Не знаев дали да отворам нова тема, ама мислам дека може овде да ја раширам дискусијата. Значи имам една идеја, наместо да се прави РФ модулатор, дали може да го отворам телевизорот, и да најдам каде видео сигналот од МФ засилувачот излегува и оди понатаму(ваљда до ПАЛ степен беше, не ги знам баш добро како одат), и таму да го вметнам надворешниот сигнал?
Ова ми дојде како идеја бидејќи имам еден стар телевизор кој нема видео влез, а тјунерот често му се раздесува незнам од кои причини, и се случува да гледаш некој канал и одеднаш да го снема - па пак да треба да го бараш. Во овој случај и да направам РФ модулатор нема да работи пак...
Само дали е можно ова незнам