Вака го нареков уредчево кое ни притреба во дукан,бидејки со одмориве сме бројно помалку и кога некој е во сервисот занесен не може да ги чуе муштериите кога влегуваат во дуќан
.Значи еден фото отпорник,ситни делчиња и - немавме базер (свирче) па го составивме од транзистор два отпорника ,пасивна плочка и феритно стапче со 15 намотки бакарна лак жица од 0,3 мм пресек.Должина на феритот е 2 см,а промер 2 мм. Ако релето има работен и мирен контакт подесете го прагот на светлината на одредено ниво и кога муштеријата поминува покрај фото-отпорникот реагира релето и го вклучува свирчето.Едноставно и ефикасно.Место трафо и исправувачи користиме напон од еден молекс на РС напојувањето од компјутерот
[датотека избришана од администраторот]