Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: spiritos on 02.04.2020, Thursday, 12:14:57
-
Здраво,
Појацалото го добив на поклон, со напомена дека имал порблем со еден од излезите. Најдов шема од истиот и почнав да проверувам, ладни лемови, електролити на влез, сменив излезни операциски засилувачи umpc1225h, транзистори 2sc1815, 2sc2577, 2 отпорници по 100к, со еден збор во се што сумњав дека е проблем за шумот и крчењето. Истотиот проблем не се изгуби, па почнав да одам чекор по чекор по шема. Ги забележав следните остапки, дали се дозволени тие вариации на напон или нешто сум испуштил да не проверам.
(http://www.mediafire.com/convkey/3837/ogjqr31mwunrawmzg.jpg)
и линк од service manual
https://www107.zippyshare.com/v/Xe0TWMcE/file.html
-
Screenshot-от е со многу мала резолуција, не се гледа ништо.
Инаку, вакви проблеми најлесно се решаваат со сигнал трасер. Го следиш патот на сигналот и гледаш по која компонента почнува да крчи, шуми, сецка, изобличува... што да не е во ред со сигналот ;). Добро е што едниот канал е сосема исправен, па можеш да споредуваш со сигнал трасерот како звучи сигналот на едниот, а како на другиот канал ;).
-
Ја поправив сликата. Проблемот мислам дека е и на двата канали. ТР24 не постои физички
-
А на колекторите на TR21 и TR22 добиваш 33V и 30V?
-
Да,
-
А ако го откачиш rail-овите за напојување по TR21 и TR22 (напојувањето работи во празен од), добиваш +16V и -16V?
-
Ги откачив, добивам блиску нила волти
-
Значи кога ќе ги откачиш водовите по C62 и C63, на краевите на C62 и C63 добиваш блиску до 0V ???? Ова некако не ми прави логика ???.
-
Да и мене ми немаше логика, па го баталив на страна.Ми заостанаа други работи недовршени. Ако некој е во моќност да го направиви, лично ке го донесам или ќе го пратам по карго ради ситуацијата :D. За истата работа се разбира ќе биде платено колку треба.
-
Ај чисто онака, измери VEB и VEC на TR21 и TR22... чисто ме интересира дали има и колкави се напоните.