Author Topic: Изгубено далинско за отклучување  (Read 862 times)

Offline Mixajlo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
значи колата е вектра 99 и ги изгубив далечинските. да ми каже некој како да ја отстранам старата централа, имобилизаторот и да си монтирам нова. Или ако некој знае уште поубаво да ми каже каде да најдам нови далечински и да ги програмирам :)

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Најдобро ти е да се обратиш кај сервисерите и автоелектричарите од твоето место.
Најдобро тие ќе ти објаснат. Сепак, можеби има таков на форум шо ќе ти помогни.
Добредојде на форумот и се надевам дека ќе имаме одлична соработка.  ;)
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Прво кажи дали ти пали колата ако не пали ке треба да се трга имобилајзерот ако си пали нема потреба.Вектрите си мислам дека немаа заштита преку далинските туку имаат код во кључот кој имобилајзерот го чита.

Ако колота пали,нема потреба да се трга постоечката централа се монтира нова да ја купиш чини околу 1000 ден со две далечински или пак од опел да си купиш нови далечински па да се испрограмираат на постоечката централа ама ако купуваш од опел ке ти испадне многу поскапо

Offline filipmkd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
А ако во случај не можеш да ја отклучиш ке земеш ке запалиш весник под колата и самата ке се отвори затоа што имаат заштита од пожар

Offline Mixajlo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
значи има имобилизатор ама немам проблем со палењето. си пали не се активира имобилизаторот. мегутоа знае да се вклучи алармот(сирената е исклучена, така да само жмигавци ми светат) ке дадам контакт на клучот и се гаси. единствено проблем ми е тоа што имам брава само од десната страна така да морам да отклучувам и заклучувам од совозачката страна. Ако некој има шема за како да го отстранам алармот и имобилизаторот, да си ја монтирам новата централа би било супер. инаку ке изгубам цел ден со наогање жици :)

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Вака имобилајзерот има електроника најчесто под воланот кој го чита кодот од клучот и му дава информација на моторниот компјутер (ECU) кој е кодот и ако е правиот код компјутерот прпработува ако не неможеш да ја запалиш нема искра на свекица или ги гаси инџекторите ако ја остраниш електрониката под волан која го чита клучот нема никогаш да ја запалиш колата ако не се тргне имобилајзерот од моторниот компјутер тоа се прави софтверски со репрограмирање на Epromot ,си мислам дека вектрата има посебна електроника за централното и алармот не е заедно со имобилајзерот треба нејзе да ја извадиш и да ставиш друго централно сега точно незнам кај стои битребало да е под волан ако неможеш да ја најдеш следиги жиците кој искачаат од бравата на вратата

Друго ако можеш помини до некој кој растура вектри и побарај некое  старо далечинско и пробај да го испрограмираш лесно се програмира даваш со клучот контакт и стискаш на далечинското може да успее да проработи

Offline Mixajlo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
ќе проверам за некој ден па ќе ве известам