Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: batka on 09.06.2012, Saturday, 09:23:53
-
Доста често поставувате и барате вакви адаптери,па еве една шема која колегава ја направи-VGA на SCART адаптер .За ова шема се одлучил поради тоа што имал 7486 ! :D :D :D :D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/VGA_To_SCART_Adapter.jpg)
-
Еве вака мене ми е потребен таков адаптер , па ме интересира квалитетот на сликата .Сакав да го изработам конвертерот ВГА во видеосигнал од Емитер 11/2011.Само имав проблем при набавката на интегралното коло AD724 ,ама и тоа го порачавме од интернет.Некој да даде свое мислење за тој проект .
-
Најпрвин прочитај си ги правилата на Форумов и мој совет ти е да си отвориш посебна тема за она што те интересира,бидејки темава е малку постара .Друго е тоа што на Форумов е забрането копирање и постирање шеми од Емитер,а за она што е објавено во Емитер не би сакал да коментирам.Таков адаптер веке го има да се купи за 350 денари и не знам дали тебе би те чинел помалку сам да го направиш.Друг проблем е што со овој адаптер не добиваш квалитет како при пренос со HDMI, исто немаш пренос на тонот,освен со посебен кабел 3,5 џек до скартот.Квалитетот на овој адаптер кој е овде презентиран е со оцена добар за должина од 7 метри.
-
каде има да се купи
-
Бидејки си нов само опомена - поправи си го постот! На Форумов пишуваме кирилица со МК поддршка!!
Споено мислење: [time]25 Мај 2013, 16:00:34[/time]
Еве како изгледа адаптерот
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/VGA_To_Scart.jpg)
-
али во него нема активен елемент за графичка сто нема композитен влез мора да се направи некој конвертор ваљда
во емитер има сема ако има некој 11 списание 2011 да ми ја скенира и да ми ја прати
однапред благодарам
-
Aдаптеров го има во повеке фирми во МКД ,па и во ТРЕНД -компјутери во Велес.Секако дека има нешто *активно* внатре,па цената е оправдана.
-
Дали постои некој попрост конвертор од овој, некој на кој не му треба напојување ?
-
Пробај со ова шема,ама успех не гарантирам без оној степен за синхронизација со 2 транзистора.Не знам што е тешко тоа да се доработи?