Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: DX-er on 01.10.2017, Sunday, 01:01:05

Title: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: DX-er on 01.10.2017, Sunday, 01:01:05

Оригиналниот текст кој го најдов е на овој линк и е на бугарски

Code: [Select]
http://nauka.offnews.bg/news/Tehnologii_7/Kitaj-provede-parvata-svrahtajna-kvantova-videokonferentciia_94979.html
Но чичко Гугл е тука да ни преведе :)

Code: [Select]
https://translate.google.com/translate?sl=auto&tl=mk&js=y&prev=_t&hl=mk&ie=UTF-8&u=http%3A%2F%2Fnauka.offnews.bg%2Fnews%2FTehnologii_7%2FKitaj-provede-parvata-svrahtajna-kvantova-videokonferentciia_94979.html&edit-text=&act=url
Темата ја постирам тука, но ке ја преместам. Сепак не е ра во радио техника.

Дали некој има читано за оваа технологија ?
Title: Одг: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: GigaWatt on 01.10.2017, Sunday, 02:44:12
Quote
Одлучувачката предност на квантната технологија во споредба со конвенционалните комуникациски технологии е дека хакерството е невозможно поради различните закони на квантната физика...

Е сега ми го привлекоа вниманието 8).
Title: Одг: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: DX-er on 01.10.2017, Sunday, 10:27:31
Мене ми привлече внимание тоа што пише дека нема каснење на сигналот. Ако на пример на едната страна (предавателот) се емитува нешто, во истиот момент се појавува на приемната страна без разлика дали е во близина или на крајот на универзумот. Ова никако не можам да го сватам ? Како е можно тоа?
Title: Одг: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: bicikle on 01.10.2017, Sunday, 14:37:49
На сосем друг начин работат квантите. На пример еден квант ако го поврзиш со друг секогаш ќе знаат еден за друг без потреба од било какво поле или медиум без разлика колку се оддалечени. На пример ако се два кванти пикада, на едниот фрлам јас прв стрелки, на другиот ти. Ти секогаш ќе го погаѓаш она што јас сум го погодил.

The AMAZING Secrets Of Quantum Physics | 2016 Quantum Biology Theory Documentary (http://www.youtube.com/watch?v=oEZz68Cr0fI#ws)

Во суштина нема материја, се е енергија ( мој заклучок ).  
Title: Одг: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: DX-er on 01.10.2017, Sunday, 15:19:47
bicikle, ова за мене е сосем непозната работа :( и вероватно ке ми треба повеке време за го сватам начинот на функционирање. Јас сум од онаа генерација што работи со радио сигнали кои патуваат со брзина на светлината :)

Ајде колку за илустрација: дали се сеќавате на сондата на НАСА која испраќаше податоци за планетата Сатурн и нејзините зателити ? Истата таа сонда во моментот кога согоре во атносверата на Сатурн, овде на земјата сеуште пристигнуваа радио сигнали од неа. Дури сигналот згасна после 1 час и од прилика 25 минути. Значи леталото физички не постело а сигнал имало :) бидејки радио сигналот патува со брзина на светлината и му треба време.

Е сега со квантниот начин на комуницирање испаѓа дека нема време на патување на сигналот? Или доколку сондата на НАСА наместо радио сигнал комуницираше по пат на квантна комуникација, при самото согорување на сондата и преносот на сигналот / податоци ке престане ?
Title: Одг: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: GigaWatt on 01.10.2017, Sunday, 17:56:40
Ајде колку за илустрација: дали се сеќавате на сондата на НАСА која испраќаше податоци за планетата Сатурн и нејзините зателити ? Истата таа сонда во моментот кога согоре во атносверата на Сатурн, овде на земјата сеуште пристигнуваа радио сигнали од неа. Дури сигналот згасна после 1 час и од прилика 25 минути. Значи леталото физички не постело а сигнал имало :) бидејки радио сигналот патува со брзина на светлината и му треба време.

Ова не е единственото објаснување зошто сондата праќала сигнали дури и по нејзиното согорување. Можно е само дел од сондата да согорел, а не цела, односно модулот кој е одговорен за праќање сигнали да не изгорел и да праќал сигнали и по 1 час откако сондата согорела, па тек тогаш откажал.

Инаку, не знам точно колку е оддалечен Сатурн од нас, ама не мислам дека на светлината и треба 1 час за да пропатува од Земјата од Сатурн. Мислам дека времето е пократко, 10-тина или 15 минути.

А и мене ова со квантиве ми е... квантна физика ;D. Ништо не ми е јасно ;D. Изгледа толку сум научил на факултет за квантна физика ;D.

А тоа дека во макро и микро светот владеат различни закони, мислам дека е апсолутно неточно. Затоа и со години работат на онаа унифицирана теорија... бидејќи нема логика на макро ниво да важат едни закони, а на микро, други. Затоа и се развива таа теорија, за да ги обедини двете теории ;).
Title: Одг: Кина ја одржа првата квантна видеоконференција
Post by: bicikle on 01.10.2017, Sunday, 18:50:18
Квантната физика е релативно нова наука. На неа работат врвни експерти и и^ ними им е непозната. Ајнштајн со интелигенција двојно повеќе од мојата ако не и тројно успеал само да ја начне. Друго била техниката тогаш но и со денешната технологија не сме нешто по длабоко во оваа наука, така да немој многу многу да си го тупиш умот :) Не ни има некој што би ти објаснил нешто повеќе од видеата на ут. Ни на тие што ја воспоставиле видео конференцијата не и  е јасно како работи во детали :) Така да нас, обичните смртници ми останува да почекаме некој да ни сервира :) А секако е интересна, најверојатно ќе испадне последниве неколку векови цело време сме оделе во друга насока.