Штом не сака да ти ја пали плочата, графичката картица има некаков спој на неа...Најчесто страдаат мемориските чипови, но по твојов опис таа дефинитивно преминала...Слободно можеш да ја фрлиш, бидејќи времето кое ке го потрошиш да ја поправиш, а никогаш нема да успееш во тоа, е многу поскапо.
+ незнам од каде ви е идејата за печење на графички картици и останат хардвер и кој ви ги дава тие совети кои се крајно и максимално опасни по вас и вашето здравје...? Можеби си заборавил масло, шаргарепа, магдонос и други зарзавати да и ставиш во текот на печењето, па затоа и не ти работи а?...
Луѓе, не си играјте за 500 денари колку што вреди графичкава, а може да направите беља огромна...Прво врз шпоретот а потоа врз вашето здравје...Не дај боже да пукне некој електролит, слободно ке може ралната да ја фрлите во контејнер, а недај боже по печењето да ја извадите па тоа да се случи недај боже додека ја држите во раце...
Стварно не ми е јасно како печете плочи во места каде што се спрема храна, а и е наменето за спрамање храна...Ке се отруете еден ден...
А и да успееш да поправиш ладен лем на тој крајно небезбеден и максимално опасен начин, тој за кратко време повторно ке се појави...
Мој најдобро намерен совет е да ја фрлиш графичкава и ако баш толку многу ти значи купи си една од пазар3 за 500 - 600 денари и бркај работа...