Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Devil on 21.03.2017, Tuesday, 12:40:22
-
Како што пишува во насловот потребно ми е напојување кое на излез дава 0-100V 500W (од прилика) може со триак да биди воопшто не е проблем. Потребно ми е за управување на еднонасочен мотор кој работи на напон од 90V. Наједноставниот начин, како и што работи во моментот е со авто трансформатор, но поради големината на трафото не може да се користи, останува да се направи некаква регулација друга.
Не мора да е од 0, ама од 20-30V па до 100V Мислам дека ќе заврши работа, затоа што моторот мора да се регулира до 0.
Некој предлог околу ова да имате ?
-
Ако е DC мотор што не му направиш некое PWM, неколку јаки мосфети ќе го тераат без проблем...
-
Проблем е повторно напојувањето од 90V, нема како да се изведи за таа снага, треба трафо да се премотува, а пак трафото нема да го собира во предвидениот простор за него :/
Тоа е најголемиот проблем во моментов
-
Некое SMPS за 90V во комбинација со PWM...? ???
-
Сега тоа разгледувам бак конвертер некој за да добијам 100V и така некако да се изведи
-
сега незнам дали се точни податоците што се дадени, ама се надевам ќе помогне
http://m.ebay.com/itm/NEW-6-90V-15A-DC-Motor-Speed-Controller-Pulse-Width-PWM-Speed-Regulator-Switch-/172043187758?nav=SEARCH
-
Можеби е, ама мене поради тоа што ми треба за вчера ќе направам бак конвертор со SG3525 и 35N60 како драјвер, негде околу 900W ми идат пресметките :D
после ќе треба да му смислам некој квалитетен PWM за се тоа