Здраво .
Покрај електрониката , голема опсесија ми се и радио командувани модели , па мислам дека би било интересно да споделам со вас една од моите последни изработки . Станува збор за двоканална едрилица , која е одлична за почетници во ова хоби ( со можност за доградба , односно додавање намотор и дополнителни команди на крилата )
Едрилицата целосно е изработена од балза и покриена со јапан хартија
карактеристики :
распон на крила = 1800 мм
должина = 950 мм
тежина 450 - 550 гр.
еве неколку слики од изработката
коплетно исечени делови
вертиален стабилизатор
комплетно завршен вертикалец
хоризонтален стабилизатор
составени вертикалецот и хоризонталниот заедно
поставување на спојки на стабилизаторите за поврзување со флапот
комплетно изработено крило
изработка на трупот
покривање од доле
комплетно изработено тело
подготовка за изработка на кабина
изработка на стаколото за кабина
комплетно готова кабина спремна за монтирање
финален изглед на кабината монтирана на телото
изгед на скоро завршена едрилица
комплетно завршен модел покирн дотеран ишмирглан спремен за фарабње
после фарбање
комплетно склопен
со пробни ознаки
Иначе моделот има повеќе варијации , односно може да се изработи и во верзија со мотор , како и со команди на крилата ( алерони )
Се надевам дека ви се допаѓа