Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: MartinSk on 24.03.2011, Thursday, 22:35:20
-
Само што направив саат со датум и температура ама проектот беше предвиден за мали 7 сегментни дисплеи, бидејки сакав поголеми направив со диоди големи дисплеи таман за дома....најдов шема дека може појако да светат диодите ако се стави CD4050 но ништо од тоа, нормално си ги поврзав секој сегмент на излез од микроконтролер и тие светат многу слабо, има отпорник на секој сегмент од 390 ома...па како да направам појако да светат диодите? дали да ги намалам отпорниците или ? ???
иначе ставив појаки транзистори BD140 и ништо, па ги вратив старите BC547 ама пак слабо :S
ај колеги ве молам за помош :)
-
A колку диоди се,по еден сегмент?Види смали отпорниците,од 390 на 220оми,или пак на 150.
-
горе доле и средина по 5 диоди а страничните по 4 диоди :) ај ке пробам со отпорниците :)
-
горе доле и средина по 5 диоди а страничните по 4 диоди :) ај ке пробам со отпорниците :)
Aко нејќе така,види дали ќе можеш да ставиш драјвери CD4050-74HC541 поточно како на шемиве за саати
http://josepino.com/microcontroller/led_clock
Види ја втората и третата шема :)
-
BD140 се PNP транзистори, BC547 се NPN, и можеш да користиш ULN2003 што се 7 дарлингтон транзистори во интегрално коло. и нормално треба да го намалиш отпорникот дека треба да тече (најверојатно) поголема струја. незнам колкава струја а ни напон треба да има дека никогаш не сум работел со големи ЛЕД дисплеи...
-
па како да направам појако да светат диодите? дали да ги намалам отпорниците или ? ???
Да, треба да им се намали вредноста. Ако колото се напојува со напон од 5V, вака од прилика би дошле вредностите ;).
За обичен дисплеј (жолт, зелен, црвен): 150 ohm.
За високосјаен дисплеј: 100 ohm.
За син дисплеј: 56 ohm.
-
може да се напојува до 12 волти ама јас му ставив батерија од 9 волти, па ке ги сменам отпорниците ако пак е слабо ке ставам транзистори како што кажа бојан, иначе малечко јас пробав со таа шема со CD 4050 и пак ништо :)

А не е слабо малце на 9 волтна батерија,да пробаш на некое по јако напојување?
-
може да се напојува до 12 волти ама јас му ставив батерија од 9 волти
Еве како ќе му дојде за 9V.
За обичен дисплеј (жолт, зелен, црвен): 360 ohm.
За високосјаен дисплеј: 240 ohm.
За син дисплеј: 180 ohm.
-
може да врзам батерии па да добијам околу 12 волти, и ако ги намалам отпорниците до кај 150 ома може ли да прегори микроконтролерот, дека ако прегори жив ке се изедам 400 ден го платив хх :)
-
батеријата многу малце ке ти трае... дека ЛЕД дисплеите многу струја трошат...
-
дека сакам дома да го ставам на ѕид и мислев помало да биде ама изгледа ке треба да го напојувам од 220 градска мрежа, ама се разбира не директно хаха ;D
-
јас со моиве големи ЛЕД дисплеи правам нешто.Исто саат само на 12волти.Ти пробај одвој ги сегментите со БД139 или со БД140.Така како што јас правам,ако си видел на шемата на ЛЕД дисплејот(за натпревар што ќе го правиш) така ќе му дојде,дека тоа се многу диоди и да не прегори микроконтролер стави БЦ транзистор и послем него БД140.Јас еве го и мојот часовник,ќе биде за набрзина готов.Дисплеите работат на 8-12волти,но јас ќе ги терам на 10волти(може и 9) ;D
-
ок сколс знам за тебе, иначе како што реков прво да ги сменам отпорниците па после другото хх :)
-
кај нас во ПТТ има голем часовник(истиот за што зборуваме) и тој е со 8 диоди по сегмент.Ти колку диоди користиш за еден сегмент?
-
горе доле и средина по 5 диоди а страничните по 4 диоди :) )
иначе ова е шема од емитер како што правеше ти, а тој во школо од емитер е ?
-
да,да затоа ти пишав за истиот зборуваме :D
-
имам проблем со температурата постојано се накачува, и вече стигна до 79 степена :S
извинете за офф
-
имам проблем со температурата постојано се накачува, и вече стигна до 79 степена :S
извинете за офф
Епа зголеми ја вредноста на отпорниците ;).
-
ке го средам тоа деновиве, битно дисплеите да ги направам хх :)
-
Само што направив саат со датум и температура ама проектот беше предвиден за мали 7 сегментни дисплеи, бидејки сакав поголеми направив со диоди големи дисплеи таман за дома....најдов шема дека може појако да светат диодите ако се стави CD4050 но ништо од тоа, нормално си ги поврзав секој сегмент на излез од микроконтролер и тие светат многу слабо, има отпорник на секој сегмент од 390 ома...па како да направам појако да светат диодите? дали да ги намалам отпорниците или ? ???
иначе ставив појаки транзистори BD140 и ништо, па ги вратив старите BC547 ама пак слабо :S
ај колеги ве молам за помош :)
По која шема го имаш правено проектот ?
-
http://emiter.com.mk/prethodni.php?godina=2005
овој проект :)
-
го направи ли?Смени ли отпорници?
-
реков дека деновиве ке ги средам не сум машина сепак :)