Author Topic: Изведба на миксета со 14 канали  (Read 3753 times)

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
за звучна прво само кажи што очекуваш од неа и која цена и ке ти предложам нешто во тој опсег.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Стефан,јас пишав што имам моментално.Онака, за занимација ја купив и не ја користам многу често таа комбинација,односно  не снимам премногу и господ знае колку  ми треба! Но, задоволство ни е со пријателите понекогаш да седнеме и да направиме нешто.Никогаш не користам и не снимам повеќе од 2 инструмента или вокала.Нема потреба да снимаш истовремено две ритам гитари,за да биде пополн звукот- имаш плагини  во Кјубисот и можеш да добиеш и со една снимка звук на две гитари,да додадеш октава погоре,двогласно,со ехо,ефекти итн.Значи ,софтверот понатаму делува.Во домашни услови процесот на снимање не оди како во М1 пример,каде цела филхармонија се снима.Се користи секвенцер сега доста,се лепат и додаваат инструменти,се терцира итд.Значи,дома  за малку пари можеш демо снимки да  си правиш,ама права продукција имаш само во студио,со музичари кои знаат да одсвират се што ке замислиш!А,за такво нешто треба многу пари.Колку пари,само небото е граница.. ;D

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Мене батка единствено ми е разбирлива примена на толку канали во два случаи:
1. Жива свирка.
2. Да ги претвори во 7 стерео канали.
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Lantash

  • Нов член
  • *
  • Posts: 13
Епа за цена до кај 5-6000 денари некоја ексерна звучна карта.
Batka, ќе ти пратам 2 фајлови да слушниш на што мислам со по-полн звук на гитарата со 2 канали и ако е само со еден.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не мора ништо да праќаш.Знам на што мислиш,ама и  еден снимен траг на гитара ,во Кјубисот имаш можност да го реплицираш на 5 канали и на секој да му додаваш ефекти колку сакаш.Имаш и функција * октавер* па следниот траг можеш даго подигнеш софтверски за една октава и да добиеш полн звук на две гитари,кои дословно ќе бидат идентично одсвирани.Потоа можеш софтверски миди фајловите од клавијатура да ги претвориш пример во дувачки и да ги обработиш со милион ефекти,да звучат од позадина,да истакнеш некој пасаж.За тоа се тука и секвенцерите кои чуда прават. Не знам само колку го владееш програмот и  какви се плагини користиш.За звучните карти- имаш интересни двоканални Steinberg со попусти и до 4500 денари.Во комплетот имаш и микрофон и слушалки,кабли итд.Само вклучи,инсталирај софтвер  ( Кјубис некоја верзија со лиценца!!) и снимај! Види по Скопје,имаш повеќе модели,цени..Не знам моментално што се имаат на лагер,треба да разгледаш и пратиш.Обично околу Нова година има и големи попусти. ;D

Offline Lantash

  • Нов член
  • *
  • Posts: 13
Тоа што ти го мислиш за гитарата не е баш така, двата канали од гитарата се посебно свирени не се скроз идентични и едниот канал го балансирам само на лев канал а другиот на десен, и кога ќе се спои сето тоа во микс звучи многу подобро отколку ако ја дуплицирам истата снимка и да ја направам на лев и десен канал посебно.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Изведба на миксета со 14 канали
« Reply #36 on 30.10.2015, Friday, 13:46:47 (Edited 30.10.2015, Friday, 13:50:16) »
Тоа ти што го мислиш е пробано,снимано,не само од мене ами и од иљадници други ентузијасти. Се е тоа само работа на поимањето на звукот,ама јас велам дека е доволно само еднаш ритам гитарата да ја снимиш,па со секвенцерот и со други ефекти можеш да направиш синфониски оркестар да свири.Тоа е друга работа ,околу техниката на снимањето,за тоа секој по свој вкус.Екстерната звучна има два /четири влеза (поевтиниве) на кои се вклучува микрофон или линиски влез .За тоа на секој канал има обично гејн и клип индикатор.На овие два влеза поврзи ги излезите  на аналогниот миксер.Овој  аналоген миксер може да биде 4/6/8/12/...48 канален и на него врзувај што и колку сакаш.Ке го подесиш нивото на каналите,бојата,ефектите итн.- две ,три гитари,зурли,тапани и снимај. Ке добиеш на снимката во Кјубисот еден стерео канал (така ке си го направиш да снима!).Потоа правиш нова снимка со пример тапани,па друга снимка со вокали,терци....Можеш да додаваш и ефекти,да доснимуваш звуци итн.Е,потоа седнуваш и ги склопуваш каналите,упадите, потивко, појако некој канал ,сечеш,лепиш и на крај добиваш некоја снимка.
Тоа е таа техника на снимање ( евтината варијанта), а рековме добра снимка само во студио со уште поквалитетна опрема ( од глува соба,микрофони,панели за звукот,филтри,ефекти...).Сепак,да  знаеш дека многу песни што се вртат на ТВ се направени на сличен начин,со слична апаратура.И на крај - не е само до апаратурата,сепак треба да знаеш и да свириш на инструментот. 8)