Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Lux on 08.03.2015, Sunday, 19:19:53

Title: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 08.03.2015, Sunday, 19:19:53
Проблем со стартовање на компјутерот.
Кога ќе го стиснам тастерот за стартовање се пали, но не го уклучува секогаш мониторот,купена нова графичка мислеќи дека е до неа но исто и со неа,пробано на друг монитор исто,пробано со други две напојувања исто.
Мерени се сите кондензатори на еср 7-8 покажуваат краткоспоени на инструмент, но еден извадов премерен кажува дека еср ок.па не ми се ваѓаат и другите.Прилично ново и изгледаат.процесорот малчи,ципсетот некогаш загрева малку некогаш е студен.Е сега ако го извадам процесорот и пак го ставам тогаш го пали мониторот,пробано со друг процесор исто кога пали кога непали.АМД семпрон  процесор,А78ОL пишува на матична, еве слики од плочата.
чаре кај да барам?
(http://i.imgur.com/LXigKLP.jpg)

Споено мислење: [time]08 Март 2015, 19:20:54[/time]
(http://i.imgur.com/nOfVmjE.jpg)

Споено мислење: [time]08 Март 2015, 19:21:43[/time]
(http://i.imgur.com/pntRuUR.jpg)

Споено мислење: [time]08 Март 2015, 19:22:36[/time]
(http://i.imgur.com/vFG0vTW.jpg)

Споено мислење: 08.03.2015, Sunday, 19:24:06
Чудно ми падна не спомнав пиезото,она сворчето што е некој го скинал и жиците ги врзал (краткоспоил),зошто незнам што се постигнува со ова?
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: bicikle on 08.03.2015, Sunday, 19:27:56
да не титкат, тоа се постигнува, одспи ги. Инаку слични симптоми ми имаѓе матилната, некој транзистор беше рокнат па даваше 12в на јадрнот(инаку е 2,4в) па дур се зезам си зедов друга матична...
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: batka on 08.03.2015, Sunday, 20:02:56
Најверојатно е матичната.Пробај со друг процесор,а велиш со напојување и друга графичка си пробал.Стави си нов пиезо,ако титка.И уште нешто.Пробај дали без РАМ ке запали и дали ке титка.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 08.03.2015, Sunday, 20:15:56
Ставив нов пиезо не титка ништо не прави,нова графичка ge-forse 210,пробано со други две напојувања и пак исто.и исто и со друг процесор.
значи пали ако го извадам процесорот и пак го ставам од 3-4 обиди така и ке стартова, мислам на мониторот ке го вклучи.и работи нормално се додека не го исклучам и пак одново ист проблем.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: bicikle on 08.03.2015, Sunday, 23:17:53
Или некое кондензаторче или некој транзистор е... али 90% е матичната..
Сепак ако имаш 2-3 слота рам пробај комбинации со по 1 слот..
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: batka on 09.03.2015, Monday, 00:54:10
Прво пробај со друг процесор.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: GigaWatt on 09.03.2015, Monday, 02:32:29
Чудно ми падна не спомнав пиезото,она сворчето што е некој го скинал и жиците ги врзал (краткоспоил),зошто незнам што се постигнува со ова?

Можно е затоа и да зеза ;D. Или извади го сосема или стави пиезо buzzer од некое друго куќиште и види дали пак истите симптоми ќе ги има ;).

значи пали ако го извадам процесорот и пак го ставам од 3-4 обиди така и ке стартова, мислам на мониторот ке го вклучи.и работи нормално се додека не го исклучам и пак одново ист проблем.

А да ги смениш Reset и Start тастерите ;D. Ми се има еднаш и ова случено ;D. Зезнат тастер за Start ;D. Смени го со Reset тастерот и нема проблем ;).
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 09.03.2015, Monday, 07:31:13
Giga-веќе спомнав дека пробав со друго свирче buzer нема никаков знак на него,а за прекидачот,т.е. старт тастерот не е, компјутерот пали како што нагласив но сликата,односно мониторот не го пали,значи напојување се уклучува вентилатор на процесор,лан картичка свети но нема слика и buzerot нема никакви знаци.
Е сега ако го извадам процесорот од куќиште и го вратам назад.ова да го направам 2,3,4 пати и вака ќе се стартова како да не му е ништо,сосема нормално функционира.
-Јас мислам дека е плочата односно она јадрото на плочата каде што стои процесорот
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: GigaWatt on 09.03.2015, Monday, 08:43:31
Провери ги контактите, шприцни ги со контакт спреј. Можно е да е во прашање само некој оксидиран или валкан контакт ;).
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: bicikle on 09.03.2015, Monday, 11:18:26
Колега ке менеше матична до сега  :)
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 09.03.2015, Monday, 11:47:30
За плоча знам лесно е 3500 ден. ќе се нацртам и решен проблем. Ајде уште со контак спреј ќе пробам.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: bicikle on 09.03.2015, Monday, 14:48:23
на старо... јас земав на старо 2к топ се погоди
Title: Одг: Проблем со стартовање монитор на десктоп компјутер
Post by: Lux on 10.03.2015, Tuesday, 13:43:25
Проблемот решен со стартовање на мониторот,купена и заменета матична плоча,со матична ASrock ддр2/А3 сокет.
значи со иста рам меморија,иста графичка,исто напојување и исти процесор,извадена од стара и ставено на нова работи добро,без проблеми во стартовањето,било до матичната проблемот. ;Dеве слика од старата,и во кутија под неа новата,бидеќи половна не успеав да најдам.
(http://i.imgur.com/7C99QBy.jpg)
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: batka on 10.03.2015, Tuesday, 16:03:29

Овој наслов *Проблемот решен со стартовање на мониторот* ми бодеше очи од почеток,ама нека ти биде.Тебе реално машината не ти стартуваше,а не мониторот. 8). Проблемот е веројатно до чипсетот или некоја магистрала,но ретко кој тоа го поправа кај нас.Најдобро решение - нова матична и готово.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 10.03.2015, Tuesday, 22:18:45
Точно така батка можеби е грешка некако насловот,значи мониторот е во ред но матичната не пушташе сигнал за да го стартова,и како што кажав некогаш чипсетот беше онака млак на допир кога ќе го уклучеше мониторот,а кога не го уклучуваше беше студен,па за менување менуваат во Прилеп,имаат на едно место ласески леткум,но додека се матам по пат готова ли е или не ке ја преплатам,вака решено нова и ок.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: batka on 11.03.2015, Wednesday, 15:28:32
Ласерски летком??? :D Леле,што нема да слушнеш! Уште и ехо апарат за компјутери ке измислат! Имавме случај- вели стави го лап топот на * компјутерско ехо* да видиш што му фали..  :D :D :D ;) Абе,треба да се направи * ребајлинг*на македонски било така! ;D) со дувалка и стотина ситни топчиња калај.Но ,ако сакаш да се мачиш,најди дувалка и на 400 степени целзиусови *испечи* го чипсетот.Можеби ке проработи. 8) Иначе таа техника би те чинела колку матичната ;D (скоро!),а резултат со гаранција нема ,односно дефектот може да се повтори.Најсигурна и најефтина техника е - нова матична. 8)
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 11.03.2015, Wednesday, 15:44:34
Инфрацрвен статичен фен со долно предгревање,кој невидел малку е смешно,ама вистинито,плочата ја грее од двете страни,да не објаснувам а за ехо и слично незнам.
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: batka on 11.03.2015, Wednesday, 16:58:10
*Инфрацрвен*  не е исто со *ласерски* летком  8).Нема врска,пиши само на Гугл *REBALLING * и ке видиш за што ти зборувам.Но,како што кажав ова не е за секого,треба искуство,алат и знаење.Само и друго нешто- нема гаранција дека нема повторно да се разлеми! 8) ;D
Title: Одг: Проблем со стартовање на десктоп компјутер
Post by: Lux on 11.03.2015, Wednesday, 17:38:26
За гаранција секако дека нема на поправано,а за искуство незнам,а и да има искуство,мала е веројатноста добро да работи,и да неправи проблеми.ново си е ново али да се погоди. ;D