Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Ivan- on 18.01.2016, Monday, 03:50:44

Title: Проблем со Fuego FG32/3202
Post by: Ivan- on 18.01.2016, Monday, 03:50:44
Здраво,
Имам проблем со меморијата на Fuego FG32/3202. Телевизорот го имам година дена. Додека беше под гаранција 4 пати го носев во овластен сервис за истиот проблем, после неколку месеци користење на телевизорот му се празнеше меморијата. Од сервисот не сакаат да го пријават тоа како фабричка грешка и упорно твдеа дека јас сум го создавал проблемот. Проблемот го решаваа за неполна минута со употреба на софтвер кој што ја враќа меморијата во првобитна состојба. Јас најдов неколку софтвери на интернет за Fuego меѓутоа не и за мојот модел.
Би ве замолил доколку некој знае да ми каже каде можам да го најдам софтверот.
Title: Одг: Проблем со Fuego FG32/3202
Post by: Toma on 18.01.2016, Monday, 14:28:22
Под претпоставка дека би имал точен податок, прашањето е како ќе го решиш, под услов да не си сервисер и немаш потребен „алат„ .
MB (матична плоча) има ознака и таа треба да се поклопува со ознаката од твојот ТВ, во спротивно нема да работи. Мој предлог е побарај си друг сервисер ако немаш доверба во досегашниот.
Еве софтвер на овој линк!
Code: [Select]
http://www.dioda.net/forum/download/file.php?id=6049