Мое мислење е дека не ти е до колото, затоа што овде не се работи само за волтажата, туку и за времето кое му треба на сигналот да стигне, што не смее да е поголемо од 500ms, но ако има макар една малку неисправна компонента, тоа време лесно се зголемува, и реагира pwm контролерот (чипот) и не пушта сигнал. Провери се околу оптокаплерот, уствари не проверувај со вакви дефекти туку менувај одма не мери, се што оди на пин 14 кој е Pwr_Ok Input.
Еве ти даташит од колото:
http://www.s-manuals.com/datasheet/at2005
Истоит проблем го имав на едно поквалитетно напојување, каде се испостави дека е пробиена зенерка и смд отпорник што на мерење беше добар, а на одлемување се распадна, тие водеа од шотки до инпутот на колото, заменети беа тие, напојувањето го смали каснењето од 980ms на 240ms, истото го користам во моментов