Македонски форум за електроника

Околу форумот => Побарувања => Topic started by: dejanpetrus on 13.03.2012, Tuesday, 18:21:01

Title: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: dejanpetrus on 13.03.2012, Tuesday, 18:21:01
Мислам дека на форумов би можеле да се направат некои измени и дополнувања како што се:
Топ членови, последни 5 регистрирани членови, како и ставање на четот на почетната страна т.е на порталот секако доколку има такви можности.
Исто така ако би можело да се додаде и во постовите благодарам копче или скрипта од фејзбук за да се објавува на фејзбук и други некои работи со што би станал уште поинтересен и попримамлив форумот
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: Malecko on 13.03.2012, Tuesday, 20:00:22
Тука има тоа,кој се топ пишувачи,поставувачи на теми итн. http://elektronika-mk.net/index.php?action=stats (http://elektronika-mk.net/index.php?action=stats)
Инаку и јас да предложам дали може да се направи на почетна да пишува негде (било каде) кој е пуштен на чет.Пример над „непрочитани мислења“,горе во десниот ќош и да има на чет кои се пуштени пример DX-er,Devil,LordZi...Може нешто вакво да се изведе?
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: Devil on 13.03.2012, Tuesday, 20:17:25
ќе разгледаме, само малечко дали добро те разбрав, ти сакаш да покажува кој членови моментално се уклучени на чет така ?
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: Malecko on 13.03.2012, Tuesday, 20:25:46
ќе разгледаме, само малечко дали добро те разбрав, ти сакаш да покажува кој членови моментално се уклучени на чет така ?
Да,така.
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: Devil on 13.03.2012, Tuesday, 20:38:35
Мислам дека на форумов би можеле да се направат некои измени и дополнувања како што се:
Топ членови, последни 5 регистрирани членови, како и ставање на четот на почетната страна т.е на порталот секако доколку има такви можности.
Исто така ако би можело да се додаде и во постовите благодарам копче или скрипта од фејзбук за да се објавува на фејзбук и други некои работи со што би станал уште поинтересен и попримамлив форумот
на каков чет мислиш, ако мислиш како онај на ФБ, тоа би немало смисла, пошто форумот е наменет за дискусија ако имплементираме уште такво нешто тогаш ич не мора ни да постое форумот, ете имате малку поинаков групен чет каде може да се комуницира со останатите
околу останатите предлози ќе видиме што може да се направи
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: DX-er on 13.03.2012, Tuesday, 23:06:20
ФБ копче беше мој предлог од пред неколку месеци и истото беше направено за проба но бевме оневозможени да го имплементираме бидејки форумот беше од затворен тип и кога некој ке кликнеше Like односно сподели и ке ја споделеше темата на ФБ со некој текст а не со насловот на темата и сите пријатели кога ке кликнат ке им се напишеше:
Регистрирај се на форумот за да ја видиш темата.
Сега форумот е отворен и истото може да се имплементира. Кога ке биде... ке видиме.

Давањето на Благодарам, однодно репутација го оневозможивме поради многу караници и препирки меѓу членовите, давање на репутација од типот јас на тебе, ти на мене... или пак некој ке се регистрираше на форум само за да пука негативни поени кај членовите. Имаше секакви злоупотреи.

Сега е во фаза на вофедување рачно бодување на членовите према нивните заслуги. Е тоа би требало да вроди со плод и нема шанса да се злоупотреби. Со тоа бодување, ем форумот ке има бенефит од членовите ем самите членови ке имаат бенефит во повеке области.

Тоа е тоа, ако ве интересира нешто прашајте.
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: GigaWatt on 13.03.2012, Tuesday, 23:30:58
Давањето на Благодарам, однодно репутација го оневозможивме поради многу караници и препирки меѓу членовите, давање на репутација од типот јас на тебе, ти на мене... или пак некој ке се регистрираше на форум само за да пука негативни поени кај членовите. Имаше секакви злоупотреи.

И да не зборуваме за проблемот со двојните (понекогаш и тројните) account-и. Понекогаш членовите правеа по 2 или 3 account-и, само за да си даваат репутација на едниот од тие account-и или на некој друг член (најчесто некое другарче од средно) ::).
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: GigaWatt on 14.03.2012, Wednesday, 06:18:54
Топ членови, последни 5 регистрирани членови, како и ставање на четот на почетната страна т.е на порталот секако доколку има такви можности.

Што се однесува до bold-ираното барање, извордливо е, но ќе ги има само членовите кои најчесто пишуваат на форумот, а тоа е најчесто администрацијата, плус уште еден или двајца членови... и таа цифра најверојатно нема да се смени долго време (да не речам, скоро никогаш) бидејќи дури и да се зачлени член кој ќе post-ира колку нас секојдневно, ние секогаш ќе бидеме во предност :S. Така да, ова е неизводливо, барем сега за сега. Можно е да се воведе нешто како top posters this month, но за тоа се потребни посебни пакети на апликации, така да, сега за сега не би го правеле тоа, има други поважни работи кои треба да се средат на форумов ;).
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: BOBAN on 14.04.2012, Saturday, 22:21:11
Би дал еден предлог околу она "фејзбук", како што пишува "Најдете не и на фејзбук"- на него може да додадете линк до страницата.
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: Devil on 18.04.2012, Wednesday, 16:00:30
направен е текстот кога ќе се кликне на него отвора ново прозорче со страната на фејсбук
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: BOBAN on 01.05.2012, Tuesday, 00:10:08
Би дал еден предлог за дополнување на форумов, да има еден "линк" до "Сите мои теми" или "Мои теми"
Title: Одг: Предлог за некои нови дополнувања и измени на форумот
Post by: Bojan on 01.05.2012, Tuesday, 00:53:23
Би дал еден предлог за дополнување на форумов, да има еден "линк" до "Сите мои теми" или "Мои теми"

ДА такво нешто супер би било..