Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: batka on 13.03.2011, Sunday, 16:37:55
-
Имав потреба да пренесам видео сигнал ( некои 60 метри) ,ама се јавуваше проблем со загубите и должината на кабелот.Барав шеми и наидов на една многу проста и евтина со 3 транзистори кои секој би требало да ги има.Мене не ми требаше да го гранам сигналот на 3 уреди,па ставив само еден излез.Ставете стабилизатор за 12 Б,метална кутија и BNC конектори по можност.Со нив загубата и сметњите се најмали.Напојување надворешно со адаптер од 500мА(таков имав)
-
каков е појачувачот на AV или на RF сигнал?
-
Ни AV ни RF пишува - видео сигнал (од камера за надзор )
-
Ни AV ни RF пишува - видео сигнал (од камера за надзор )
па тие камери имаат видео излез.М ислам дека давата AV сигнал
-
Под AV се подразбира аудио-видео сигнал кој се добива на еден заеднички приклучок (S-видео или композитен сигнал) .Овие камери имаат видео и аудио излез посебно ( 2 женски чинчеви).Мене ми требаше само видео сигналот да го носам 60-тина метра без загуби,односно со некој задоволувачки квалитет за да може квалитетно да се снима.Без ова пп тоа не беше можно ,зошто квалитетот на видео сигналот беше слаб!
-
Појачувачот го приклуши веднаш после камерата или после тие 60 метри?
-
Па мора по камерата,за да се појача сигналот!!Потоа се носи и до 100 метри
-
Јасно е :D