Здраво. Браво за колото, доста оригинална електрична шема и мило ми е што ти проработело. Е сега вака. Како прво, лоша идеа е да се користи тиристор во оваа намена, но тоа не ми е поентата.
Како прво, за колку ампери си го дизајнирал ова? Според шемата пошто имаш два 2N3055 во паралела, од прилика максималната струја треба да биде околку 6-7 ампера без опасност на транзисторите. Ако е така, да претпоставиме дека тече 6 ампера струја низ излезот....тоа создава околук 3 волта пад на напон. Сега незнам кој тиристор го користиш ти, но тоа би требало да биде доволно за да го активира тиристорот. Но на него му треба и не така занемарлива струја, од прилика(додуше зависи од тиристор до тиристор) 20-30mA што неможе да ги добие. Најпаметно ти е да пробаш да ставиш транзистор со прилично големо hfe. Истиот ефект се добие, со тоа што напонот на базата ќе треба да му биде околу 0.7-1 волт, за целосно да го исклучи напонот на излез, плус ќе реагира побрзо и нема да му треба голема базна струја.ќе
Со други зборови предлагам, да земеш еден BC109 и колекторот да се постави каде што е анодата на тиристорот, базата каде што е gate-от, и емитерот каде што е катодата на тиристорот, со некое малечко отпорниче на базата од 100R. Друго ништо не би требало да промениш..
А да дополнување. Ако ти е за 6 ампери а ти е, ќе ти треба многу поголем филтер кондензатор за да кога ќе се оптерети колото, да не стане приметливо бранувањето, заради што е мал филтерскиот кондензатор. Барем 6800uF ти треба за таа струја за да имаш стварно добар променлив извор на напојување. Јас лично имам ставено 22.000uF на регулиран извор на напон.
Ако мислиш дека е добра идеа, провери го ова, и кажи резултат.
P.S. Тргни ги отпорниците во колекторите што си ги ставил...немаат никаква функција во твоето коло, само дополнителен пад на напон ти создаваат.
Споено мислење: [time]27 Јули 2010, 03:56:48[/time]
Корекција. Ова следното ќе функционира (барем се надевам). Ќе ставиш дарлингтон транзистор т.е. на пример BC517 и на базата ќе му ставиш 3 диоди 1n4148 во серија со еден отпорник од 100 ома. Вака тој транзистор ќе биде целосно неактивен се додека не се створи пад на напон на отпорникот од 0.5 ома поголем од 2.8 волта што кореспондира на струја од 5.6 ампери. На поголема струја, заштитата ќе почне да се активира, така што на 6 ампера веќе ќе биде активна.
Кога струјата ќе падне под таа вредност, транзисторот пак ќе се исклучи и колото непречено ќе функционира.
Го симулирав во симулатор, и функционира одлично.
Тоа е.
Поздрав