Author Topic: Прашањa поврзани со звучници  (Read 117607 times)

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
имам 500w појачало за во кола Kenwood а вуферот дали има 100w и тоа е многу  ;D ;D ти велам кинески е  ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ти го има прегорено? Ај пиши модел од  појачалото...

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
имам 500w појачало за во кола Kenwood а вуферот дали има 100w и тоа е многу  ;D ;D ти велам кинески е  ;D

Дефинитивно: продај го вуферот и купи си појак.

Offline ZEC ELECTRONICS

  • Нов член
  • *
  • Posts: 30
  • Gender: Male
  • Секој новитет денес...утре е историја !!!
    • zec.mk
борис 10....па друже ..се да сватам да смениш...ама и магнетот....епа што ќе ти остане од звучникот...само корпата.....па и таа не ја бива сигурно...чукни ја малце со средниот прст=ќе видиш дека тандрчи.....а иначе измислував јас на времето им менував дебелина на ќица на намотките...им прававе повисоки калеми.....па дури и на дрбонг го проширував зазорот кајшто влегува намотката за да ставам тело со четири реда жица....не се исплати и ништо многу различно нема да добиеш....треба да стаавиш појак магнет и подебела жица на поголемо тело...каде зазорот ќе е што е можно помал- пофес ...за да добиеш повеќе “вати“...и пак тука е проблем да ја стабилизираш мембраната со адекватен еден или два дони амортизери.....амортизер кој нема да тегне на некоја страна ...или да се таласа во самото ребро горе...и на крај мембрана кој аќе биде доволно лесна за да биде звучникот ефикасен - нои доволно јака за да не се прекрши....па капата која големина ќе ја ставиш за ем од една страна да ја зацврсти мембраната...а од друга страна да не пукне мембраната на местото на составв со капата.....па голем проблем е исто дали и кој температура ќе издржи лепакотна спојот помегу калемот и мембраната.....дали доводните сајли ше им го погодиш аголот на влез во мембраната за да не се прекршат - како и должината заради максималната екскурзија..ВО НИКОЈ СЛУШАЈ НЕМОЈ ДА ГО ПРАВИШ ТОА ЗА ДА УШТЕДИШ......уф може уште два саати да ти пишувам...оди купи си звучник - вуфер- наменет за субвуфер за во кола....за 500 вати кенвуд ( реално околу 130-150вати ) би ти требало некој бар 1200 вати да му пишува од 12 инчи...за реално да има бар 300 вати...и обавезно во басрефлекс кутија !!!! -  со цевка ....


поздрав
 
 ;)
бато ЗЕЦ
Сите се добредојдени .....

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
сакам да прашам како се вика лепилото за звучници ( за лепење на амортизерот) знам дека некој ги лепат со неустик мене ме интересира правилно со што ги лепат  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не е битно како се вика лепилото - неостик или Локтит,битно е да е неопренско лепило.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Средните се прејаки ако добро те сфатив,лек е да се додаде калем сериски со басот,пробај со 1mH.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #202 on 15.03.2013, Friday, 00:00:20 (Edited 15.03.2013, Friday, 00:03:41) »
намотај неколку намотки и испробувај додека не добијаш звук што сакаш (најдобро со преклопник), прати табели од прилика ќе ти дадат ориентација... ствар е на вкус се...0.5mH мислам дека би дал најдобар резултат :)

готови скретници можеби има некаде, но нема да добијаш резултат што сакаш, а за калеми нез од кој град си :P

ќе се консултираш со батка за најдобро :P

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве табели за свртници ,па оди по нив .Одбери 6 или 12 дб потиснување околу резот и види кои вредности идат во обзир.Во третата табела се дадени приближните вредности за бројот на намотките и димензиите на калемите.Иначе 5000 Хз е многу висока резна фреквенција.Можеби треба да го смениш високотонецот,доколку најдеш нешто поевтино на пазарот.Според она што го гледам од сликите на басовите им треба добра репарација.

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
батка, изводлива е замена на “капакот“ на мембраната? :P

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да,стручно ја викаат и *калота* ( како дел од сфера) .Одлепи ја внимателно со ацетон/разредувач  и стави некоја и од друг звучник со соодветни димензии.Сум правел дури и од канчиња за кисело млеко ( со фен се загрева околу некое сверно тело ,пополека,за да се добие форма ,а потоа се сече и лепи.За високотонци и помали звучници калота се прави и од топче за пинг-понг.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #206 on 15.03.2013, Friday, 01:46:04 (Edited 15.03.2013, Friday, 01:48:34) »
Има калотата влијание на звукот,пред се на усмереноста ,а богами и на компресијата  на басот.Ако немаш калота звучникот ке биде *отворен* и кутијата ке изгуби на компресијата.Сунгер во кутија - не ,земи лио полнење за перници ( вештачка волна).Ако е само побутната внатре калотата,извади ја врати и го обликот и одвнатре лакирај ја за да добие цврстина ( може и тенок слој лак за нокти или лепак за дрво-дрвофикс).За постари мембрани кои се делумно оштетени или извитоперени се препорачува и премаз на целокупната хартиена мембрана со дрвофикс ,за да се вкрути .Лепакот се нанесува кружно поаѓајќи од ивиците кон центарот ,осносно кон калотата.Мембраната ке отежне,ама ке добие цврстина и ке се подобри дефиницијата на басот,неговиот удар ке биде попрецизен.Гумениот амортизер не се премачкува.Ако има оштетувања на дел од мембраната ,тие се поправаат со парчиња хартија од внатрешната страна премачкани со неостик.Ова се препорачува ако нема шанси да се замени мембраната со оригинална.Поправките(особено ако недостасува дел од хартијата) се прават по можност со делови од мембрана од некој стар ,изгорен звучник.Затоа,ако е звучникот изгорен и неупотреблив извадете ја и чувајте ја мембраната ,амортизерот и спајдерот.бидејќи може да ви се најде.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Да средните се прејаки. Успеав да намотам една намотка (~ 0,75mH), и со неа ги пригушува средните, но мислам дека е прејака. Ќе пробам да направам уште две други 0,45 и 0,27mH па со слушање ќе го барам најдобриот звук. Како што видов од некои табели за вредноси на L и C за различни фреквенции, за 8 ома со 3.3uF испаѓа дека резот за високотонецот е на 5kHz, a со оваа  намотка што ми ја предложи од 1mH долниот рез е на 1250Hz, па би се појавила дупка, затоа ќе пробам со 0,27mH која е за 5kHz, спрема табелата што ја гледам.

Табелите се правени за чиста отпорност, али звучникот осим отпорност има и индуктивност од намотката у него,према тоа сите тие табели не даваат у пракса добри резултати и треба да ти послужат само као старт за понатаму. Према тоа,со 1mH уопште не се добива рез на 1250Hz,него многу повисоко. Слично е и за високотонецот,тоа што према прорачун испаѓа 5kHz уопште не мора да значи дека е така у стварноста. Остави го кондензаторот таков каков е,не мењај тука ништо.
У пракса се прави линеаризирање на импедансата на звучникот со RC елементи па онда може директно да се користистат табелите,или директно се модифицираат вредностите на елементите у скретницата.
0,27mH сигурно ќе биде премалце, а ако со 0,75mH превише се гушат средните, онда направи како планираш со 0,45mH.

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 558
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Ако имаме 3 звучници со различна моќност а иста омажа во една иста кутија како би пресметале колкава ќе биде целовкупната моќност на таа кутија ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #209 on 02.10.2013, Wednesday, 20:33:22 (Edited 02.10.2013, Wednesday, 23:21:33) »
Од ова реченица што ја напиша ,не верувам дека никој експерт  може да донесе заклучок и даде одговор.Пак и сега ке речам,не важи само за тебе,ами  за  сите  понови членови на Форумов: потрудете се да дадете попрецизни податоци за она што го барате! Нема видовити на Форумов.
3 звучници со иста омажа и различна снага!?? Дискутабилна ситуација,колку е разлика во снагата?Дали еден има 100,другиот 10 ,а третиот 3 W ? Или сум  во грешка? Проста математика не може да се направи.Многу е битно КАКВИ и КОИ звучници (само басови,само средни,комбинација бас-среден-високотонец?? Дали има или ке се прави свртница? Или без свртница?За која намена ке биде звучната кутија?Кои се карактеристиките и дали имаш некои податоци за нив???За да не прашувам уште,сега ти малку поопширно одговори!!