Author Topic: Помош околку избработка на инвертор 12V во 220V  (Read 2286 times)

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
Помош околку избработка на инвертор 12V во 220V
« Opened on 29.07.2014, Tuesday, 01:36:13 (Edited 02.06.2016, Thursday, 00:36:42) »
Заинтересиран сум за (избор), изработка на инвертор 12в во 240в. На форумов разгледав најразлични шеми.

Пред да почнам со избработка на некој од нив сакам да разјаснам некој нејаснотии за истиот (принцип на работа) и избор на компоненети кои што се потребни . :)

Ме интересира следното:

1. колку ампера (најмалку) треба да биде акумолаторот (батеријата) за да може инвероторт да го инвертира напонот и направи 220в?

2. какво трафо е потребно да се постави после електрониката за добивање на напон од 12в на 220в? (дали трафо 220в во 12в AC можам да искористам за добивање од 12 во 220в) ?

3. од што зависи моќноста што можам да ја приклучам на излезот од инверторот? пример за инвертор од 500W треба да барам трафо од 500W?

која шема би ми ја препорачале за инвертор од 500W?

нешто како оваа
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/500W-500-WATT-12V-DC-to-220V-AC-Car-Truck-Boat-Power-Inverter-HK-/360559945899?pt=US_Power_Inverters_&hash=item53f30c28ab
loading...

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
А да пишеше за што ќе го користиш...
Излезната снага зависи од излезните транзистори и излезниот трансформатот, како и од максималната струја што може да ја даде акумулаторот. За овие ситуации има посебни акумулатори т.е. стационарни акумулатори со голем капацитет и со мала максимална струја. Ако ти треба за сијалица лемилица решо па најверојатно и за лаптоп може и сам да си направиш некоја поедноставна.
Трансформаторите претежно се 9-12:220

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Јас мислам дека од 25 долари поефтино нема да те фати да го направиш, затоа не се мачи, барем вака ќе го имаш спакувано во убава кутија и ке работи. Еден познаник правеше  вакво, многу често му гореше трафото, така да не се исплати да го правиш, јас барем така мислам :)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Не ти се исплати да правиш вакво нешто. Порано се правеа, ама немаше готови да купиш. Сега има фабрички со таква цена што тешко дека ќе ја постигнеш во самоградба - освен ако имаш на располагање трафо и моќни транзистори, или пак ако сакаш да експериментираш. :)

Доколку сепак се решиш, околу твоите прашања:
1) Околу амперажата на акумулаторот, за да добиеш 500 вати на излез треба 500/12 = ~42 А струја да може да даде акумулаторот, што би значело акумулатор со капацитет од најмалце 5-6 Ah, но ова е апсолутен минимум така да би ти препорачал дупло поголем или повеќе
2) Трафото (во најголем број на шеми) е 2х12 : 220 волти, односно со среден извод на примарната страна.
3) Моќноста треба да е онаа која ќе се користи - значи во твојот случај 500 W.

Инаку фабричките се ефтини затоа што работат на некој друг принцип, (незнам како, ама сигурно тој од линкот што ти е нема во него 500 ватно трафо.. ;D ;D)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Многу зависи од намената... Ако е за сијалица на пример фрекфенцијата и не е толку битна така да може да се направи со тл494 и мало феритно трафо.. ако е за помала брусалица на пример ќе мора да има коло за заштита и мек старт за брусалицата.. ако е за покревање на некој синхрон мотор многу е важна фрекфенцијата.. Ако е за универзална употреба подобро да купи од овие кинескиве, некое као демек 2000 вати што уствари е 300 вати реални.
Исто така и акумулаторите, ако е за моментална употреба, за некои 5-6 секунди работа па потоа да се полни 3-4 саати, може акумулатор од кола, ако е за долготрајна употреба треба стационарен(дип сајкал) акумулатор што може да поднесе струја од 50А 20-30 минути а потоа да се полни 10-тина саати. Ако е за напојување на компјутер може да се искомбинира некој упс со додатен акумулатор кој ќе држи 15-20 минс а потоа сам ќе го полни акумулаторот.
50 ампери од џекчето за електрична запалка? многу е апсурдно... цела иинсталација може да се запали...

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Да се сложувам со ова сега се евтини.Еве и по прадавнициве за електроника ги има у ГАЦ има вакви и не се лоши.Точно е поевтините немаат во општо никакво трафо.Работат сега новиве со MOSFET-ови и тоа со некој посебен вид не сум сигурен дали се демос или друг не ме држете за збор и работеле со посебен вид импулсна модулација.Можеби некој знае како работат подобро нека пише.Но нема врска во секој случај не се исплати ако е со поголема моќност да го правиш.Ако е на пример само за лаптоп може некоја мала шемичка да си направиш од интернет полначот не бара којзнае колку голема снага.За што планираш да го користиш. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Сега го загледав...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12518.msg108581;topicseen#new
можи ќе паднит некој договор
nsu ако немаат трафо најверојатно имаат калем, како се викаа сет ап волтаге некао мислам... значи во даден момент калемот е кусо споен со батеријата, во следен момент е споен со потрошувачот. Имаат големо електро амгнетно загадување и не би го препорачал за лаптоп или аудио уред. Прекидачите најверојатно се иргбт-најнова генерација..

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
.... Ако е за универзална употреба подобро да купи од овие кинескиве, некое као демек 2000 вати што уствари е 300 вати реални.
....

Хахах.. ;D

Не се до толку ...
Јас гледав едно клипче на Youtube сега не можам да го најдам, еден тип тестираше 500 ватен инвертер  и му приклучуваше сјалици од 100 W, една по една.. Успеа да приклучи 3 сјалици (значи 300 вати) и на четвртата му исклучи (се уклучи заштитата на инвертерот) така да некоја ориентација ако може да се каже е повеќе од половина од декларираната моќност да не очекува  :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
добро де така е зборот...

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
Колкава е максимална струја што може да помине во приклучокот за запалка од 12в во автомобил?
loading...

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Колкава е максимална струја што може да помине во приклучокот за запалка од 12в во автомобил?
ограничена е на толку-колку што е осигурувачот. :)

Offline DimitarMK

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Најчесто од 10 до 20A, секако осигурачот е димензиониран спрема жиците кои одат до приклучокот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
на истиот осигурач се и радиото, може и уште некој утред, така да види колку останува. Најдобро ти е од акумулатор директно со осигурувач и филтер, најчесто изграден од 2 кондензатори и и една намотка. Често овој филтер го имаат самите претворувачи, но доколку станува збор за некој поефтин, се сомневам.