Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: trouble92 on 05.04.2018, Thursday, 19:26:46

Title: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: trouble92 on 05.04.2018, Thursday, 19:26:46
Здраво ми треба да добијам 17 в напон од АТХ напојуванје колку ампери струја ке добијам помеѓу -12в и +5в дали ке биди доволно да го користам како полнач за батериска штрафилица или дали можи сериски да поврзам две АТХ напојувања за да добијам исто 17 в со повеќе ампери?
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: batka on 05.04.2018, Thursday, 21:44:52
Прво побарај шема како да го дигнеш напонот од 12 волти на 17 волти,а за ампери немај гајле - нема АТХ без 20А. Немам моментално шема како да го преправиш (обично со TL 494 и LМ339),ама побарај ги има на .нет. Не си напишал за која штрафилица се работи, карактеристики и слично...

Еве , најдов една популарна шема, колку да видиш пример како сеподига напонот на АТХ -от со мали преправки.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 05.04.2018, Thursday, 22:31:53
Има цела тема на форумов за модифицирање на ATX напојувања. Ѕирни, можеби нешто ќе ти фати око ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3660.0
Морам да напоменам дека шемата batka што ја има ставено е основа за сите останати преправки.

А ако не сакаш да преправаш, наједноставно е како што пиша, да врзеш две ATX напојувања во серија, едното да дава +12V, а другото +5V. На -5V и -12V не можеш да добиеш повеќе од 1A, така да, ако планираш овој излез да го користиш, да знаеш дека можно е да го изгориш напојувањето.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: krema on 06.04.2018, Friday, 00:14:57
Пред кратко време прилагодив ваков алат да работи со PC напојување. Стануваше збор за Raider со батерија на која што имаше ознака дека работи на 18v. Искористив напојување од некоја 486 конфигурација (ваљда станува збор за АТ напојување) кое се уклучува и исклучува со помош на прекидач :). На шрафилицата и врзав 12v (црно-жолто) и истата проработи без никаков проблем :D.
Ја тестирав за бушење во дрво со помали и поголеми бургии, исто ја тестирав и за шрафење директно во дрво, работи без никакви маани и воопшто не ја губи снагата при поголемо оптеретување.
Едино што претпоставувам е тоа дека има помалку вртежи во минута за разлика од кога би била на 18v, но тоа воопшто не смета.
Употребив бакарен лиснаст кабел 2х2,5 со должина околу 2,5 метра. Профилот и должината на кабелот игра голема улога во преносот на струјата од напојувањето до шрафилицата (загуба на струја) и обавезно сите контакти да бидат цврсти.
Јас би препорачал да си пробаш прво вака, ако ги задоволува твоите критериуми тогаш и воопшто не е потребно за модифицирање на напојувањето.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 06.04.2018, Friday, 01:52:31
Ако е проблемот само полначот, значи батериите се исправни и се работи како што треба, обичен адаптер ќе заврши работа... не знам зошто би преправал SMPS за оваа намена, нема потреба од толкава струја, но ОК, секој со своите потреби.

Ако се проблемот батериите, krema добро пиша, нема потреба од преправка на SMPS-от. Само врзи го за 12V-ниот rail со дебел кабел и терај ;). Нема да има никаков проблем, испробано ;). Како што напомена krema, бројот на вртежи ќе биде помал, ама нема да има намалување на моќноста бидејќи ATX може без проблем да даде и 15, 20A (зависи од шотките на излез од SMPS-от), така да, тешко дека ќе успееш да го преоптовариш ATX-от ;).

Колега си ги има преправено сите шрафилици со Li-Ion-ски батерии. И таа на работа што ја имаме ја преправи со Li-Ion-ски ;D. Не е претешко да се преправат, скоро се може да се искористи од батерии за лаптопи, вклучувајќи го и системот за полнење ;).
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: trouble92 on 06.04.2018, Friday, 02:01:47
Најдобро би било прво да пробам со полесната и поедноставната варијанта со врзуванје на 2 АТХ во серија +12в и +5в па ке видиме што ке биде :) инаку станува збор за штрафилица WIDO 14.4в  ми кажаа дека нема да можи да полни на 12в а адаптер 17 в не најдов...
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 06.04.2018, Friday, 02:20:20
Колку волти дава оригиналниот полнач?

Може да се искористи полнач од лаптоп за таа намена. Универзалните даваат напон од 16 до кај 20V и струја... до кај 3, 4A. Не знам која цена се сега, порано беа околу 1000-ка, ама не би требало да бидат повеќе од 700, 800 денари сега ;). Распрашај се по процавнициве за компјутерска опрема ;).
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: trouble92 on 06.04.2018, Friday, 02:41:16
Па прашав во алфа електроник во битола ми рекоја дека треба да биди околу 17 в напонот за штрафилица со батерија 14.4 в а оригиналниот полнач не знам колку волти даваше бидејќи ја зедов со универзален полнач со подесвање наместен на 20в ама во алфа ми рекоја дека многу му биле 20в а таков полнач што дава 17 в немале заради то си го барам чарето со АТХ напојување.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: krema on 06.04.2018, Friday, 02:59:12
Јас пробав со таков полнач за лаптоп со над 3А моќност, но шрафилицата вртеше со многу кратки испрекинати вртежи, нешто слично како степ-мотор, па затоа поминав на план Б со PC напојување. Шрафилицата ја преправив заради тоа што сите ќелии беа отидени на нула, а за замена на нови ќелии во Скопје ми побара повеќе од 2к денари (многу).
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 06.04.2018, Friday, 04:53:00
Мислев чисто како полнач за шрафилицата да се пренамени полначот за лаптоп бидејќи, колку што разбрав, не се проблем батериите, туку само полначот за батериите.

Ако уште го чуваш шаржерот, пробај да го модифицираш со Li-Ion-ски батерии, ќе се препороди шрафилицата ;) ;D. Онаа што ја користиме на работа не знам кога последен пат ја имаме полнето, мислам дека уште тера првото полнење или евентуално второ да и е :D. Не ја користиме секој ден, ама секој втор или трет, да (од прилика, по 2, 3 минути континуирано секој ден). Мислам дека колегата ја преправи на Li-Ion лани... Декември мислам дека беше. Како што пишав, од тогаш наваму, евентуално да е второ полнење, толку ;D.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: bicikle on 06.04.2018, Friday, 13:54:53
Дур сме на муабет батерии, што батерии ставивте?
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 06.04.2018, Friday, 14:44:21
Од стари батерии од лаптопи ;). И кај неисправните батерии, една или две келии се најчесто проблематични, другите се исправни, така да, може скоро сите да се искористат ;).
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: bicikle on 06.04.2018, Friday, 17:00:54
Све сум мислел дека и другите се при крај ако отишла една ќелија ама сум бил во заблуда. Топ идеа :)
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: LordZi on 06.04.2018, Friday, 17:05:26
Многу често сите ќелии се во ред, проблемот е во електрониката (нешто е прегорено) или софтверски (исполнет одреден број циклуси полнење-празнење)... ;)
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 06.04.2018, Friday, 17:16:54
Да, и тоа е честа ситуација ;).
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: batka on 06.04.2018, Friday, 19:05:54
Јас би ти препорачал на пазар да најдеш некое напојување од постариве лап топи за 17 волти и 3-4 А за евтини пари. Ако одиш со преправка со нови батерии може да се разочараш.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: bicikle on 06.04.2018, Friday, 21:17:09
Онда некој малер ме прати :D
Све биле со ќелии изгорени, пробав на сијалица и штафилица ама за скоро рикнаа.
Title: Re: АТХ напојување како полнач за батериска штрафилица?
Post by: GigaWatt on 06.04.2018, Friday, 22:41:05
Мери напон на ќелиите. Ако е до кај 3V, има шанси да се оправи, наполни ја со полнач, ги има на ebay, по 2, 3 долари се. Ако се наполни како што треба, до кај 4.1, 4.2V, ќе тера. Ако не дигне повеќе од 3, 3.1, 3.2V, не ја бива.