Откако ги разгледав сите постови од оваа тема а и некои други постови поврзани со овој исправувач, решив да почнам да собирам делови за да го склопам. Арно ама мојата желба е исправувачов да го направам за 15А. Веќе е напомнато дека може да се изведе но со одредени преправки. Е сега тука барам од вас помош и совети по следниве точки
1. Трансформатор
Имам едно трафо (
еве какво) кое на секундарот може да даде 30VAC кое после исправување би требало да биде 42VDC. Дилемата ми беше дали ќе има доволно снага.Трафото го виде LordZi и во консултација со него ...ќе го биде
2.Грец
Грецот би требало да биде појак мин 50А па тука мислев да турам диоди на ладилник ко на пример 70HF80
Ладилник земав
ваков. Тој што е со димензии 255x165x60 и на него покрај излезните транзистори ги планирам и овие диодиве.
3. Електролити
Малку се мислев и на крај решив да турам 3x10000uF/63V Ваљда е доволно
4. Транзистори
Е овој дел доста ме мачи.
За да се постигне бараната струја ќе треба да се зголеми бројот на паралелни транзистори. Јас планирав да турам 6 2n3772. Е сега што со побудата
На еден друг форум дизајнерот на исправувачов имал дадено друга комбинација на транзистори која би била следнава
Q6=BC161-16 Q5=2N3053 Q4=BD139-16 Q3=2SC5200 и Q1,Q2 итн.=BUV48
Прашањето е дали ќе може вака само без BUV48 а со паралелни 2n3772
И не сум баш сигурен дали ќе најдам BC161-16 и BD139-16. За без 16 треба да има. Што би советувале за замена на овие?
5. Отпорникот 0R2 означен на шемата на д-р Боро како R16
Во шемата е даден 11W отпорник за 5А. За 15А според моите пресметки треба мин 50W отпорник кој во ваков случај ќе биде на сама граница. Јас мислев да ставам 5 паралелни 1R 17W отпорници.
Секој совет ќе биде добродојден и ценет се разбира