Дигитална електроника > Сè останато

Помош околу дизајн со сензор за температура и влага DHT22

(1/2) > >>

denis:
Здраво дечки потребна ми е помош треба да направам проект за температура и влага каде ке користам DTH 22 сензор кој ке комуницира преку паралелна порта со компјутер.Кодот ке треба да го напишам во асемблер.Можете ли да ми помогнете околу електрониката  за сензорот и комуникација со PC.

MURO:
Тешко дека од Windows 64 битен дека ќе "излезеш" на паралелна порта па уште преку Асемблер, ама ај пробај баш ме интересира што ќе направиш. Ова ми личи на DOS -овски проект од девесеттите. Е, тогаш лесно се излегуваше на паралелна порта. За 32 битниот Windows постои начин преку C/C++ да излезеш на ППорт. Некој напишал добар драјвер ( inpout32.dll ) кој содржи само две run-time функции (влез и излез) но 64- биниот OS не работи со овој драјвер иако има некоја модификација. Мене не ми успеа.

MilerovEfekt:
Што помош ти треба ? Заглави негде при интерфејсирањето или сакаш некој тоа да го направи за тебе ?

Предлог: види како работи DHT22 сензорот - работата е многу слична како I²C. Види дали можеш да користиш пин од паралелната порта како Input + Output комбинација - за да можеш да комуницираш со DHT22-ката.

MarkoMK:
Се слагам со Муро дека ова е некој проект од деведесетите малце ќе биде проблем околу комуникацијата со LPТ портот. Прво кажи дали имаш на плочата LPT порт или користиш некаков USB-to-LPT адаптер? Ако е ова второто, тогаш од одма да ти кажам да се откажеш од идејата, пошто нема да ти работи. :) Тие адаптери се исклучиво за принтер и ништо друго.

MilerovEfekt:
Типувам дека му е за проект на факултет :-) Така да, сигурно нема да користи USB-to-whateva адаптер :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version