КилоВолт разбрал точно, сакам миксетата да има излез за да можам дирекно со USB кабел да го уклучам во компјутер
Ти сакаш да направиш USB звучна картичка/миксер
.
Ај малку реално да гледаме, ова е... горе долу, невозможно во аматерски услови. Барем не за квалитетот на звук кој сакаш да го постигнеш (студиски).
Еве доказ дека миди ноти постојат, но сепак сфаќам што сакаш да кажиш: ...
Друже, бркаш поими. Нота е нота, а како ќе се презентира нотата, односно како ќе биде означена е веќе сосема друга работа. Ако сакам, јас може да ги означам и со алфа, бета, гама, делта... како сакам може да ги означам и паузите и 1/2 и 1/4 и 1/8... тоа е се договор, дали ќе бидат прикажани/напишани вака или онака.
Значи, да се разбереме кратко и јасно, MIDI ноти нема. Има MIDI репрезентација на нотите, ама не постојат некакви си посебни „MIDI ноти“
.
Јас ги разгледав сите миксети од тие продавници но сите се или многу скапи или се со малку канали. А јас и сакам да ја правам миксетата зашто ми е интересен проект а и ќе ми користи. Ке ми требаат и некои други шеми но не сега засега.
Реално, побарувањето кое го имаш опишано, моментално спаѓа во домен на научна фантастика. Прво, за реализација на ваков проект, како што имаш опишано (USB, MIDI, аналогни влезови, A/D и D/A конверзија) потребно е многу време, второ, многу знаење, трето, многу пари и четврто, никој нема шема за вакво нешто. Ако користиш посебни модули за дел од компонентите на миксетата (конкретно USB и MIDI), можеби нешто и може да се направи, но не верувам дека ќе бидеш задоволен со квалитетот на звукот кој ќе го репродуцира овој дел од миксетата... особено не ако набавуваш Кинески модули од ebay. USB аудио картиците имаат generic драјвери, а ако успееш преку ASIO4ALL некако да направиш ASIO линк со картицата, кој знае тоа како ќе изгледа и звучи
. А, да бидеме реални, никој не работи професионално, ниту пак полупрофесионално (барем не под Windows) без картица која нема ASIO драјвери. Ако планираш да ја тераш картицата со generic драјвер, си играш играчки.
Значи, ако ти треба за снимање и професионална/полупрофесионална продукција, подобро чувај пари и фрли ги на нешто така... по саглам. Се знае, никој кој планира сериозно да се бави со ова, не се бафта со домашно правени миксети, па кинески USB картички, па MIDI конвертори со кој знае каков кинески чип на нив
. Си има професионални уреди за оваа намена. А ако сакаш да си играш продукција, слободно фрли се на правење на миксетава.
Советов е чисто добронамерен, за да не се разочараш. Тоа што сакаш да го изработиш, најчесто го мислат и работат тим на инженери, не еден човек.
Пиши на Google "usb audio interface mixer", да видиш што се ќе ти извади. Цените се далеку од прескапи
.