Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: Atanas on 13.07.2015, Monday, 22:26:20
-
Купувам DC мотор од 800W. Кој има нека понуди тука во темата или нека пиши во ПП.
-
Што ќе правиш со него ако не е тајна?
-
Ќе го вградам на велосипед. Тоа ми е во план, е сега собирам информации, правам пресметки.
-
Одлична идеја - имам прашање не се разбирам во е. мотори? дали може да се направи нешто со мотор од перална (идејава со точакот) сигурно оди преку шајмни за да регулира обртај,DC-AC не е проблем конверторот (мислам) може прашањето не е во соодветна тема но Атанас сигурно би одговорил,се извинувам и фала.
-
Абе не е проблем мотор ама регулацијата како ќе ја напрајш ?
-
Да ви ја олеснам работата
http://www.artas.hr/vozila/elektricna_vozila.htm
-
Одлична идеја - имам прашање не се разбирам во е. мотори? дали може да се направи нешто со мотор од перална (идејава со точакот) сигурно оди преку шајмни за да регулира обртај,DC-AC не е проблем конверторот (мислам) може прашањето не е во соодветна тема но Атанас сигурно би одговорил,се извинувам и фала.
Моторите од машина за перење обично се гломазни а имаат мала моќност така да не би ти препорачал..
Иначе технички би можело да го движат велосипедот - мислам дека моќноста им беше околу 250 вати на намотките за центрифуга... Е сега како ќе ја направиш редукцијата на обртаи.. најдобро би било дирекно на тркалото со „фрикционене пренос“ за да се намалат доволно обртаите што ги има моторот од машина... (принципот на солекс точаците)
иначе и јас експериментирав доста на ова поле :)... со алансер од југо, па после тоа со мотор од батериска бормашина... имаше некаков ефект, ама овие мотори не се предвидени за трајна работа (континуална) него времено.
На крај најдов, (каде ако не на бувљак:) )мотор од некој кинески скутер за ефтини пари, 250 вати беше, па сега треба тој да го уградам на точакот.
-
Барањето ДЦ мотор не е дискутабилно,туку намената.Не бидува било каков мотор.Она што Ајдук го постираше,набавено во КИТ форма би требало да заврши работа.Но,се е врзано со малку повеќе пари.Сепак велат *скржавиот и џомерот исто плаќаат* ;D,па можеби треба да се размисли за тоа бидејќи крајниот резултат треба да биде позитивен.Освен електроника,тука треба и добро познавање механика,преноси,а богами и алат.
-
Целиот офтопик од оваа тема е префрлен во Случајни Муабети, продолжете со дискусијата таму...