Author Topic: Потрошувачка на електрична енергија  (Read 1251 times)

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Потрошувачка на електрична енергија
« Opened on 16.11.2015, Monday, 00:33:02 (Edited 17.11.2015, Tuesday, 15:23:11) »
Можеби веќе има нешто слично на форумов но не успеав да пронајдам. Темава ја отворам од причини што за истиот проблем од повеќе електричари сум добивал различни одговори  :o. Ме интересира следново: Имам 50 или 70 литарски бојлер незнам точно. Пред околу една година и повеќе ми цркна греачот и го заменив со нов. Постоечкиот греач кој го заменив беше 3000 вати, ист со иста снага не успеав да најдам па ставив греач од 1500 вати. Прашањето е, дали со ваквата замена се зголемува потрошувачката на струјата или не? На ова прашање како што кажав погоре сум добивал различни одговори. Едни електричари кажуваат дека тоа нема врска со потрошувачката со образложение дека ако водата во бојлерто со стариот греач се загревала за пример 30 минути со новиот греач ќе се загрева за 60 минути и не се зголемува потрошувачката односно би било исто, дедека од други сум добивал одговор дека со ваквата замена сум направил голема грешка, се зголемувала потрошувачката и ме советувале веднаш да го исфрлам. Праксата кај мене покажува дека потрошувачката е зголемена но заради ваквите одговори не сум сигурен дали е од греачот или посреди е нешто друго, пример можеби кражба или некој уред ми е во квар па повеќе влече струја или некаде струјата се губи во заземјување, земја, незнам. Заради ваквите добиени одговори барам и ваше мислење и совет што да правам дали зголемената потрошувачка се должи на ваквата замена.
(За појаснување, неколку другари кој работат во ЕВН биле кај мене го проверувале саатот и констатирале дека кражба нема и дека саатот е исправен ми ги проверувале уредите нема неисправни).
ПС. Администратори или модератори, се извинувам ако темава е во несоодветна рубрика и ако е така преместете ја каде што му е местото. ;D

Offline MilerovEfekt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 176
Одг: Потрошувачка на струја
« Reply #1 on 16.11.2015, Monday, 02:08:02 »
Доколку грејачот е 1.5kW тогаш тој е _послаб_ во однос на претходниот. Потрешувачка на струка се мери во kWh т.е. во единица мерка ЕНЕРГИЈА што е моќност по единица време. Доколку сега бојлерот ти стои уклучен 3 пати повеќе од претходно, тогаш да - потрошувачката се зголемила. Доколку бојлерот е уклучен исто времетраење како претходно - потршувачката е намалена.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Потрошувачка на струја
« Reply #2 on 16.11.2015, Monday, 08:41:32 »
Потрошувачката е зголемена затоа што бојлерот се полни подолго и за тоа време се само-лади повеќе :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Потрошувачка на струја
« Reply #3 on 16.11.2015, Monday, 20:04:54 (Edited 17.11.2015, Tuesday, 00:00:21) »
Струјата ( I ) може да биде било која вредност во зависност од потрошувачот (W, kVA) и приклучениот напон ( U ).  Затоа мислам дека насловот на темата треба да гласи „Потрошувачка на електрична енергија“ (ако веќе преферираме да сме „технички“ форум).
Само мое гласно размислување!

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Корегирано ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Здаво,
Како прво дали демонтираниот греачот 3000 вати беше чист или имаше бигор на него?
Сите нови електрични уреди за домаќинство имаат тенденција за намалување на потрошувачката, односно да одат во класа на ефикасност А. Дури и со закон се забрани да се произведуваат правосмукалки појаки од 1600 вати. математички гледано потрошувачката треба да е иста,има мали нијанси на потрошувачката во однос на местоположбата на бојлерот, ако местото зимно време е ладно побргу ќе ја “губи“ топлината, но тоа е занемарливо. потребно е еден стар струјомер да се поврзе преку него да се напојува бојлерот и да се провери електричната потрошувачка, но ќе мора да се спореди и со ист таков со греач на 3000 вати.
Ако броилото ти е достапно измери за 10сек колку импулси односно трепкања ќе направи лед диодата, па истите помножи ги со 6 за да добиеш вредност од минута време, па добиениот резултат повторно помножи го со 60 за да видиш колку трепкања има за еден час.
1000 трепкања се 1kWh. ти би требало за еден час да имаш 1500 трепкања.
Оваа математика важи за другите уреди да не влијаат на пресметката да се исклучени, светилки, ТВ, фрижидери др. Исто имај во предвид дека ниеден греач ја нема идеално таа снага, сите имаат отстапување +- 5%, зависи која смена е правен  ;D
поздрав