Ауууууу, многу... имаш две ECC83, една ECC82 и четири KT88 кои се излезни ламби (и претпоставувам дека се скапи, а и тешко е да се најдат). Освен ако немаш залиха од овие ламби, не би ти препорачал да го правиш ова. Плус, излезниот трансформатор ќе треба рачно да го моташ (или ти, или некој винклер, а ако му речеш на винклер да го мота, он ќе го мота како за мрежно трафо :S).
Мислев нешто повеќе во оваа насока
.
http://www.diystompboxes.com/smfforum/index.php?topic=63479.0
12AU7 е всушност нашата ECC82, може да ја надеш низ многу продавници за електронски компоненти по релативно прифатливи цени
. Може да се направат и мали измени на шемата да има Bass, Middle, Treble контроли (ако е неопходно). Шемата е проста, цената е прифатлива
. Ова во комбинција со некој транзисторски или MOSFET засилувач би било одлично
. Цело комбо би чинело околу 100 до 150 евра (се комплет) со некој засилувач од околу 100W. Не се разбирам од гитарски комбоа премногу, така да можно и да „тропам зелени“ за некои од цифрите
, но мислам дека тука некаде сум
.
ПС: Сега прочитав, овој дизајн работи на 9V :S. Ќе требаат огромни промени за да се направи да работи на повисок напон :S. Како и да е, поентата ми беше таа, лампашки предзасилувач со транзисторски/MOSFET засилувач.