Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: AntiSpamMaster on 09.12.2011, Friday, 20:59:11
-
Значи вака, сакам да почнам да правам 100 ватно појачало и сега ме буни секундарот, зошто ми рекоа 35 вати секундарна моќност со 35 волти и 50-60 волти секударен напон. Проблемов е што не знам како да побарам такво напојување зошто сите што сум ги прашал ме препрашувале каква секундарна моќност ми треба и каква главна моќност. Ако може некој да ми помогне мило ќе ми биде ако не здравје.
-
Најјарно ти кажи си шо појачало имаш во план, па да видиме :D
-
(http://www.circuitstoday.com/wp-content/uploads/2009/03/100-w-subwoofer-amplifier-circuit.jpg)
Ова појачало го имам на ум да го изработам. Само ме буни фактот со секундарната ватажа и волтажа. Другото го разбирам ама ова со секундариве ме буни.
-
Барај трафо со секундарен напон 2х35V 150W ако го правиш засилувачот моно, 300W ако е стерео, грец за 35А и електролити од 10000uF/63V.
-
Уфф едно вакво да направам и ништо не барам.Матурата загарантирана ми е со овој проект :) (додуша уште една година ама сакам да го направам сега за после да си уживам ).Е сега вака, јас ја направив шемава во Спринт Лејаут ама ако може некој да ја прегледа дали е се во ред бидејќи малце со овие транзисториве забушавам..Доколку нешто не е во ред би ве замолил да го едитирате тој дел и да го постирате на форумов, би ви бил многу благодарен.
Едит: Да не знае некој колку би ме коштае деловиве на плочква?
Едит2: Ако може некако да се преправи шемава за да има потенциометар за да можам да го намалам гласот, да не си играм преку компјутер..
-
Вака ќе го поврзеш потенциометарот: Кај тоа Vin носиш сигнал,а тоа Vout го поврзуваш на влезот од засилувачот
(http://knol.google.com/k/-/-/1f4zs8p9zgq0e/aeqffg/voltage-divider-2.jpg)
-
Брат извини малце не те разбрав зш умов не ми е тука..., но сепак ке пробам да го реализирам ова што ми го објасни.
Бидејќи планирам да го сместам во кутија, потенциометарот нема да лежи на плочката туку некаква дупка на кутијата ке му направам па после со жици ке го залемам на плочката.Спрема мене тоа би било вака:
Доколку грешам поправи ме, и уште еднаш за ова не треба да прашувам бидејќи можеби е смешно ама морав :-[
(http://pic.mk/images/T3Cuf.png)
-
Обратно треба да ги споиш, кај што ти е плусот треба да имас споено две, а кај што ти е минусот едно :)
-
На првиот пин носиш сигнал пр.од компјутер,средниот извод го носиш на засилувачот,а тој третиот пин го поврзуваш на маса...
-
Барај трафо со секундарен напон 2х35V 150W ако го правиш засилувачот моно, 300W ако е стерео, грец за 35А и електролити од 10000uF/63V.
На шемата е +35V и -35V,со секунндарен напон 2Х35Vac ќе добиеш после исправљач изнад +45V и -45V а тоа е превише. Треба трафо со секундарен напон негде околу 2Х25Vac.
-
Вака треба да ти е поврзано:
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/voltage-divider-2.jpg)
Барај трафо со секундарен напон 2х35V 150W ако го правиш засилувачот моно, 300W ако е стерео, грец за 35А и електролити од 10000uF/63V.
На шемата е +35V и -35V,со секунндарен напон 2Х35Vac ќе добиеш после исправљач изнад +45V и -45V а тоа е превише. Треба трафо со секундарен напон негде околу 2Х25Vac.
Точно, моја грешка, не обратив внимание... ;) :P
Значи трафото треба да е 2х25V.
-
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/140W92V11V24V.jpg)
@LordZi
Дали можи да се искористи твоево трафо за овој засилувачов.Ти рече секундарен напон 25В ама ова има 24(ваљда нема да прајт проблем)?
-
Најдобро нарачај си готово трафо, во Куманово мислам има фирма за мотање трансформатори, ова е рачна работа и може да ти прави проблеми, нема изолација на секој слој од намотките, и можно е да се јави бучење за почеток може да се користи, но колку ќе трае, и колку ќе грее ќе видиш во пракса.

Онака ме интересира да не знајш како се вика фирмата и патем ако може некој нека ми ја прегледа шемата дали е во ред со тоа транзситорите, дали се поврзани точно емитерот, базата, колекторот зошто да не фрлам пари за џабе :(
-
Шемата е добра,оние две 1N4007 допри ги на ладилникот на излезните транзистори (можеш со термална паста да ги премачкаш) .Мери мирна струја во коло на 3773 и таа треба да биде 30-40 mА ,не повеке.Ако не е во ред,место R9/R10 стави тример од 100 оми и со него регулирај ја мирната струја.За таа цел влезот спој го на кратко,врзи милиамперметар во круг на емитер на едниот 3773 ,сериски и мери. Гочема струја ги грее излезните транзистори ,иако нема сигнал,а ако е премала има големи изобличувања и на мала снага,Едносмерниот напон на звушникот кога нема сигнал треба да биде 0 или помал од 0,15 V
-
Најдобро нарачај си готово трафо, во Куманово мислам има фирма за мотање трансформатори, ова е рачна работа и може да ти прави проблеми, нема изолација на секој слој од намотките, и можно е да се јави бучење за почеток може да се користи, но колку ќе трае, и колку ќе грее ќе видиш во пракса.
А која цена оди мотањето од прилика да не знаеш и која е таа фирма?
-
Не може тој што си го ставил, пошто тебе ти треба симетричен напон, јас ти зборев за овој
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/225W2X202X356V9V.jpg)
со 2х20V ќе добиеш исправени околу 2х28V и ќе имаш нешто помала излезна снага на засилувачот, ама ќе работи.