Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: warningteam on 30.11.2020, Monday, 12:08:22

Title: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 30.11.2020, Monday, 12:08:22
Здраво, имам проблем со сушара за алишта  марка Зануси модел ZTE 270  матичната  плочата е Електролукс модел electrolux 0097_0006i  проблемот е во тоа што машината не го вклучува моторот кој го врти бубањот. Проверен е моторот и кондензаторот од 8мф   450 в исправен е  така што со директно спојување на мрежа  моторот работи свичовите  кои се  користат како заштита  се исто проверени и работат, бравата исто така работи,  грејачите и пумпата за вода исто така работат, со мерење на напоните кои доаѓаат од матичната до конекторот на моторот  заклучив дека нема никакви напони каблите се исправни па  Јас се сомневам во матичната плоча  дека не дава напони на излез за да се вклучи моторот побарав на интернет шема од оваа плоча но не најдов, ваше мислење и дали ја има некој шемата од плочата ?
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: GigaWatt on 30.11.2020, Monday, 13:12:24
Шема, тешко дека ќе најдеш... јас би одел наназад. Од конекторите кои се за морот, оди наназад. После конекторите, треба да има некој моќен прекинувачки елемент (елементи, зависи каков вид на мотор е)... дали е реле, тиристор, триак, не е ни важно. Колку што знам, кај сушариве, само што ќе пуштиш некој програм, моторот почнува да врти, така да, лесно е за проверка од тој аспект. Врзи се, пушти некоја програма и почни да мериш. Ако стига сигнал за пуштање на моторот од микроконтролерот (+5V/12V до реле, +5V до тиристор/триак, како и да е изведена прекинувачката секција), а моторот не се пушта, проблемот е до прекинувачкиот елемент. Ако не стига напон, одиме понатаму, гледаме тој контролен вод со што е врзан, дали преку бафер отпорник, дали преку оптокаплер... и така, се додека не се стигне до микроконтролерот. Е и ако он не дава излезен сигнал, наредно е да се остави водот за контрола на моторот да виси (наједноставно е да го прекинеш водот) и директно да мериш на тој пин од микроконтролерот. Ако не јавува никаков сигнал (+5V или 0V, да се менуваат наизменично при пуштање на програма во работа), значи нешто не е во ред со излезниот степен од тој пин во микроконтролерот... батали ја плочата, и нема спас. Треба да најдеш друг таков ист микроконтролер, а често знаат да им ги гребат ознаките... дури и ако дознаеш кој е, треба софтверот од него да го исчиташ, а најчесто се заштитени, да не можеш баш лесно да го исчиташ... и ако се ова успееш да го направиш, треба да најдеш нов таков ист микроконтролер, па да го одлемиш (ако е SMD, без лемна станица на топол воздух, малку тешко), па да го залемиш новиот и ако се ова е успешно, да, БИ ТРЕБАЛО да проработи се како што треба ::). Многу работа и нерви, а крајниот резултат е непредвидлив. За среќа, кварови со излезен степен од пин на микроконтролер се прилично ретки, така да, најверојатно е некоја компонента по микроконтролерот.

Е сега, можно е да се користи и инверзна логика за пуштање на моторот (+5V --> Motor OFF, 0V --> Motor ON), ама тоа се забележува од дизајнот на контролата. На пример ако имаш некое транзисторче по патот на сигналот од микроконтролерот до енергетските компоненти за пуштање на моторот, големи се шансите да се користи инверзна логика (зависи како е врзан транзисторот, но сепак, има шанси). Ако има два, можно е да се користат како бафери и да се користи нормална (правилна) логика. Само ги потенцирам можните комбинации на контролни сигнали од микроконтролерот, бидејќи честа ситуација е да се користи инверзна логика, а „немањето на +5V“ на контролниот пин на микроконтролерот кога моторот треба да врти, знае да се интерпретира како „неисправен микроконтролер“, што всушност е реткост. Ако се зезнат, знае да им се зезне софтверот или целосно да изгорат поради превисок напон за напојување (напонски удар, снемало струја, дошло струја). Ситуации каде што само еден пин (т.е. излезниот степен од тој пин) им е зезнат се мноооогу ретки.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 30.11.2020, Monday, 17:28:31
Направив така  со мерење на излези  каде доаѓа конекторот  кој води до моторот е сега  кога  ќе мерам со земена нула директно од мрежата према сите три изводи од конекторот добивам 220 волти, кога мерам меѓу конекторот фаза и нула добивам 93 волти, инаку преку реле се уклучува моторот  и доаѓа напон од 12 волти на релето меѓутоа тоа трае кратко и по одредено време 5 6 секунди исклучува  ваљда заштитата  до релето до изводот  што треба да префрли струјата доаѓа преку тријак со ознака  Т43570 кој сакав да го сменам за проба меѓутоа го нема во гац логинг бт електроник,   се разгледав по интернет често го  менуваат  овие што ги поправаат плочиве интегралецот LNK304GN  меѓутоа не е објаснето каков дефект имала однапред плочата и сега немам идеја од каде и како да продолжам, Инаку  во меѓувреме го пуштив на сејф мод  излезе ерор Е54  побарав на интернет вика  дека проблемот е во плочата  во напојувањето на моторот.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: Bojan on 01.12.2020, Tuesday, 17:57:09
пред релето и после релето колкав напон се добива??? еднашка имав една зафрканција која испадна дека контактите на релето биле зафркнати и немало убав контакт, па заради тоа да ти се појавува таков некој безвезен напон.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: GigaWatt on 02.12.2020, Wednesday, 01:11:51
@warningteam: Да, има шанси да реагира заштитата... можно е да мери напон или евентуално струја колку повлекува моторот (при помал напон, повеќе струја ќе повлече моторот за да проба да искомпензира и ја задржи декларираната моќност, што се интерпретира како „квар“ од страна на заштитата и гаси)... така да, има шанси ова Bojan што го пиша да држи вода. Да не трошиш одма пари за релиња, пробај само краткоспои ги онаму каде што они треба да краткоспојат кога моторот работи и пак мери. Ако добиеш различни резултати (онакви какви што треба, исто што добиваш на влез да добиеш на излез), тогаш да, проблемот е дефинитивно во релињата ;).
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 06.12.2020, Sunday, 23:47:27
 На ист начин и јас се посомневав дека е релето т.е едно од нив имав  во залиха исти и ги сменив сите  4 релиња со нови и повторно исто ,  напонот до релето е 93 волти, и сеа што е ново ерор Е 54 не престана  сменет е и кондензаторот на моторот од 8мф  450 в , меѓутоа од време на време  тој ерор го снемува машината почнува да врти  да си работи проверени се сите кабли што се, прелемени сите делчиња  на плочата да не има случајно некој ладен лем ,контактите каде се поврзува се калаисани да не е до контакт сите свичови ги проверив се е океј  меѓутоа од време на време добива 220 волти до релето  и се си работи а по одредено време откако ке се исклучи од струја  и пак да се вклучи не работи..  а до релето струјата доаѓа преку триак t43570   но има и едно мало трафо  кое дава на излез 93 волти па сеа незнам и неможам да најдам дали напонот е нормален  од 93 волти дали треба таков напон да дава  или пак трафото е зезнато  па одреден период дава напон одреден не.  Инаку ознаката на трафото е 717232-51
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: Devil on 07.12.2020, Monday, 09:51:06
Тоа е свичинг трансформатор, нема да дознаеш баш така кој напон треба да го има, побарај да не успееш да најдиш негде service manual.
Јас би ги прелемил и сите vias-и, често знаат да кородираат и да има лош спој измеѓу двете страни од плочата.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 07.12.2020, Monday, 12:15:26
Денес ќе пробам и виас ите да ги прелемам сите па ќе пишам што  и како ќе биде.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: GigaWatt on 07.12.2020, Monday, 13:03:43
... а до релето струјата доаѓа преку триак t43570   но има и едно мало трафо  кое дава на излез 93 волти па сеа незнам и неможам да најдам дали напонот е нормален  од 93 волти дали треба таков напон да дава  или пак трафото е зезнато  па одреден период дава напон одреден не.  Инаку ознаката на трафото е 717232-51

Хм... сигурен си дека е врзано ова трафо за триакот? Бидејќи некако не ми прави логика. Обично тие мотори работат на мрежен напон (220, 230V) и не се напојуваат преку трафо. Да не случајно е филтер тоа трафо?
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: LordZi on 07.12.2020, Monday, 14:15:45
Ако е тороидче или ептен мало феритно најверојатно е побудно трафо за триакот.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 07.12.2020, Monday, 17:54:22
 После неколку обиди да се поправи  денес конечно мал напредок во тоа, ги прелемив  виасите и Интегралните кола Улн, acs1086s  како и тријаците уште еднаш и тадам профункционира бубањот врти  вклучува греач исклучува се , но не работат сите програми..  :( :(  работат само  програмот 60 и програмот 30, другите не работат односно  почнува да се вклучува во работа програмот и по неколку секунди 9 10, исклучуваат и јавува ерор е32  гледајки по нет  е 32 значи дека до моторот доаѓа напон и кога тој треба да е во мирување, инаку  на излез од плочката до моторот  доаѓа 360 волти.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: Devil on 08.12.2020, Tuesday, 11:00:34
провери ги елементите што се наменети за контрола на моторот, ULNта не би требало да се скапи и се лесно достапни, по потреба замени ги, можеби некое е преспоено во некаква глупа врска.
Провери околу главниот контролер за видливо оштетување, јас би го прелемил и него, многу флукс лемилката и убав оловен калај (не она безоловното ѓубре :P) после само убаво миење со контакт спреј (посен), конектори на плоча да се проверат да не имаат лош контакт, чистење на истите.

Прати некоја слика од плочата, сликај малку подобро да се гледаат компонентите горна страна на плочата и од долната.
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 08.12.2020, Tuesday, 16:48:28
утре баш планирам да ги сменам УЛН  4 те интегралци па ќе ве известам што резултат ќе даде тоа.  А околу процесорот не би пипкал да прелемувам бидејки  имам лошо искуство со тоа  бидејки  немам  лемна станица со топол воздух работам се со обичен леткум  па ми е ризик да пипкам таму ;D
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: Devil on 08.12.2020, Tuesday, 21:56:37
Доволно е леткум со заземјен врв и барем регулација на температура, не мора секогаш да се прелемува со топол воздух, затоа напоменав повеќе флукс и калај XD
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: warningteam on 14.12.2020, Monday, 00:17:49
Со  тоа што ги заменив УЛН интегралците 2-та и еден транзистор  што е веднаш до интегралецот а беше напукнат малку незнам како не сум го  приметил од претходно а 20 пати ја прегледав плочката , работата се оправи сега функционира се онака како што треба да работи сушарата  ;D Ви благодарам на помошта. :D :D
Title: Re: Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270
Post by: GigaWatt on 14.12.2020, Monday, 02:42:56
Со здравје да си ја користиш ;).