Добро, сите знаеме колку се вложуваат пари во „надарени“ млади во западните земји (намерно го ставив во наводници зборот, не поради друго, бидејќи кај нас такви „надарени“ има многу повеќе), а колку кај нас. Кај нив, некој малку да отскокнува над просекот, веднаш оди во некоја „специјална програма“ за надарени деца (дрн, дрн, јариња
, не дека е нешто екстремно посебна, само што имаат адекватно менторство и се вложува во твоето знаење), кај нас, си „забеган“ и никој не те забележува
, а дури и да те забележи некој учител или некој друг, за жал, нема што да направи, ќе си тераш како сите останати
. Кратко кажано, на запад за „надарените“ деца, практично има се на располагање, од финансиски средства, до адекватно менторство.
За жал, така стојат работите... и верувам дека такви ќе си останат, но тоа е тоа. На крајот на краиштата, ако нешто навистина сакаш, ако те води желба и ако вложиш многу труд, ќе го постигнеш
. А и не е баш лошо тоа што кај нас овие работи одат малку потешко, тоа те искалува како карактер и човек, а не на првата пречка во животот да паѓаш во несвест и депресии
... како што знаат да прават западњаците
. „Леле, што ќе правам сега“
. Ништо, ќе се начукаш таа вечер, да го ублажиш малку ударот, ќе гледаш да заборавиш на... што и да било тоа што те ставило во таа ситуација во која си и наредниот ден, на трезна глава, ќе размислуваш за тоа како да го решиш проблемот
. Трето нема. Бегање од реалноста нема.