Author Topic: Jamo Classic 8 - домашна изработка и модификација  (Read 9460 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Тоа за китот ти е супер, нема да ти распука бојата. Но јас пак ке прашам, кои свртници ги користиш? Твои или купечки, или нема? Можда 30% од звукот доаѓа од свртницата.

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male

Мои свртини ,купечките се мн скапи ,само треба да ги домотам калмите,моментално имам на високиот биполар 4,7мф а на средниот 47мг  врзани сериски,вака звучи одлично ,па ке видам како ке биди со другите свртници.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: jamo classic 6 домашна изработка и модификација
« Reply #17 on 28.02.2015, Saturday, 20:42:56 (Edited 01.03.2015, Sunday, 06:51:24) »
Ќе цитирам некои работи :

*среднотонецот е одделен од другите звучници,и е местото каде што стои е наполнето со молтотекс, односно во компресиона преграда.високотонецот не е симсоник туку  пишува LAMAR RSQ-803 8OHM 50W,ама добар е брка работа,кој сака мози да дојди да ги слушни  *
Со два баса и голем среднотонец ,високотонецот ке се изгуби,пред се што она вредност од 4,7 мФ која си ја ставил зафаќа премногу во среднотосното подрачје! Со обзир на свртницата која си ја постирал ,без атенуација ,векот ке му биде краток.

*Кутиите ми се правени по димензии на Magnat Quantum 557 ми се бендисаа па реков такви ке бидат.*
Правени се по димензии,ама она што е вградено во Magnat Quantum 557 ,апсолутно не одговара со овие драјвери што ти ги имаш!Магнат квантумот има бас рефлекс позади,а не напред како кај тебе,Тоа е така бидејќи овие звучници подобро звучат со бас рефлекс позади ,поставени во ќоше или 0,5 метри од ѕид.

*за шприцање ми побараа 1000 ден од квадрат.* Не знам од каде си ,ама во Велес за 1000 ден ке ти ги ишприцаат целите кутии два пати! ;D ;D

*јамахата имаа мн твди басови и немаше доволно високи тонови ,мн беше како на средни тонови, а и кутијата  беше мн шуплива.*
И оригиналната Јамо кутија е шуплива.Покушале со два баса да го решат проблемот.Ама,колорит никаков- басовите се тврди ,се е на некои средни,високите и во оригиналната кутија се губат.

*Имаш среќа, јас имам работено со овие драјвери, ги имам измерено во ФР*
СлидерМК ,драјверите на Јамо во ова кутија нема да ја дадат ова крива,можам да се кладам

*моментално имам на високиот биполар 4,7мф а на средниот 47мг  врзани сериски,*
Вредностите премногу * од око * се поставени - 4,7 мФ е многу во средното подрачје,а 47 мФ ке дадат премногу нападни средни.Пробај со 2,2 или 3,3 Мф за високите и 22мФ за средни .Најди биполарни или блок кондензатори,не врзувај електролити ( обично сериски + со + во средината споени)

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
Одг: jamo classic 6 домашна изработка и модификација
« Reply #18 on 01.03.2015, Sunday, 00:49:36 (Edited 01.03.2015, Sunday, 09:00:32) »
Епа батка види вака.кондензаторите шо ги имам ставено се биполарни,а обични електролити се поврзуваат - со -  а не + со +.За свртиницата ке има уште корекции ,погоре пишав дека привремено се тие вредности на биполари поставени.А за кутии шупливи , нападни средни изагубени високи тонови можиме 100 години да пишуваме ,затоа дојди види и слушни.позз

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Quote
СлидерМК ,драјверите на Јамо во ова кутија нема да ја дадат ова крива,можам да се кладам
Да, зависно од ширината на предната плоча, но нема драстично да се сменат.
Батка ти напиша убаво за свртницата, јас би рекол да одиш со 12дБ/окт.
Бас рефлекс кутијата треба да се тјунира според ТС параметрите на драјверите. Не е исто со еден бас и со 2 баса во кутија. И тоа ти го кажа и батка.

Овие совети кои ти ги даваме не мора да ги послушаш, но ако сакаш добар звучник, повели.

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
Одг: jamo classic 6 домашна изработка и модификација
« Reply #20 on 01.03.2015, Sunday, 11:22:07 (Edited 01.03.2015, Sunday, 13:15:50) »
Пополека -подалеку.Фала на советите,кажете ми како да измерам кој опсег на фреквенција го имаат преку компјутер,кажете некоја програма.  :)

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 13:15:50
Quote
СлидерМК ,драјверите на Јамо во ова кутија нема да ја дадат ова крива,можам да се кладам
Да, зависно од ширината на предната плоча, но нема драстично да се сменат.
Батка ти напиша убаво за свртницата, јас би рекол да одиш со 12дБ/окт.
Бас рефлекс кутијата треба да се тјунира според ТС параметрите на драјверите. Не е исто со еден бас и со 2 баса во кутија. И тоа ти го кажа и батка.

Овие совети кои ти ги даваме не мора да ги послушаш, но ако сакаш добар звучник, повели.
Дали можи да предложите некоја свртница или да ми кажете со кои пресметки да направам соодветна за овие звучници.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Епа батка види вака.кондензаторите шо ги имам ставено се биполарни,а обични електролити се поврзуваат - со -  а не + со +.За свртиницата ке има уште корекции ,погоре пишав дека привремено се тие вредности на биполари поставени.А за кутии шупливи , нападни средни изагубени високи тонови можиме 100 години да пишуваме ,затоа дојди види и слушни.позз

Во замена за биполарни кондензатори се врзауваат сериски два електролитски со двојно поголем капацитет од бараниот: пример ако сакаш4,7 мФ ставаш два од 10мФ сериски.И подобро е плусовите да ги врзуваш во средина ,а минусите да дојдат надворешно кон звучник и кон појачувач.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: jamo classic 6 домашна изработка и модификација
« Reply #22 on 01.03.2015, Sunday, 21:11:56 (Edited 01.03.2015, Sunday, 21:13:59) »
Погледни во темата Дизајнирање на звучници според Thiele-Small параметрите, на форумов во секцијата звучници. Таму е објаснет winISD, и наједноставно проектирање. Ги немам мерено ТС параметрите на овие јамо бас-среднотонци.

Еве јас ти прикачив график од овие Јамо бас-среднотонци, кое е мерено на кутија со предна плоча од 15цм. Доколку е толку широка и кај тебе, многу слично ке изгледа и графикот кај тебе.

Немам графици од тие високотонци, не ми дошле до рака, мерењата се вршат со микрофони за таа намена. Можеш за свртниците да користиш win PCD designer на нет ке го најдеш. Имам импеданца за јамото, но таа ми е внесена како таква во excel документ.

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 21:13:59
Мислам дека полесно ке пројдеш ако одиш со свртници од 2ри ред меѓу среден и висок, а први ред меѓу 2та баса и средниот, и не заборавај на среднотонецот да употребиш зобел мрежа. Патем ако ти требаат мерења и калеми, можеш да се обратиш кај мене ;)

Споено мислење: [time]01 Март 2015, 21:13:59[/time]
Мислам дека полесно ке пројдеш ако одиш со свртници од 2ри ред меѓу среден и висок, а први ред меѓу 2та баса и средниот, и не заборавај на среднотонецот да употребиш зобел мрежа. Патем ако ти требаат мерења и калеми, можеш да се обратиш кај мене ;)
2та баса ми се врзани паралелно оти се по 8 оми, а кај мене предната плоча на малите е 18цм.имав  на средните ставено 22мф биполар , но сега му ставив 47мф и почна да вади поубави средни тонови а високиот ке оди со 3мф  или 2х 1,5мф блок кондензатори,мислам дека така е подобро.?

Споено мислење: 01.03.2015, Sunday, 21:25:54
Епа батка види вака.кондензаторите шо ги имам ставено се биполарни,а обични електролити се поврзуваат - со -  а не + со +.За свртиницата ке има уште корекции ,погоре пишав дека привремено се тие вредности на биполари поставени.А за кутии шупливи , нападни средни изагубени високи тонови можиме 100 години да пишуваме ,затоа дојди види и слушни.позз

Во замена за биполарни кондензатори се врзауваат сериски два електролитски со двојно поголем капацитет од бараниот: пример ако сакаш4,7 мФ ставаш два од 10мФ сериски.И подобро е плусовите да ги врзуваш во средина ,а минусите да дојдат надворешно кон звучник и кон појачувач.
да да знам за тоа, но подобро е чист биполар или блок кондензатор.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Оној график кој го прикачив, е за 6.5 инчните. За 5ките немам никакви инфо. Околу кондензаторите, секогаш гледај да користиш блокови а не елктролити. Поготово не за повисоките ФР. Како за проба додека ги наштелуваш свртниците, користи си слободно електролити, евтини се.

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
 Да да, мислам дека блоковите се подобри , а ако не е тајна кои вреднсти ги имаш ставено на твоите јамо со ги имаш мерено.?Бидејки погоре пиша дека имаш направено за нив пасивни свртници.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
4омски беа, во опен-бафел звучници сериски поврзани среднотонците, а паралелно високотонците кои беа 8 ома миссион високотонци. Мислам на 3.1кХз ги делев со Линквиц 12дб/окт. Вредностите на компонентите не се сеќавам кои беа. Ти треба првин зобел компензација на средниот, рече 8оми верзија беше?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
4омски беа, во опен-бафел звучници сериски поврзани среднотонците, а паралелно високотонците кои беа 8 ома миссион високотонци. Мислам на 3.1кХз ги делев со Линквиц 12дб/окт. Вредностите на компонентите не се сеќавам кои беа. Ти треба првин зобел компензација на средниот, рече 8оми верзија беше?

Slidermk ,абе многу напиша и изнакажа,ама не верувам човекот нешто да разбра од сето тоа.Веројатно тој нема искуство и не ни чул за Линквиц и Зобел,ако знаеше сам ке си пресметаше и не прашаше. Дај пресметај му или насочи го нешто попрактично.Сега немам време да се бавам многу ,ако ти се чека неделава ке гледам нешто да најдам.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Имаш право. Ајде од почеток. Колку инчи е среднотонецот во најголемиве кутии, од нив да почнеме? Која е номиналната импеданца?

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
 средниот на големите е ист со басот на малите, се работи за ист звучник 5инчи 4 оми 40вати.