Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: batka on 27.06.2011, Monday, 22:22:51
-
Еден пријател ми побара шема за растерувач на комарци да можел да ја постави во компјутер и да не му здодеваат*летачите* кога навечер игра игри :D :D Еве една варијанта која денес ја направивме и која работи на 12 В од компјутерското напојување,така што се активира кога компјутерот се вклучи и ке работи додека не го изгасите.Пиезо звучникот е залепен со двојно леплива фолија на мониторот,.
-
Задоволен е пријателот .
Или уште не го пробал као што треба .
-
Мора ова на компјутерско напојување??
Неможи на адаптер на 12в ??
На пример кај прозорецо да си го наместам?!
-
Мора ова на компјутерско напојување??
Неможи на адаптер на 12в ??
На пример кај прозорецо да си го наместам?!
Не мора,можеш и на адаптер ;D
-
А ова на кој начин работи ?
Испушта некои звуци што ние не ги слушаме а на комарците што му сметаат ? ???
-
А ова на кој начин работи ?
Испушта некои звуци што ние не ги слушаме а на комарците што му сметаат ? ???
Сигурно така работи,на висока фрекфренција која човечкото уво не ја слуша,а на комарците им смета и бегаат...Иначе ако ја слушаме и ние ќе бегаме хаха :D ;D
-
Мора да се стави пиезо звучник бидејки зуи на 22 Кхз.Колегава уште го *тестира* ама веројатно е за доволен бидејки не се јавил да се побуни ;D.Може и на адаптер,батерии,акумулатор...,ама ова шема ја барав да биде на 12 В бидејки намената му беше да го *штити* човекот додека работи навечер на компјутерот :D :D Иначе има шеми и на 1,5В батерија 8)
-
Како што реков постојат разни шеми за растерувачи.Еве уште една:ова дава прилишно чуден ,дури би рекол двотонски звук
-
се слуша звукот? инаку само женските комарци касаат, па така да треба звукот да е некој си звук што го испуштаат женките со кој ги повикувт машките за парење, као демек тука има плева од женски комарци, и ги одбива женките. Инаку ако е некој звук што се слуша (под 20кхз) најверојатно и жените ќе ни заминат ;D ;D ;D
-
Како што реков постојат разни шеми за растерувачи.Еве уште една:ова дава прилишно чуден ,дури би рекол двотонски звук
зошто да се побуни кога времево е ладно и има дождеви, кога ќе се постопли ќе почнат “женките“ да касаат, е тогаш ќе биде интересно :)
-
Годинава не се створени услови за испитување на вакви уреди 8)
-
Пиезо звучникот на каква фреквенција работи ?
-
Прочитај се за пиезо базерите овде:
http://www.microbuzzer.com/piezoelectric-buzzer-and-the-structure-principles-of-presentation
Споено мислење: 18.07.2011, Monday, 22:51:29
Еве уште некоја шема
-
Дали можи ова шемата шо е со бц548 да се поврзи на 16 омски звучник од тв?
-
Може,само види како ги репродуцира високите тонови звучникот.Пожелно е да биде со мала мембрана и да репродуцира високи тонови ,т.е. најдобро да биде високотонец (калотен) со 1 инч мембрана или класичен пиезо звучник.
-
Ок
имам и мал звучник така да тој ќе го клам :D
-
жаре кога ке го напрајш, кажи дали работи ?
-
Најди само квалитетни комарци ;D со слух за звук 8)
-
Абе за праење готова ми е шемата, уште да испечатам и залемам.
Проблемот е шо мн е заладено Бт преку ноќта и ретко гледам комарци >:( >:( ;D
-
Абе за праење готова ми е шемата, уште да испечатам и залемам.
Проблемот е шо мн е заладено Бт преку ноќта и ретко гледам комарци >:( >:( ;D
оди во кочани ако сакаш да го пробаш таму има колку сакаш комарци јас пред некој ден бев ме изедоја хаха па во август пак ке одам и ке си го земам растерувачот хаха ;D
-
Eве една статија со интересни шеми за растерување комарци ;D
-
да не има некоја шема за тепање комарци ;D освен перницата како оружје ;D
-
земаш сплит трафо го поставуваш да работи и ставаш лед диода во близина се што ќе се доближи до лед диодата ќе биде смртоносно убиено од трафото :)
-
Од каде можи да се набави то сплит трафото и шо пари ке да е ?
-
од стар телевизор, високонапонското трафо со се каскада (ако е постар телевизорот каскадата е додатна, ако е понов каскадата е веќе вградена во трафото)
-
од стар телевизор, високонапонското трафо со се каскада (ако е постар телевизорот каскадата е додатна, ако е понов каскадата е веќе вградена во трафото)
Дали е ова како во поголемите продавници и дуќани?!
Како со неонки шо е ? ;D
-
слично нешто, тоа има мрежа која цело време е под некој висок напон, е тука не мора да има мрежа само кој ќе доближи рака нека му ја мисли :)
-
со рака ако се доближи што ке биде ? си гурно нема да те скине како комарец ;D