше дека многу се чека кај кастомејзерите, што мислам не е во ред али друга тема тоа да не завлагам ептен оф топици. Добро е што има и во мк брзо достапни афтермаркет делови да не се чека со месеци од странство...
Инаку и кај кинезите се наоѓа нешто квалитетно не мора да значи дека све што е кинеско не чини.

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
Јас лично веке 4 сезони имам кинеско 125цц скутерче и сум презадоволен, сум немал никаков проблем до сега, според мене е игра на среќа како ќе ти се погоди.

Offline TimElektronik

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Интересно ми е што во вакви теми највише одговори даваат луге кои никад немале кинески скутер.....
Еве ја имам 150 кубика кинески yiying од тие големите и освен акумулатор и филтер за воздух ништо немам буцнато.Значи нема врска тоа демек кинеско па тапа е.Зависи колу е кинеско.....