Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: toni_pl on 19.01.2016, Tuesday, 19:13:39

Title: Мерење на висок напон
Post by: toni_pl on 19.01.2016, Tuesday, 19:13:39
Ми треба шема за мерење на висок напон 6 киловолта
Title: Одг: Мерење на висок напон
Post by: GigaWatt on 20.01.2016, Wednesday, 00:54:17
Најпросто е со напонски делител 1:10. Ќе си ги подесиш отпорниците да го имаат тој однос и мери на излезот. Се што ќе добиеш, ќе множиш со 10 и ќе ја добиеш вредноста во KV ;).
Title: Одг: Мерење на висок напон
Post by: DX-er on 20.01.2016, Wednesday, 01:28:17
Може најдоборо да си купи готова високонапонска сонда, сепак се работи со висок напон кој е опасен по живот.
Title: Одг: Мерење на висок напон
Post by: didy on 21.01.2016, Thursday, 17:40:09
Од каков уред ќе мериш висок напон?
за индикација или за волтематар?
нема играчка со тоа,и не е препорачливо за аматерска изведба освен ако имаш добро познавање од таа област, и секако соодветен материјал за изградба на сондата.   :)
Title: Одг: Мерење на висок напон
Post by: toni_pl on 02.02.2016, Tuesday, 11:04:42
   Одбив се.Исках да мери напонот на сијалицата против комари.Благодаря!
Title: Одг: Мерење на висок напон
Post by: BorceBT on 02.02.2016, Tuesday, 16:43:26
Толку висок напон може да се мери само со каскада од помали отпорници во серија и на крајот отпорник со мала вредност
Title: Одг: Мерење на висок напон
Post by: didy on 04.02.2016, Thursday, 20:51:46
   Одбив се.Исках да мери напонот на сијалицата против комари.Благодаря!
Тоа може и емпириски, бидејќи поврзувањето на диодите и кондензаторите е за множење на напон. со 1.41 мислам дека е околу 1600волти прав напон на жиците.