Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: electron on 18.02.2011, Friday, 13:20:18

Title: Ми треба шема за индикатор на дефект за мал мотор на 12 волти
Post by: electron on 18.02.2011, Friday, 13:20:18
Барав низ форумов но не најдов ништо слично.
Значи, потребна ми е едноставна шема за индикатор со лед за малите мотори на 12 волти (вентилатори) од компјутерските напојувања.
Паралелно врзана лед со отпорник на моторот свети само кога моторот има напон, но мене ми треба индикатор кога ќе се случи дефект на моторот, т.е. од Х причини ќе престане да врти.
Индикаторот би требало да се поврзе сериски на плусот од напојувањето на моторот, за да детектира кога ќе има потрошувачка на струја, а кога ќе настане дефект, тогаш нема потрошувачка на струја и лед диодата треба да се пали или гаси (сеедно е).
Title: Одг: Ми треба шема за индикатор на дефект за мал мотор на 12 волти
Post by: bicikle on 18.02.2011, Friday, 14:34:08
бидејќи вентилатоечињата не влеат многу струја, отпорника со вредност од редот на неколку десетици оми нема д авлијае на работТ на моторот. Кога ќе застани моторот поради насобрана прашина или друг механички дефект струјата што ја влече ќе се зголеми. Падот на напонот во отпорникот исто така ќе се зголеми. Зголемениот пад на напон може да е искористи за побудивање на транзистор, кој ќе упрвува со лед диодата или друг сигнализатор. теоретски склопот треба да изгледа вака, но за практичнареализација треба да се пресметаат точни вредности на елментрите. бидејќи не ги знам пресметките се надевам дека некој од поискусните ќе се надоврзе на мене, ако ми е точна теоријата, според мене таа би била логиката ан функционирање на ваков уред.
Title: Одг: Ми треба шема за индикатор на дефект за мал мотор на 12 волти
Post by: electron on 22.02.2011, Tuesday, 23:51:56
Најдов шема на нет.
Се изведува со помош на MAX6684.
Ако на некого му притреба нешто слично, еве ја шемата:
(http://pic.mk/images/max6684cir.jpg)